|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Мамо, раскажи ми приказна!
23.7.2013 18:40:39   
Martins mom
И ние сме вљубеници на убавиот пишан зборuser posted image Ги сакаме и почитуваме сите сликовници и имаме скромна библиотекаuser posted image , ама нека ми простат сите автори, ама син ми најмногу ги обожава новокомпонираните, приказни што ги создавам (измислувам) јасuser posted image user posted image . Секоја вечер пред спиење смислуваме по некоја новаuser posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Мамо, раскажи ми приказна!
23.7.2013 22:40:10   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR

Еднаш добивме една книгичка Јованче и Марика гратис, исто и како сложувалка е, и таа во последно време му е интересна демек сложуваме слика, ама и бара да му ја читаме. Освен оној дел кога бабичка сакала да го изеде Јованче. Такви работи измислуваме нешто друго и воопшто бираме што му читаме сега за сега. Против сме приказни со човекојадци, вештерки, баба-роги и други ликови и методи за заплашување.

Ние ја имаме Јованче и Марика во оваа големава сликовница, ама сеуште и ја немам прочитано целосната верзија. Некако и делот со маќеата кога го убедува да ги остави децата во шумата ми е премногу.user posted image Попрво би и кажала дека вештерката ќе го ручка Јованче - некако на смешка, како кога ние се задеваме, јас и велам - ќе те ручкам дете, ама ова дека таткото ќе си ги остави децата сами во шумата, е тоа па ич не ми оди да го раскажам на мало дете.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Мамо, раскажи ми приказна!
23.7.2013 22:56:55   
Bethany
Е ова кај нас е некоја скратена верзија user posted image
Приказна во пет реченици, отидоа во шумата , случајно се оддалечија, па ги поканила бабата во куќата и го фрлила Јованче во зандана да го згоји и да го јаде. Ептен канибалистички user posted image
И никогаш не би ја купили таква книга сами, да не ни е дадена гратис. Не се што е во понува, и навидум полезно, ете демек книга е па добро е да се чита, е добро. Подобро да му раскажуваме приказни, тој е мал сега да може да слуша приказни без визуелизација хехе, ама барем ете од сликите што ги гледа на книгата може да се измисли приказна.

А исто многу сака да му раскажувам за така секојдневни работи што ги гледаме... пример го гледаме кранот што работи на зграда и јас му опишувам што прави, како прави, па сите багери и цементари и пропратни елементи ги вклучам во приказната и тој слуша , заинтересиран е, ама јас па снемувам инспирација и почнувам пак од почеток user posted image
Па потоа секој нареден ден, некогаш и повеќе пати во денот тој покажува на истото и бара пак да му зборувам за тоа.
Добро, тој не зборува баш, ама затоа е добар слушател хехе. И има добра меморија, белки ќе дочекам еден ден тој на мене да ми ја прераскаже. user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Мамо, раскажи ми приказна!
23.7.2013 23:29:39   
Felly RR
Па така некако и јас ја раскажувам. А баш во средина на сликовницава е Јованче и Марика, никако не можеш да ја прескокнеш. user posted image Другите приказни се горе-долу ОК.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Мамо, раскажи ми приказна!
24.7.2013 9:17:33   
sandriana RR
Нашите приказни се од оние измислените - сликовниците се уште нема трпение да ги читаме, освен Црвената Кокошка user posted image . Понекогаш ги разгледува сликовниците и поставува прашања по сликите, ама најчесто се задржува на најситните детали - пр. на пилињата, коњчето, водопадите, бубамарите и сл. Оние суштинските ликови баш и не и се интересни.
Во сликовницата за Црвенкапа има слика каде бабате седи и плете, и има нацртано маче како игра со волницата. Е токму мачето е главе лик од таа слика за ќерка ми user posted image . И веднаш од мачето се развива нова приказна.
Исто поставува прашања во врска со анимацијата на песничките од јутјуб, па и по нив правиме приказни. А потоа таа самата ги раскажува уште мал милион пати, со сите пропратни звучни ефекти user posted image
Се надевам за кусо време ќе ја интересираат и вистинските приказни, па ќе им правиме и на нив варијации на темата user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Мамо, раскажи ми приказна!
24.7.2013 9:24:18   
AneLav RR
Леле и јас вчера сакав да искоментирам за оваа приказна. А бе катастрофи „мајка им и татко им биле многу сиромашни и имале денови кога немале што да јадат и решиле да ги одведат во шумата и да ги остават таму“. Мислам, замислете да ве чуе после ова детето како зборувате дека немате пари. Кој го пишел ова или преводов на ТОПЕР им е лудница.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Мамо, раскажи ми приказна!
24.7.2013 9:29:52   
Yummy Mammy
I moite prikazni se takvi - Ivica i Marica se izgubile vo sumata sobirajki drva, i babata gi nasla, gi zatvorila da i bidat slugi i da i pomagaat po doma user posted image I Snezana isto, losata kralica go viknala lovecot i mu rekla: da ja izbrkas Snezana nadvor od kralstvoto, i lovecot ja odnel vo sumata i i rekol "begaj Snezana, begaj daleku i nikogas poveke ne se vrakaj, kralicata e losa i saka da te povredi" user posted image

