Папочна кила (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Разговори на родители



Порака


Mammy -> Папочна кила (13.10.2009 12:54:36)

Мамички, имате ли искуство околу папочна кила. Син ми Арман, кој има 2 месеци има папочна кила. Засега не го боли, па педијатарот ни рече да не се плашиме. Ако почне да го боли, можеби ќе треба операција.

Какво е вашето искуство?




mis. -> RE: Папочна кила (13.10.2009 12:59:32)

Едно детенце од комшии имаше ваков проблем.Го чекаа да наполни година и половина и го оперираа.Се помна добро не е нешто страшно но мислам дека се чека детенцето да попорасне малку.Исто така и бебето на едни пријатели се соочија со кила уште како новороденче и еве сега има 1 год и сеуште не е оперирано.Ќе ги прашам и двете мајки како и што и ќе ти пишам.




mami -> RE: Папочна кила (13.10.2009 13:00:10)


Во случајот на папочна кила дел од тенкото црево минува преку стомачниот ѕид во близина на папокот.Многу е честа кај новороденчињата, но може да се појави и кај многу дебели жени кои раѓале повеќе пати.Папочната кила која се јавува кај новороденчињата најчесто зараснува сама од себа за 4 години , па хирушка интервенција не е потребна. За сите други облици стандарно е отсранување на кила или херниа по хирушки пат , односно херниотомоиа.Ако не се лекува испапчениот дел од органот може да остнае без снабдување на крв и доаѓа до инфекција и изумрување на ткивото.Во случајот ако доојде до цревна кила и дотокот на крвта се прекине , последиците може да бидат многу тешки.
ова е она што набрзина го најдов, а ке прочепкам убаво за уште повеке информации




srekna mama -> RE: Папочна кила (13.10.2009 13:00:26)

mammy,папочната кила се јавува поради слабост на ѕидот на мешето.треба да внимаваш да не се напрега детето многу (плачење.лутење).ќе следиш со болката како е,не се секирај  ,тука сме за се[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




mis. -> RE: Папочна кила (13.10.2009 13:04:19)

Да имаш право на комшиското дететнце му се појави од долго и јако плачење.Затоа треба да се внимава а операцијата мислам дека е задолжителна.




Mammy -> RE: Папочна кила (13.10.2009 13:04:59)

фала ви многу мамички..баш сте искрени интернет пријателки [sm=smiley1.gif]




elle -> RE: Папочна кила (13.10.2009 13:07:23)

мамми, немам искуство но имам прочитано дека тоа е безболен израсток околу папокот,некогаш не е потребна ни терапија ни хируршки зафат затоа што исчезнува до втората година од животот. Доколку не исчезне најверојатно се отстранува хируршки.




big_mama817 -> RE: Папочна кила (14.10.2009 8:50:32)

mammy не се секирај не еопасно на јетрвами детето исто имаше кила но послем некое време го направија операција и се помина во најдобар ред не е ништо опасно само внимавај да се напрега многу значи да плаче и сл.




big_mama817 -> RE: Папочна кила (14.10.2009 8:53:15)

не е ништо опасно само внимавај малиот да не плаче многу на јетрва ми синот исто имаше папочна кила кога се роди послем извесно време го направија операција и помина во најдобар ред затоа немој да се нервираш




mama i dete -> RE: Папочна кила (28.10.2009 14:24:41)

Јас имам син2 год и 4 месецитој од многу плацене кога беше бебе доби кила на препонот на висина до курето и беше големо колку зрно леблебија и се вракане назат во каналот со гуране со прстот,ете до ден денес не сум го оперирала (да чукнам во дрво и нема проблем)му се повлеце откао му се собраа тестисите и каналцето во кое испагасе цревото му се стесни.Но сега мојата сестра има синце само два месеци и на него му имаат дијагностицирано кила и хирургот и има казано дека кога ке наполни 5 месеци да го носат за хируски зафат.А тоа е толку мирно бебенце што ниту плаце ниту има прицини за да се појавува кила,а неговата кила е спустена многу ниску скоро во тестисот од десната страна на детенцето се со голо око гледа како е потечено-зголемено,а кога му го вратиме со нозината негови тоа закркори и се врати пак назад.Сега сме многу задризени дали ке мора да се оперира ,бидејки е многу малецко.Ако имате било какво искуство ве молам пишете......ЕДНА ЗАГРИЗЕНА ТЕТА И ЕДНА СРЕКНА МАМА ВЕ МОЛИ ЗА ПОМОС




Mila na mama -> RE: Папочна кила (28.10.2009 17:23:55)

Мој совет за Мама и дете е да не се брза со операција и веднаш да си побарате второ па и трето лекарско мислење. На  едни мои познаници бебенцето имаше само 40 дена кога му се појави кила на препонот. Малечка подуеност која со прст може да се врати назад. Кога го однесоа на лекар им рекоа веднаш д апотпишат и итно да го оперираат бебето. Овие нормално дигнаа паника, нема ни 2 месеци а операција[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] и правец кај друг, па трет лекар и нормално работата не била за операција имало различни видови на кила, некои сами с еповлекувале со растењето, некои биле исполнети со течност и требало сами од себе да пукнат како цисти, некои се враќале на место со притисок, а некои се оперирале. Малиот помина само со притисок на прст од докторот и малку плачење.
Зборот ми е повеќе глави подобро мислат. Прашајте си повеќе лекари. За жал не сите се стручни и заинтересирани.




mama i dete -> RE: Папочна кила (28.10.2009 19:34:51)

MNOGU I BLAGODARAM NA MILA NA MAMA ZA DADENIOT SOVET I UTEHA.SEKAKO DEKA KE VE POSLUSAME 




nenicka -> RE: Папочна кила (28.10.2009 21:46:07)

Сакам да ви кажам за Ангела  многу плачеше  до  два и пол месеци  еднаш бевме  на лекар зошто папцето и се  зголеми од плачење.Но педијатарот ни кажа дека ако и се повлече  до 6 месеци нема да има никаков проблем. Но ние сакавме да се увериме  дека ке биде се во ред  и решивме да одиме на клиника . Бидејки   мојот  сопруг  работи  во државна болница  во операциона сала  разговарал со докторот од детска хирургија  за   Ангела  и вечерта ја однесовме  докторот ја прегледа и ни кажа  дека Ангела е  здраво женско дете . Дека немало ништо тоа требало да биде поголемо и од 10 см.
А  додека мојата свекрва ми кажуваше дека и  на горан така му било и не лекар и рекле да оди  на операција кога ке наполни 1 година но го однеле кај некој  друг доктор и им рекол само да стават иситнет-истолчен темјан и паричка со восок и од бањање на бањање да се става и тоа на самиот прст(палецот)се добира до темјанот се стиска полека на папчето и со вртење на десно се става паричката(5)со восок  да не го сече и со завој го заврзувала.и така сега тој е супер и не бил на операција .(но горан  плачел цели 9 месеци) 




Страница: [1]