|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Потребни витамини за да се забремени
27.2.2015 21:21:11   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: honey bunny

a ginekolozite nisto ne vikaat, rano bilo za rezultati, da ne se plasam, postapno ke se pravat sitr ispituvanja i nema prostor za panika


Да, бар уште 6 месеци до 1 година, ајде фрлете се на работаuser posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот honey bunny)
Непосредна врска до пораките: 76
   RE: Потребни витамини за да се забремени
1.4.2015 18:04:42   
scared RR
Мене денеска Ивановски ми направи фаци зашто пијам витамин Д3 user posted image веќе од мака ќе почнам да се смеам па како да не го пијам кога е битен, демек ништо од терапијата на ендокринологот немало да ми помогне, а тој ме прати таму боже user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 77
   RE: Потребни витамини за да се забремени
2.4.2015 13:03:50   
Neurotoxin RR
Ја видов активна темава и ми текна на едно искуство, па сакав да го споделам со вас. Девојка која долги години се обидувала да забремени, направени сите тетсови за неа и сопругот, се е во ред, ништо не недостига, оди во аџибадем во турција и тука ја советуваат сите ресултати да ги собере и да ги прати на некој институт во америка (незнам кој) и од таму поштенски и стига одговор дека нејзиниот организам, го исфрла витаминот ц и тоа е причината, советот што и го дале е прекумерно да внесува вит ц, на што се згазила од смеење, почнала да пие вит ц и за три месеци останала бремена, лесна и нормална бременост, со здраво и право дете. Лекот е пет пари, само треба да се најде, така рекле и така било.

Ова е само едно искуство плус кое ви го пренесувам, нема ништо да изгубите ако го внесете повеќе од доволното, ако ништо друго бар ќе ве прочисти и засили.

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 78
   RE: Потребни витамини за да се забремени
2.4.2015 13:08:45   
scared RR
Да, да знам и јас за овој случај, жената била вработена во систина како што знам. user posted image Стварно некогаш лекот е ситница ама додека да дојдеме до него user posted image

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 79
   RE: Потребни витамини за да се забремени
2.4.2015 13:10:38   
Neurotoxin RR
да, за истата збориме user posted image

Муабетот ми е и следно, јас работам во аптека и ми доаѓаат често пациенти кои бараат совет и лек од мене, не секогаш тоа завршува со купување на некој лек, често знае да заврши од моја страна со упатување што и каде да испита, јас сакам да ја знам причината и причината да ја третирам, џабе се симптоматски терапии, кога проблемот пак ќе се појави. Така да убаво распрашајте си се за сте испитувања, детални кои мора да утврдат причина, мора причината да се третира.


< Поракaта ја уредил scared RR -- 2.4.2015 13:22:39 >

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 80
   RE: Потребни витамини за да се забремени
2.4.2015 13:27:23   
Hopeful RR
Комплетно се согласувам. Во целиот овој склоп на фактори што влијаат на забременувањето, најмистериозен и најмалку познат е имунолошкиот. Не може слепо да внесуваме витамини, минерали и останати суплементи за имунитет или за што било, без да знаеме точно што правиме. Пресилен имунитет е подеднакво голем проблем како и преслаб, и не треба да се забегува. Многу арно не е на арно user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 81
   RE: Потребни витамини за да се забремени
2.4.2015 14:36:45   
bubla

ИЗВОРНА ПОРАКА: scared RR

Мене денеска Ивановски ми направи фаци зашто пијам витамин Д3 user posted image веќе од мака ќе почнам да се смеам па како да не го пијам кога е битен, демек ништо од терапијата на ендокринологот немало да ми помогне, а тој ме прати таму боже user posted image


Мене Лазаревски ми даде да пијам вит Д. А колега негов вели не теба?!

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 82
   RE: Потребни витамини за да се забремени
2.4.2015 14:42:05   
scared RR
Кога му кажав дека пијам капки Д3 ме праша од кај тоа сега му кажав дека ендокринологот ми даде да испитам и дека недоволен ми беше и ми препиша и он се насмеа само и фаца направи. Потоа кога ја гледаше целокупната терапија препишана од ендокринолог ми рече само метформинот ти е ок другово ништо user posted image Ама јас ќе си ги пијам , зашто знам дека се битни а и ендокринологот ми рече дека е поврзан со инфертилитет витаминов. Ама поентата е дека некој нема да знае како мене а капките од само 100 денари може да му помогнат и е те како.