E ama koga pogolemata kerka trgna vo gradinka pocna da se pravi pametna i mi vika: "znaci mamo nisto ne znaes, kralicata mu rekla na lovecot da i go donese srceto na snezana vo edno kovcedje..." vikam: e od kaj znaes? -"pa ucitelkata taka ni kaza, vo nejzinata kniga, taka e." user posted image

Znaci u gradinka im gi citaat epten hard-core user posted image A i makea nauci sto e vo gradinka, mene nekako ne mi se objasnuvase, polesno mi bese da i kazam deka Pepelaska ziveela so nekoja losa tetka

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Мамо, раскажи ми приказна!
1.8.2013 20:24:55   
miana

ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

И јас се чудам како да ли да и ги пренесам моментите како - вадење на срцето на Снежана од страна на ловецот,за некои духови,за отровни јаболка,за лоши самовили што колнат и сл. Некако и јас ги преиначувам user posted image



еве го нашиот муабет

Бајките на браќата Грим се далеку од тоа што денес се смета за прифатливо, и да беа видео игри досега сигурно ќе беа забранети, анализира БиБиСи.

Британскиот медиум нагласува дека веќе некои академици тврдат дека зад тие невини наслови се кријат мрачни приказни за секс и насилство, приказни за убиства, касапење, канибализам, убивање деца, инцест...
Грим пишуваше пред 200 години, во еден тотално поинаков свет, а нивните бајки, како Црвенкапа, Пепелашка, Иванче и Марика и Снежана се преработувани безброј пати. Беа „дизнифицирани”, станаа главни ликови во стрипови, па и во изданија за возрасни.
„Сепак, во оригиналот, тие се далеку од слатки бајки”, пишува БиБиСи.
Харвардската професорка по германски фолклор и митологија, Марија Татар вели дека тоа се политички некоректни приказни, полни со секс и насилство.
„Во Снежана, маќеата ги бара белите дробови и црниот дроб од 7-годишното девојче, кое ловецот го води во шума. Тоа е застрашувачки. Во Пепелашка на двете полусестри им ги сечат петиците и прстите. Некои историчари овие приказни ги нарекуваат порнографиите на старото доба”, вели професорката.
Според неа, новите верзии на Снежана ја извлекуваат перверзната сексуалност на приказната, заради што треба да се класифицираат во филмови за возрасни.
И покрај тоа што бајките се приказни за доброто и злото, во кои има јасни граници и поуки, сепак тоа не е тоа што ги прави толку популарни приказните на Грим, наведува БиБиСи. Имено, лекциите за моралот никогаш не биле забавни, за разлика од крвавите и возбудливи приказни. Ова посебно важи за децата.
Една анкета од 2012-та година покажала дека многу родители на своите деца намерно не им раскажувале некои од приказните. Конкретно Пепелашка ја избегнувале затоа што била лош пример за девојчињата на XXI век, бидејќи Пепелашка по цел ден 'рмбала по дома.
„Иако некои деца сакаат мрак и хорор, никој не сака кога ужасот станува премногу реален. А, децата знаат дека сето тоа е фантазија”, заклучува БиБиСи, додавајќи дека приказните на браќата Грим помогнале да се стопира забраната на некои видео игри во САД.
Врховниот суд во САД потврдил пресуда базирана на аргументот: „бајките на Грим навистина се мрачни, но никој никогаш не ги забранил”.

