mommy_angels RR -> RE: Вашиот прв пост на РР... (17.9.2013 12:55:49)
|
еве го мојот ,за тоа што најмногу ме боли [sm=smiley19.gif] Јас сум новичка на форумов,ама за жал со гооолемо инф искуство,па еве иако постојано велам не зборувам за ова повеќе,секогаш кога ќе прочитам ваков пост сакам да кажам како поминав јас.Осум години стерилитет,терапии,инсаминизации и на крај едно инф кое заврши со близначка бременост.И сега тука некој би рекол happy end ама заблуда.Во 26 недела добив конракции и се породив ,така да знаете како заврши тоа.Да не даде Горниов на никој вакво нешто ама ете нашата среќа беше таква.Тоа е нешто кое треба да се ПРЕЖИВЕЕ и после подолг периот научивме како да продолжиме понатаму.Прво не бев свесна што всушност ми се случи,па период на негирање,па мразење и немање верба во ништо и на крај прифаќање на реалноста.Е откако тоа се случи јас си викам бев во период на детоксикација.После години и години терапии јас одлучив да паузирам.Тука завршува темниот дел од мојата приказна и следува убавиот кој сакав да го прочиташ Скопјанче ти и другите што се во ситуација како тебе.Шест месеци се немав испиено ниту аналгин ,а не па нешто друго.Бидејќи знаете дека инф кошта многу,бевме прилично исцедени,ама ние решивме последните пари од заштедата да ги дадеме за одмор и отидовме на море.Верувале или не отаму се вратив бремена,истерав прекрасна бременост и еве сега сум мајка на најслаткото девојче user posted image ,принцезичката моја.Мојава приказна ниту е измислена ,ниту нешто додадов,само сакав да ви кажам се се случува кога најмалку очекуваш и верувајте дека вашите мали сонценца ве чекаат.
|
|
|
|