(Одговор на членот bubla)
Непосредна врска до пораките: 83
   RE: Потребни витамини за да се забремени
2.4.2015 15:33:40   
bubla
Глупости. Мене Лазаревски баш и ми објаснуваше дека поновите истражувања покажуваат директна врска на витаминот Д со забременување.
Мојот резултат беше 25 и ми даде да пијам по 5 капки на ден (2500 ИЕ).
Да се дополнам, јас испитувањето го правев по негово барање.

< Поракaта ја уредил bubla -- 2.4.2015 15:34:43 >

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 84
   RE: Потребни витамини за да се забремени
2.4.2015 15:36:05   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: bubla

....поновите истражувања покажуваат директна врска на витаминот Д со забременување.


Потпис, сосема точно и јас ги читав по триста сајтови овие сознанија за витаминот Д. Внимавајте што купувате од препарати, бидејќи досега само за два е сигурно потврдено дека го подобруваат витаминот Д, немојте да купувате што било од аптека. Не можам да пишам овде, за да не биде пропаганда.


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот bubla)
Непосредна врска до пораките: 85
   RE: Потребни витамини за да се забремени
2.4.2015 16:08:31   
bubla
Ловабл ај пиши ми ако теба и лп кои се препаратите. Јас пијам вигантол. Ми кажа д-рот добро е.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 86
   RE: Потребни витамини за да се забремени
2.4.2015 16:11:00   
scared RR
LoveavleMe ако сакаш и мене пиши ми, јас пијам Пливит Д3 капки Крстевска овие ми рече да ги земам.

(Одговор на членот bubla)
Непосредна врска до пораките: 87
   RE: Потребни витамини за да се забремени
2.4.2015 16:27:03   
весник
aj i mene pisi mi vo licna poraka...jas pijam 10 kapki nedelno vigantol...po preporaka od dr.Brankica Krstevska od klinika endokrinologija.

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 88
   RE: Потребни витамини за да се забремени
2.4.2015 16:32:54   
scared RR
user posted image Ова на сите различно ни даваат, како ги распоредуваш вигантолот Весник? Јас по 4 капки дневно пливитд3 пијам, ама чинам послаби се моиве.
И колку ти беше витаминот? Мене 13.

< Поракaта ја уредил scared RR -- 2.4.2015 16:33:26 >

(Одговор на членот весник)
Непосредна врска до пораките: 89
   RE: Потребни витамини за да се забремени
2.4.2015 16:40:09   
весник
mene mi bese 22...i vo sreda i nedela zemam po 5 kapki vo malo lazice...znaci vkupno 10 kapki nedelno.22 bese normalna vrednost no nemalo zijan ako sum zemala bidejki togas koga mi gi dade bese pred ivf i bese vo zimski period i mislenjeto i bese deka ke bidam doma zatvorena so odmaranje i deka ke mi bidat zamena za vitamin d koj bi go dobivala od soncevata energija.

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 90
   RE: Потребни витамини за да се забремени
2.4.2015 16:53:21   
scared RR
Мене ми беше 13 а реф. вредности беа од 10-44. Сега кога си правам пресметки некако малце ми делува дозава што ја пијам, а и еве што ако има сонце кога цел ден сум дома user posted image

(Одговор на членот весник)
Непосредна врска до пораките: 91
   RE: Потребни витамини за да се забремени
2.4.2015 16:53:44   
kapina
Na mene bese 11 .34 sega o vigantol ne mi deluvaat od zegin mi preporacaa edni drugi prviot pat koga gi piev vit d bese 10 i za trimeseci se pokaci na 12

(Одговор на членот весник)
Непосредна врска до пораките: 92
   RE: Потребни витамини за да се забремени
2.4.2015 16:54:04   
bubla
според класификацијата која ја имаше во моите референтни вредности пишуваше до 11 витаминотне дефицитарен, до 30 недоволен, а над 30 доволен.
Јас пијам по 5 капки на ден со мојот резултат од 25. И тоа вигантол е појако од пливит.

(Одговор на членот весник)
Непосредна врска до пораките: 93
   RE: Потребни витамини за да се забремени
2.4.2015 17:02:04   
scared RR
bubla ама во упатстовото пишува да не се зимаат повеќе од 1000 и.е дневно за да не дојде до хиперкалцемија и малце шубе ме фаќа иначе би појачала.

(Одговор на членот bubla)
Непосредна врска до пораките: 94
   RE: Потребни витамини за да се забремени
2.4.2015 23:24:27   
bubla
На вигантол нема вакво нешто или јас не видов?! јас сама си пиев по 2 капки на ден. Докторот ми кажа дека тоа е малку.
Имам и пливит неотворено, баш ќе видам на упатството што пишува..