извор - Он.нет

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Мамо, раскажи ми приказна!
28.9.2013 16:42:29   
deluxe
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

Denovive prostrui komentar deka prikaznite so koi nie kako deca izrasnavme se stetni za detskata psiha...denes na edna od televiziive povtorno istata tema,kako loso vlijaele za detskata psiha,kako imalo nasilstvo od tipot losata kralica naterala da bide ubiena Snezana,pa volkot ja izel crvenkapa i babata,pa pepelaska samo cistela i bila pretstavena kako robinka,tatkoto na Jovance i Marika pokazal totalna negriza bidejki gi ostavil decata vo sumata i red drugi raboti...
Od komentarite na roditelite nitu eden ne kaza deka prikaznite se losi i negativni za razvojot na nivnite deca,duri eden kaza deka ne e do prikaznata tuku do nacinot na koj raskazuvacot ja prezentira prikaznata so sto najvekje so nego se soglasiv...
Imame doma premnogu knigi i prikazni,od koi i gorenavenive i mozam da kazam deka kerka mi gi obozava,i sekogas koga doagav do delot na smrta,losiot volk,losite vesterki sekogas i go kazuvav toa na podrug-poblag nacin i nikogas jas kako raskazuvac ne pokazuvav strav ili so strasen ton go raskazuvav toa ete od pricina da ne pocuvstvuva deteto strav,tuku da go prifati toa normalno bez nikakvi ponatamosni posledici....

Sto mislite vie za ova??Dali se soglasuvate deka negativno vlijaat prikaznite vrz decava??kako vie gledate na tie delovi od prikaznite,iskustva vasii so vasite deca..






ИЗВОРНА ПОРАКА: deluxe RR

Овие приказни уште ги нарекуваат детски хорор,и навистина така делуваат врз детската психа.Но со нив пораснавме и ние и нашите деца.Се сложувам со тоа дека многу зависи од начинот на кој раскажувачот го пренесува тој дел врз детето.Сепак детската психа е многу нежна и поради тоа детето некои настани толку ги сфаќа сериозно што може да предизвикаат страв и паника во детското главче,поради тоа јас лично многу ,многу не им ги нудам,а доколку морам да им ги раскажувам ги раскажувам со мои зборови,и го изменувам тој хорор делuser posted image
Сказните од Браќата Грим најчесто се со ваква содржина




_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Мамо, раскажи ми приказна!
29.9.2013 15:50:20   
AnnaMolly RR
Деловите каде што ловецот треба да ја убие Снежана или слично ги рипам, си ги модифицирам.
Најстрашна сликовница до сега што ја имам купено е Пинокио, хорор до хорор од реченица во реченица. Ја скрив во фиока и се чудам зошто ја чувам, до сега требаше да ја фрлам.
Инаку, поретко читаме/раскажуваме вакви приказни, сега е во фаза со измислени ликови.
Ми вика „Мамо, раскажи ми ти кога си била мала и баба кога ти купила кифла“ и јас мелам, измислувам :)

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Мамо, раскажи ми приказна!
29.9.2013 20:26:51   
Mihaela 2010
Ми вика „Мамо, раскажи ми ти кога си била мала


