Octavia -> RE: Ниту една мајка нема да признае дека... (13.3.2013 10:22:56)
|
Признавам се [sm=smiley1.gif], немам проблем. Кога ќе се изнервирам дури „признавам“ и работи кои не ги мислам (најчесто кога и двете деца се инаетат со мене за различни работи, а јас треба нешто трето да направам, ама не попуштам и настанува хаос [sm=zmeden.gif]). Инаку, знам и цртан да пуштам за да престане да ми чури главата, знам и да излажам (на пр. надвор лае куче, а јас викам дека ја слушнало дека се инаети, па се лути [sm=jezicek.gif]), некогаш пробувам да го поткупам големиот со ветувања само за да си ги заврши обврските кои се негови и МОРА да ги заврши, ама во моментот немам сила да се расправам... [sm=smiley31.gif] Често и на мајтап „трескам“ глупости, на пример пред некој ден зборувам со другарка на телефон и помалото толку добро ме тресна по глава со играчка зашто се почувствува запоставено и јас онака запрепастена се смеам и велам „Е затоа некои луѓе кучиња си купуваат, јас па деца раѓам...“ [sm=smiley29.gif] Оној кој ме знае и ми ја познава смислата за хумор, ќе ме сфати [sm=smiley1.gif]. И да дополнам на списокот Ниту една мајка нема да признае дека ја замараат приказните на совршените мајки кои секогаш се стигнуваат, никогаш не се нервозни, имаат совршени деца, совршен брак, супер домаќинки се и вечно им се чудат на оние кои тоа не се.
|
|
|
|