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 95
   RE: Потребни витамини за да се забремени
3.4.2015 0:04:05   
scared RR
Пишува исто да се ограничи внесот на храна која природно содржи витамин д како јајца и риба, и исто производи збогатени со витамин д како млеко на пример, јас прогуглав малце за хиперкалцемија и доста застрашувачка состојба делува.

(Одговор на членот bubla)
Непосредна врска до пораките: 96
   RE: Потребни витамини за да се забремени
3.4.2015 9:11:32   
LoveableMe RR
Во однос на витамин Д, еве ќе ви напишам тука совети, а за производите во приватни пораки. Е сега, кога витаминот Д е под границата од 30, тогаш се зема зголемена доза од дневно препорачаната 1000 И.Е. Мене кога ми беше под околу 9, ми дадоа 1 месец по 4000 И.Е (јас пиев 4 капсули или тоа е четири капки спреј) да пијам и потоа вториот месец по 3000 И.Е. дневно. На контролата кога отидов ми беше 30.42, што значи дека имаше ефект. Исто така, земав секој ден витамин К 80мг дневно (една таблета), бидејќи на тој начин најдобро се апсорбира витамин Д.

Сега ќе продолжам да пијам по 1000 И.Е. витамин Д3 дневно и по една таблета витамин К на секои два дена за да ја одржувам вредноста. Кога е витаминот Д дефицитарен воопшто не е страшно да се внесуваат и јајца и се друго, стари теории се тие дека демек да не било токсично, а за да дојде до тоа треба да е над 70 и повеќе вредноста, а кај некои препорачуваат и до 100 да биде за нормално функционирање, значи не можете со мали вредности кои ги имате на витамин Д да имате проблем, зошто и така ви е дефицитарен. Една студија во РМ покажала дека речиси секој еден или секој втор од нас има недостиг на витамин Д, иако живееме во сончева земја, а во Германија веќе почнале редовно да си пијат сите по 1000-2000 И.Е. дневмо за одржување на нивото на витамин Д.

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 3.4.2015 9:12:32 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 97
   RE: Потребни витамини за да се забремени
6.4.2015 10:51:25   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Neurotoxin

Ја видов активна темава и ми текна на едно искуство, па сакав да го споделам со вас. Девојка која долги години се обидувала да забремени, направени сите тетсови за неа и сопругот, се е во ред, ништо не недостига, оди во аџибадем во турција и тука ја советуваат сите ресултати да ги собере и да ги прати на некој институт во америка (незнам кој) и од таму поштенски и стига одговор дека нејзиниот организам, го исфрла витаминот ц и тоа е причината, советот што и го дале е прекумерно да внесува вит ц, на што се згазила од смеење, почнала да пие вит ц и за три месеци останала бремена, лесна и нормална бременост, со здраво и право дете.........


ИЗВОРНА ПОРАКА: scared RR
Да, да знам и јас за овој случај, жената била вработена во систина како што знам. user posted image .....


Ај пишете колку е тоа прекумерна доза на витамин Ц на ден? Мислам колку и кажале дневно да внесува?user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 98
   RE: Потребни витамини за да се забремени
6.4.2015 11:39:47   
scared RR
Мене за ова ми кажа мајка ми да ја прашам неа дали знае, ама сепак треба да се испита, зашто прекумерно внесување на витамин Ц не е добро, како што читав ќе се создаде ептен кисела средина која не е добра за сперматозоидите и жена што сака да забремени повеќе од 750-1000 мг дневно да не внесува. А, каде би можело да се испита кај нас не знам не сум сретнала, доколку некоја има инфо нека сподели со нас user posted image

Инаку фала ти многу LoveableMe за советот,ќе ги засилам капкиве и штом ги потрошам ги купувам другиве Д3 витамини и плус витамин К.
Како ни се учени докториве се чудам, да не знаат правилна доза да одредат. user posted image ѓ

А витамин Е пие некој? Каков пиете сакам да чујам препораки? user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 99
   RE: Потребни витамини за да се забремени
6.4.2015 15:11:13   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: scared RR

....А витамин Е пие некој? Каков пиете сакам да чујам препораки? user posted image


Препорака за забременување е до 400мг дневно витамин Е, наназад имаат некои рингерајки пишувано за тоа. Е сега за фирма не знам дали има некој искуство со некои што се добри, па ако има нека пише.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 100
Страница:   <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?