Julie1 -> Рингераја дружење - микс од игра, забава и хуманост (13.10.2009 10:35:26)
|
24 октомври (сабота) во 11 часот, во игротеката “Тиквичка” во Аеродром организираме дружење на кое ве покануваме сите вие рингерајковци да присуствувате, без разлика дали сте активни или неактивни членови, сите кои ќе го прочитате ова, поканети сте. Дружењето има хуманитрна нота, бидејќи сите кои имате, можете, сакате донесете стара облека, играчки, опрема, се она што на Вас веќе не ви е потребно, а се размислувате каде да го однесете, повелете на дружењето и донирајте го на претставниците кои ќе дојдат од Црвен крст. На дружењето ќе има претставници и од наши сегашни и идни соработници и партнери, новинарска екипа која ќе го снима нашето дружење и ќе направи еден убав прилог за нашата Рингераја. За дружењето подготвуваме една интересна програма, подготвуваме игри за децата и возрасните, а нормално подготвуваме и награди за кои ќе се натпреваруваат родителите за да освојат некоја награда за своите најмили. Затоа ве очекуваме во што поголем број да се пријавите и да дојдете да се дружиме, забавуваме, запознаеме, едноставно дојдете да да направиме забава за децата, да бидеме деца и ние, да направиме неверојатна забава за сите нас!!! Кој е за дружење нека ни пише тука, да се радуваме на големиот број!
|
|
|
|