Ema_ -> RE: Циста colli media (16.2.2013 2:14:30)
|
Е па вака.. прво Ви се извинувам што не бев присутна последниве 2 недели, верувајте ми бев во шок. На мојата керкичка и се појави мала грутка на вратот со големина на лешник, на средината, медијално, некаде над душникот. Прво мислевме дека се работи за жлезда, ама сепак ми беше чудно, се консултиравме со нашиот педијатар во Систина, ни го кажа неговото мислње, не испрати кај специјалист кој го потврди истото! Се работи за вродена циста... да кажам со попрости зборови уште во ембриогенезата (значи не родено), во текот на создавањето на тироиидната жлезда која преку каналче кое после тоа се затвара, се спушта до своето место пред да се роди бебето.. Е сега од непознати причини (не е разјаснето зошто) тоа каналче не се затворило и преку него се слевале течности од усната шуплина и се направила циста! Таа циста таканаречена colli mediana не била многу опасна.. додека не се инфицира и почнува да тече! Сепак операција е неизбежна. Јас бев во шок.. не можев да се помирам со тоа дека треба да се оперира.. целосна анестезија.. Побаравме мислење од друг специјалист.. истото ни го кажа! Тие 2 недели не знаев што да правам, барав на нет.. ништо особено не најдов, читав стручна литература, ништо не можеше да ме смири! Помислував на најлошо .. секогаш сум била оптимист, ама ова сега ... Операцијата помина одлично, останавме само 2-3 дена во болница, мислам дека нема да има ни лузна на вратот, имаат сега некои нови методи.. има две мали прозирни конци од двете страни на резот.. ама ке паднат самите! Мислам дека ова многу ме смени и ме зајакна, со оглед на тоа што се видов во болница, какви дечиња и со какви повреди, нашево како да не беше ништо .. ама мајка е една .. Ве поздравувам
|
|
|
|