Eh isto i nie...site slucki i desavki sto gi imav kako dete mi gi znae,i obavezno pred spienje i raskazuvam za sebe,za drugarkite moi i mislam deka pena mi ima fateno ustava a ona gi znae vekje na pametuser posted image

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Мамо, раскажи ми приказна!
30.9.2013 9:54:17   
AneLav RR
Мојата верзија за Јованче и Марика е следна:
Јованче и Марика многу сакале да јадат чоколадо, а мајка им и татко им, им давале само по едно животинско и тие решиле да си купат сами и се загубиле во шумата. И така оделе оделе оделе и стригнале до една куќичка целата од чоколадо и почнале да ја јадат и дошла лошата баба со црното маче и им рекла „Вие многу сакатре да јадете чоколадо?“ Тие рекле„Сакаме“. Е сега јас ќе ве изедам вас ам-ам -ам -ам. На ова посебно се смеат затоа што се уште не разбираат за што се работи инаку сигурно би следеле многу прашања.user posted image

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Мамо, раскажи ми приказна!
30.9.2013 11:39:50   
Maria
И. многу сакаше,уживаше кога му раскажував приказни,било да се измислени,да му читам, или да му раскажувам, што сме правеле ние кога сме биле мали.user posted image
За разлика од него А.,кога му читам или раскажувам, тој скока по креветот,си игра тогаш со играчките,прави се,само не седи мирен.user posted image
Кога тргна во градинка викам леле како ќе бидеме.user posted image Ништо не го интересира детево.user posted image
Напротив...user posted image од градинка многу ми го фалат, најмногу слушал кога им читале приказни и потоа сите прашања ги одговарал,демек најмногу знаел.user posted image
Ова изгледа како фалење,но навистина.Се зачудив дури.user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Мамо, раскажи ми приказна!
30.9.2013 12:27:33   
vezilka RR
Кај нас за раскажување приказни е задолжен тато. Јас читам, а раскажува тато. Во моментов хит на Никола му е приказната за крал Артур. Еднаш му ја прочитав приказната, и бидејќи има меч во приказната, нормално му е омилена. И сега тато секоја вечер пред спиење му ја раскажува.

(Одговор на членот Maria)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Мамо, раскажи ми приказна!
30.9.2013 23:19:48   
Snowhite RR
Леле кога ќе ја слушнам оваа реченица коса ми се креваuser posted image , ова мислам навечер, после напорен ден едвај чекам да легнам а тој не заспива додека не раскажиме приказна, ама сама сум крива, јас сакав да ја сака книгата. Имаме многу сликовници, а исто така и едукативни книжулчина, приказните за Снежана, Црвенкапа и сл, ги модифицирам или прескокнувам лошите делови.
Е сега и тој имаше еден период кога на пример ќе ми речеше Ај сега кажи ми за .. и ќе се подума и ќе види нешто пред него и ќе ми речи „за вратава“user posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Мамо, раскажи ми приказна!
1.10.2013 9:43:28   
Палешка РР
Леле Миа воопшто не сака да и раскажувам приказни досадно било user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Мамо, раскажи ми приказна!
1.10.2013 10:48:39   
Carrie RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

Леле Миа воопшто не сака да и раскажувам приказни досадно било user posted image


user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Мамо, раскажи ми приказна!
1.10.2013 18:07:47   
mommy_angels RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

Леле Миа воопшто не сака да и раскажувам приказни досадно било user posted image

Ова твојава работа да не знае човек дали да се радува или нервира user posted image user posted image user posted image , а се си мислам дека и мене ме чека истото user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Мамо, раскажи ми приказна!
15.11.2013 16:27:44   
Lacrymosa
Почнав демек на бебчето мое да и раскажувам приказни.. Пепелашка жив баксуз: мајка и умрела, спиела в ќумбе, семејно насилство и сл, снежана уште бетер; семејно насилство, канибализам и слични ствари... и си ставив прстот на чело.. што мелам уствари ... приказниве мене би ме префркнале, а не дете.. Среќа што е бебе па не разбира ама ги скокам тие делови...
Татко и и раскажува пофини приказни и секундарно ја смируваат: за Луј Пастер, Александар Флеминг, Никола Тесла.. барем нема канибализам и семејно насилство

