RE: Денес на мени (1- 3 год) (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Дохранување со густа храна



Порака


vezilka RR -> RE: Денес на мени (1- 3 год) (21.10.2015 15:43:49)

17 месеци
млеко
банана, јаболко и крушка
едно мало компирче, зелка, морков, пашканат, кромитче и лукче
житна каша
Ужинка или краставица или од нашата супа.




MamaKiki -> RE: Денес на мени (1- 3 год) (21.10.2015 22:09:35)

13 месеци
гриз чоколаден со млеко
млеко
бисквита
млеко
карамелино
млеко
и нокеска ке бара уште млеко , настинат е и никако неки да јади денес ама му збоктиса веке и од сирупите бега од лајца неки да ја навиди [sm=hudicek1.gif]




MamaKiki -> RE: Денес на мени (1- 3 год) (23.10.2015 0:54:45)

денес сме подобри
гриз, јаболко, ванила, цимет и мед
супа пилешка со кнедли
лебче со кремче
плазма




lukajana RR -> RE: Денес на мени (1- 3 год) (23.10.2015 8:31:35)

17 месеци
Мусли со банана и јаболка
Спанаќ со кисело млеко
Тарана со сиренце
Ужина цицање , пченица ,грозје





lukajana RR -> RE: Денес на мени (1- 3 год) (24.10.2015 17:26:11)

17 месеци
Овесни снегулки со портокал и јаболко
Риба печена и пире од компир со салата
Кифличка со сирење и маслинки
Ужина цицање ,банана и кремче со лебче




lukajana RR -> RE: Денес на мени (1- 3 год) (27.10.2015 12:15:00)

17 месеци
Геврек и јогурт
Ориз со пилешко месо и цвекло салата
Варено јајце ,сиренце и краставица
Ужина цицање ,крушка и грозје




tincule -> RE: Денес на мени (1- 3 год) (27.10.2015 14:56:42)

15 месеци
Млеко Ад
Тарана со кисело млеко
Каша овошје
Кифа со јогурт
Млеко Ад
Ориз брокула морков и карфиол
Млеко Ад
За вечера мама е на работа зависи тато што ќе и даде [sm=smiley1.gif]




lukajana RR -> RE: Денес на мени (1- 3 год) (29.10.2015 13:01:09)

17 месеци
Абц намаз со кифла и домат
Брокула ,морков и ориз со пилешко месо
Палента со павлака
Ужина цицање ,тиква печена ,јаболка и мандарина




lolla RR -> RE: Денес на мени (1- 3 год) (16.2.2016 12:09:15)

12,5м

Вчера

Варен рж со бадеми, со прелив од слива и круша
Ориз со блитва и кромид, морков, пиперка
Гриз со кокос и авокадо

Денес

Варен овес со лешник со прелив од јаболко, круша и слива
Телешко со прокељ и грашок
вечер ке видиме

Помеѓу пробувам да дадам овошје за ужинка но неуспешно. Засега цицањето останува како ужинка




lukajana RR -> RE: Денес на мени (1- 3 год) (16.2.2016 18:10:22)

21 месец
Овесни снегулки со банана ,портокал и кива
Пире од компир и риба
Варено јајце ,кашкавал и краставичка со тостирано лепче
Ужина цицање ,варена пченица и јаболко




marchi -> RE: Денес на мени (1- 3 год) (20.2.2016 18:32:50)


ИЗВОРНА ПОРАКА: lukajana RR

Овесни снегулки со банана ,портокал и кива

sakam da ja prasam lukajana ova kako kasa go davas?moeto ne jade kasi pa mu spremam svezi sokcinja ama ovie zitarkive ne znam kako bi mu gi kombinirala.
inaku naseto meni denes e sledno:
sabajle posle budenje 2sisinja mleko (po 150 ml)
edna krofna bez krem (kako sto stefan vika - so dupce [sm=smiley36.gif] )
edna casa sok od jagotka banan i jabolko
edno tanjirce popara so jogurt
malku eurokrem....
mozno e uste ednas da jade i pred spienje pak mleko




lukajana RR -> RE: Денес на мени (1- 3 год) (20.2.2016 21:44:27)

