Melanija RR -> RE: Статии на Рингераја.мк - Забременување (13.3.2013 13:30:14)
|
Месечен циклус кај жената Месечниот циклус на жената се мери од првиот ден на нејзината менструација до првиот ден на следната менструација. Кај повеќето жени, циклусот трае од 28 до 30 дена и тоа се смета за нормална должина на циклусот, додека кај други жени тој трае подолго или пократко. Месечниот циклус може да се подели во 4 фази: менструален циклус, пред овулација, овулација и по овулација. Менструален циклус е период, во кој доаѓа до исфрлање на неоплодените (изумрени) јајце клетки од претходниот циклус, заедно со слузта од матката. Тоа е период кој трае од 5 до 7 дена кога крвариме. Во тек на менструација, жената во просек губи од 10 до 80 мл. крв. Во оваа фаза, нивото на естроген е многу низок. Фаза пред овулација (фоликуларна фаза) настапува кога хипоталамусот (кој е задолжен за одржување на хормоните во организмот) праќа порака на хипофизата, која почнува да лачи фоликостимулирачки хормон ( FSH ) . Овој хормон ги стимулира фоликулите да развиваат зрели јајце клетки, од кои само една ќе биде вистинска што ќе созрее во јајникот и ќе тргне по својот пат кон јајникот и матката. При процесот на созревање, фоликулите почнуваат да произведуваат естроген. Зголеменото ниво на естроген праќа порака на хипоталамусот и хипофизата, дека постои зрела јајце клетка, што доведува до лачење на лутенизираниот хормон (LH). Помеѓу 24 и 36 часа од почетокот на лачењето на лутенизираниот хормон, зрелата јајце клетка се одвојува од јајникот и тргнува кон матката. Тоа е период на овулација. Во овој период шансите за зачнување се најголеми. Во фазата по овулација (лутеална фаза), фоликулата од која настанала зрелата јајце клетка (corpus luteum ) почнува да лачи прогестерон, кој и помага во подготовка на матката за примање на оплодената јајце клетка. Прогестеронот се произведува 12 до 16 дена. Доколку дојде до оплодување, прогестерон продолжува да се произведува, за да помогне во развивање на плодот во раната бременост, како и во подготвување на градите за правење млеко. Доколку не дојде до оплодување, нивото на хормонот почнува да опаѓа и околу 14 дена по овулацијата, изумрената јајце клетка заедно со слузта од матката се излачуваат низ вагинално крварење- менструација. Тогаш настанува нов месечен циклус. За да ви помогнеме да ја препознаете секоја фаза од вашиот циклус, направивме табела со сите важни фактори и нивната промена во текот на еден циклус. *Целата статија прочитајте ја ТУКА
|
|
|
|