Palce -> RE: Предвреме родени деца (17.2.2010 11:41:26)
|
Здраво мои пријателчиња... Фала ви на сите за убавите желби и поздрави... А за ова здружениево дави кажам ми текна уште додека бев во Љубљана зошто видов дека таму многу се грижат за ваквите бебиња, родителите можат да си поразговараат и да си поделат мислења,и ете додека некое бебе лежи на интензивна да и се помогне на мајката со муабет,зошто многу е тешко да си го гледаш така бебето,додека другите си ги држат бебенцата во раце,човек треба да биде многу многу силен...и да ја чува силата за понатаму за да го одгледува тоа дете...Плус мора да се иницира да се воведе и таа вакцина РСВ...знае бетпет колку е потребна таа вакцина посебно за овие деца кои немаат имунитет,посебно за плуќата...Секаде ја има,само кај ја нема..Ете Теодора не е вакцинирана и мора многу да се пази,а Миа доби само три дози..а преостанатите неможеме да ги доиеме зошто кај нас ја нема,а и е многу скапа,и да ја купиме нема кој да ја стави зошто нема да сакаат да ризикуваат...И такви некои други работи...Ете на пример во Англија..кога некоја мајка вози недоносено бебе имаат посебни лепенки на колите и има посебно место за нив за паркирање,значи секој кој што ќе ја види лепенката се трга за да се паркира мајката...Абе кај нема ништо...Да тргнеме само од Детската клиника и интензивната нега...Не викам дека нема ништо,ама треба да има многу за тие деца,таму се немаат основни средства...Не ми е јасно како можеше до сега да немаат апарати за мерење сатурација -ниво на кислород во крвта туку така од тепка им пуштале на децата кислород и голем дел од нив добија ретинопатија-ослепеа...Срамота едноставно...Плус...треба да имаш врски за да го носиш детето на лекар или приватно за да не се буткаш со толпата болни деца,знаејќи дека твоето дете е без имунитет и треба многу да се пази..Не викам дека и другите бебиња не треба да се пазат,ама овие посебно...Па ќе ми рече свекрва ми...Леле па вие претерувате со миењето раце и дезинфекција...Си викам...да знаеш во душава што јас не претрпев па и на јогуртот ќе дувам..И така женски..се изнапишував...Има милион работи кои треба да се истражат и да се направи здружение и да се бориме за правата на децата...И не само на предвреме родените..А иова ќе кажам...Никаде неможам да најдам помал број облека од 56..ретко некаде...Само Премама а таму изгор скапо...Па што за овие деца нема облека?? Мора се да им е големо?? Јас да не и купев помали работи од Љубљана овде немаше што да и облечам,во се ќе пливаше хихи И така...И ајде побрзо од идеја да направиме реализација...Треба само да се распрашам каде може да се регистрираат здруженија.. Ајде сега чаос одам да ја ранам па ќе ви пишам вечер.. Бацкии до сите..
|
|
|
|