Марчи не е баш каша ама тука некаде е [sm=smiley36.gif]
Портокалот го цедам и со сокот ги преливам снегулките и ги оставам да намекнат па им додавам банана и кива на парченца ситни и кркаме

Денес ручкавме
Јуфки со сирење
Спанаќ со кисело млеко
Млеко и бисквити
Ужина цицање ,сутлијаш и овошна салата




marchi -> RE: Денес на мени (1- 3 год) (21.2.2016 16:41:18)


ИЗВОРНА ПОРАКА: lukajana RR

Марчи не е баш каша ама тука некаде е [sm=smiley36.gif]
Портокалот го цедам и со сокот ги преливам снегулките и ги оставам да намекнат па им додавам банана и кива на парченца ситни и кркаме


moze seto toa da se izblendira?ako e kako gusto sokce nesto kako kasa vo potecna sostojba moze da go jade,kasa bas i ne saka




lukajana RR -> RE: Денес на мени (1- 3 год) (22.2.2016 17:34:09)

Може ,повеќе на портокал ке го направиш и ке дојде како густо сокче [sm=jezicek.gif]

Денес на бебешко мени [sm=smiley36.gif]
21 месец

Цералии со шумско овошје
Боранија со телешко месо и цвекло салата
Варено јајце ,зденка и краставица ( по лебот не сме многу )
Ужина цицање ,кива и портокал




lolla RR -> RE: Денес на мени (1- 3 год) (13.4.2016 10:23:45)

Завчера

Варен рж со орев, и прелив од јаболко цимет и кокосово
Варен наут со тиквица, брокула, кромид, лукче, потпечен сусам и лимон
Кус кус со авокадо и кисело млеко

Вчера

Бела и црвена киноа со бадем, кајсија и круша
Азуки гравче со дробенко лепче и рндано цвекло со лимон
3 гриза банана
Пудинг од интегрален гриз варен со две изматени јајца од препелица, малку рогач, кокос и пола лажиче мед

Денес

Хељда со малку семки од тиква, суво грозје и сува слива, и малку рендано јаболко
Инт ориз со просо и коприва
Најверојатно палента со семки од сончоглед лен и кисело млеко




lolla RR -> RE: Денес на мени (1- 3 год) (9.5.2016 16:05:07)

15м

Бела киноа со слива и банана, еден орев и кокосово
Цеден портокал
Телешко со зеленчук од релна (модар домат, пиперка, кромид и морков). Превкусно, служено на корка лепче како лажичка
Гвакамоле со јуфка или пециво




Hopeful RR -> RE: Денес на мени (1- 3 год) (30.5.2016 23:22:42)

12 месеци

вчера

просо со круша, банана, урми и кокосово
млекце
млад грашок, киноа, морков, млад кромид, батат, со кисело млеко
авокадо, јајце, авокадо, банана, кокосово


денес

овесни снегулки со круша, банана и кокос
млекце, чајче
млад грашок, киноа, морков, млад кромид, батат, со кисело млеко - исто како вчера (случајно ми излезе дупла доза) само додадов и малку сиренце
млекце, чајче
гриз варен со вода, јаболко, банана и кокос

Денес некако се на брзање ми беше готвењето, не се посветив многу, ама ќе се инспирирам од вашите менија па ќе направам нешто поинтересно за утре [sm=smiley1.gif]




Ilina87 -> RE: Денес на мени (1- 3 год) (2.6.2016 18:36:35)

2 години и 8 месеци

Млеко со бисквити и банана
Манџа со зелка и свинско месо
Лепче со зденка, варено јајце и краставица и чаша јогурт