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Мамо, раскажи ми приказна!
15.11.2013 17:57:27   
sandriana RR
Леле Лакримоса, бебулево научник од мали нозе го спремате user posted image Секоја чест за тато user posted image , ептен е уникатен user posted image

Тина бидејки е веќе во возраст кога почнуваат да ја интересираат приказни, свесно и совесно ги одбегнувам Гримовите и другите добро познати сказни, туку по сликовниците ги раскажуваме во нејзина верзија - онака као што се илустрирани и како ги доживува самата. Не им ги знае се уште имињата на принцезите и другите главни ликови - сега ги поднаучуваме user posted image
Сепак, пред заспивање најомилени ни се сеуште самоизмислените песни и приказни, кои ги вклучуваат познатите ликови од градинка и животните user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Lacrymosa)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Мамо, раскажи ми приказна!
21.2.2014 9:53:44   
princessa
Kerka mi ima navika da bara prikazna pred spienje i toa najcesto gi bara Crvenkapa, Pepelaska, Snezana i 7te djudjinja i Volkot i 7te jarinja. Nekogas neznam kako da gi interpretiram zasto vo site niv ima negativni likovi, nastani. negativni cuvstva itn. Kako da i kazam sto e omraza, podlost, smrt i dr.negativni pojavi sto se nametnati vo ovie prikazni. Nie sme porasnale so ovie prikazni ama mene ne mi se dopagaat sega koga jas ja imam ulogata na vospituvac na deteto, zasto nesakam uste od malo da znae za ovie raboti, ne sakam. A plus kako da i objasnam nekogas nesto sto e apstraktno?
Najcesto gi skokam negativnite raboti kako na primer deka nekoj umrel i slicno i gi pretstavuvam poinaku. A kerka mi pak od zbor do zbor gi znae prikaznite, onaka kako sto sme gi raskazuvale..

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Мамо, раскажи ми приказна!
28.2.2014 2:07:41   
Defne90 RR
И ние понекогаш раскажуваме пприказни не пред спиење туку така најчесто кога ќе му биде ептен здодевно па со приказни секогаш успевам да му го одвлечам вниманието по што секогаш следуваат дузина на прашања.Инаку најомилени приказни му се Црвенкапа и Јованче и Марика ама не му ја раскажувам онака како што е приказната туку ја изменувам отфрлам и додавам нови работи.Има некои негативни личности и настани како на пример смрт или насилство па не би знаела се уште како да му ги објаснам тие работи.Сепак се уште е мал и мислам дека не би сватил.

< Поракaта ја уредил Defne90 -- 28.2.2014 2:08:34 >


_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Мамо, раскажи ми приказна!
29.10.2015 21:44:25   
marchi
Nekade posle 2rata godina mu ja raskazav pinokio mu se dopadna pa si sakase da mu se cita ili raskazuva prikazni. Posle malku zaboravivme ama sega zimava toa ke ni bide zanimacija

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Мамо, раскажи ми приказна!
30.10.2015 13:10:06   
sandriana RR
После две години од постот на оваа тема, се соочувам со проблемот на проблематичните делови од приказните - Т ги знае веќе повеќето приказни, ги има на сликовници, ги гледа на цртани филмови. Сега се објаснуваме со моментите од приказните - зошто кралицата од Снежана е лоша и сака да ја отруе Снежана, што значи отровно јаболко, зошто се бакнуваат во уста принцезите со принцовите,како волкот ги изел јарињата-па после ги спасиле, истото и за Црвенкапа.
Поради овие незгодни моменти, форсирани ни се приказните- басни за Штурецот и мравката и Волкот и трите прасиња, за пред спиење.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 49
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2]
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?