Ужини: јаболко, цреши и праска




lolla RR -> RE: Денес на мени (1- 3 год) (26.8.2016 12:23:02)

19m

Вчера

Просо со 2варени јајца (1 му е малку 2 многу :))
Обид за парче јаболко за ужина
Наут со тиквица, кромид, пиперка, домат и лукче. Со лажичка таан и лимон, превкусно
од нашиот ручек, макарони со бел сос
Вечерта палачинки од хелдино брашно со какао и сува бруснница

Денес

Обид за овошје пред доручек, неуспешен
Б+Варен спелт и хељда со 1урма, малку брусница и јатки
Обид за гризје, неуспешен
Кофтенца од релна со грашок манџа
Вечер, ке видиме, ама мислам хокаидо тиква со сиренце




Hopeful RR -> RE: Денес на мени (1- 3 год) (26.8.2016 14:35:05)

Lolla RR, ме изнасмеа со неуспешниве обиди [sm=smiley36.gif] Имам и јас вакви амбиции, ама џабе - грозјето го гмечат, нема шанси во уста да се стави, бананата ми ја граба Ј неизлупена и ја лиже кората (бљак!), јаболко, праска и слично - Ј ги гушка и ги лигави, а М не сака да допре ништо со рака, бега.

Нашето мени вчера:
хељда, суво грозје, брусница, банана, круша
јајца со зеленчук (не ја прашав свеки што точно ставила)
овошје за ужина
ориз со павлака и сирење за вечера

Денес:
просо, круша, јаболко, смокви, банана, цимет
телешки бифтек со зеленчук (морков, целер, пашканат, компир, кромид)
овошје за ужина, веројатно
За вечера не знам што - можеби некој брз гриз со какао и овошје




Hopeful RR -> RE: Денес на мени (1- 3 год) (31.8.2016 15:04:01)

Нашето мени, уште малку целосно домашно, па наскоро и комбинирано со градинка [sm=smiley1.gif]

Вчера:
овес со јогурт, банана, урми, јаболко, кокос
нешто со јајца, не сум сигурна што им направила баба им
кисело млеко за ужинка
ориз со банана, брусница, рогач и путер

Денес:
снегулки од овес, рж и киноа, со вода, јаболки, банана, семе од коприва и рогач
грашок со компир, морков, целер, пашканат, путер и магдонос, со кисело млекце
банана, кисело млеко и кокос за ужинка
за вечера не знам, веројатно тестенини со сирење и павлака




lolla RR -> RE: Денес на мени (1- 3 год) (3.9.2016 15:00:08)

Нашето мени, се наденавам наскоро барем нешто ке е од градинка [sm=smiley36.gif]

Завчера

После градинка, кашичка на Хип во дворот
Обид за овошје
Киноа со грашок и кромид морков пиперка
Палачинки од тиква, хелда, какао, цимет и кокосово масло

Вчера

Јајце со просо
Обид за овошна ужинка
Цеден сок од портокал
Ориз со амарант, тиква и коприва, мњам
Интегрални макарони со никулци во сос од авокадо, домат, сиренце и лук

Денес

Мед и чај
Овес со бадем, орев и индиски орев (првпат) во сос ос сува слива, аронија и урма
Обид за јаболко
Две голтки цеден сок, па цице
Лосос во пире од пченка, кромид, тиква и брокула полиено со лимон
Вечер.... мислам јуфка со сиренце и павлака




nina93 -> RE: Денес на мени (1- 3 год) (7.9.2016 13:27:06)

14 meseci
pojadok tost so kaskaval i patlidjan
uzinka cicanje
rucek pileski stek,kompir
uzina cicane i bonti cokolatce pienje samo voda sokovi neobozavame
moze nekoe zrno grozje do 10 poveke ne
vecera kiselo mleko ako saka ako ne samo cice i cela vecer spienje




Страница: <<   < Претходна страница  29 30 31 32 [33]