|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Предвреме родени деца
23.3.2010 16:24:13   
mis.
Потребите на недоносените деца во домашни услови
  По периодот на неопходен болнички третман на вашето предвремено родено дете доаѓа неминовно и времето да ја продолжите грижара за него во домашни услови. Ова претставува особено деликатен период врзан со голема одговорност и психофизичка оптовареност на секоја мајка. Ќе се обидеме со неколку практични совети за родителите   даим помогнеме во периодот на адаптација
  > Собната температура пожелно е да се оджува околу 23/24 степени во текот на првите недели. Поради големата површина, а малата телесна тежина овие деца имаат зголемена склоност кон разладување. Друг фактор кој хендикепирачки делува е малата количина на масно ткиво, а разладувањето пак доведува до намален раст кај овие деца. Но, немојте ни да претерувате со затоплувањето бидејќи тоа може од своја страна да допринесе до зголемена поспаност кај децата. Да потсетиме дека нормална кожна температуре кај децата (измерена под рака) треба да биде од 36,5 до 37,3 степени целзиусови.

  > Овие бебиња треба често да се хранат иако тоа може да значи дека најголем дел од времето мајката ќе го помине во доење или хранење со формула. Децата родени пред време имаат мал желудник и имаат потреба да јадат на секои 2 до 3 часа. Способноста доволно ефикасно да цицаат е исто така за нив голем проблем земајќи ги во предвид нивната големина, снага и функционална незрелост. За нив сериозен проблем претставува и координацијата меѓу цицањето, голтањето и истовременото земање на воздух т.е. дишењето. Оваа состојба на недоносените деца треба да биде соодветно “респектирана”. Заради оваа реална ситуацијата, мајките треба уште во породилиштето да бидат едуцирани и практично адатирани за да бидат подготвени и во домашни услови правилно да се снајдат со доењето. Цицањето може да не биде доволно ефикасно и затоа на нив им треба многу повеќе време за еден подој отколку на терминските бебиња. Кај децата кои се недоволно активни при доењето и често заспиваат, постои можност мајката да го додава нејзиното измолзено млеко (со лажичка) како дополнение на подојот. Начинот и динамиката на хранењето треба да ги спроведувате според упатствата на педијатарот кој е задолжен за следење на вашето дете.  
> Потребно е дополнително додавање на мултивитамински препарати според препорака од педијатарот. Децата родени пред време имаат поголем ризик од од недостаток на витамини отколку терминските бебиња и им треба дополнителен нивен внес. Исто така, овие деца многу побзо од терминските, ги трошат резервите од железо во организмот што од своја страна доведува до развој на слабокрвност, најчесто манифестна по вториот месец. Од таа причина најновите препораки вклучуваат додавање и на препарати на железо со соодветно периодично следење на крвните параметри кај недоносените деца.
 
> Не брзајте со воведување на немлечна храна (овошје, зеленчук, житарки и др.). Треба да се почне со воведување на ваква храна, но тогаш кога организмот на детето е спремен за тоа, 5-6 месеци корегирана возраст.   > Интензивно следењето на психомоторниот развој е задолжителен во тек на првата година, а пожелно е тоа да се прави и до 6годишна возрст. При тоа од голема важност е да се пресмета “корегираната” возраст на детето. Имено, таа се одредува според терминот кога детето требало да биде родено, а не кога всушност е родено. Од тој термин се одредува неговата психомоторна зрелост што е особено важно за правилна проценка на неговиот развој.

  > Препорака до родителите би била да постапуваат со своето дете исто како што би постапувале со дете кое е родено во термин! Родителите на недоносените деца се склони да мислат дека нивните деца се особено нежни. Често се случува родителите да бидат претерано грижливи и внимателни, постојано се оптоварени дали му е топло или ладно, дали доволно јадело или спиело. Често се и претерано попустливи и детето на тој начин успева да го добие секогаш тоа што го сака, а со нив се родителите и преѕтерано врзани. Оваков начин на однесување на родителите не поставува никакви ограничувања за децата. Таквата атмосфера, предупредуваат психолозите, може да попречи во нормалниот развој и да создаде зависно, каприциозно и несреќно дете. Како родители на недоносено дете, потребно е тоа да го имате на ум.

(Одговор на членот Palce)
Непосредна врска до пораките: 76
   RE: Предвреме родени деца
26.3.2010 9:19:25   
Palce
Мис ти благодариме за сите овие информации што ни ги напиша,многу ни значи user posted image user posted image user posted image
Од горе напишаново заклучив па и дека треба децата да ги оставиме малку да дишат,постојано сме над нив ама тоа е разбирливо посебно што се порано родени и некако имаме грижа на совест заради тоа...Секоја нова информација ни е добродојдена..
Ви благодарам на сите,многу сум среќна што се дружима на форумов и посебно што ја има оваа тема, на други форуми не сум ја сретнала...
Поздравче

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 77
   RE: Предвреме родени деца
26.3.2010 15:57:14   
mis.
Палече затоа сме ние тука да помогнеме колку што можеме барем со добра информација.Ако треба нешто тука сме user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Palce)
Непосредна врска до пораките: 78
   RE: Предвреме родени деца
26.4.2010 20:24:04   
Glück90
Veruvale ili ne jas sum rodena vo 7 mesec od bremenosta bidejki majkami bila mnogu mlada i nemozela da me donosi ili ne mi se cekalo veke.Denes od koga sum vo brak velam deka mm ima vo isti den rodenden pa i jas sum sakala zaedno da go pravime i zatoa sum izlegla na 30.08

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 79
   RE: Предвреме родени деца
27.4.2010 0:51:47   
Тања РР
Мислам дека немам кажано до сега дека и јас сум родена во 7 месец со 2000 г. а и брат ми исто така. Сега моето сонце се роди во 31 недела и почнувам да се сомневам дека има нешто генетско ама којзнаеuser posted image user posted image

(Одговор на членот Glück90)
Непосредна врска до пораките: 80
   RE: Предвреме родени деца
5.5.2010 12:06:05   
dostickage
Epa dragi moi,posle nekolku neprespieni nokji resiv i jas da go podelam moeto iskustvo vo ovaa oblast.
Pred desetina dena mi e najdena bolest na limfnite zlezdi koja sto mora vednas da se lekuva.Zavcera mi bese pravena biopsija t.e. intervencija cij rezultat kje  go pokaze tocniot stadium na bolesta kako i nejzino dodefiniranje.
Vo megjuvreme primav kortikosteroidi so cel da sozree plukjata na bebenceto i za okolu 2 nedeli kje treba pred vreme da se porodam.
Sega sum 30-ta nedela pa so Gospod na pomos.
Mnogu mi znaci sto sepak na forumov postoi cela oblast sto gi opfakja problemite so predvreme rodenite decinja.
Sekojdnevno se ohrabrvam sebesi koga kje se setam na Mia,Jana,Nikola,Teodora ....i se molam deka i moeto malecko kje zavrsi srekno.
Sega sum doma,na patolosla bremenost i zakrepnuvam od intervencijata,taka da pocesto kje bidam so vas.
Mnogu pozdrav,

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 81
   RE: Предвреме родени деца
5.5.2010 12:15:06   
matushka
Draga Dostickage, baz mi e zal za ova sto ti se slucuva, ama nemoj da se sekiraj, medicinata e tolku mnogu naprednata i veruvaj vo toa deka se ke bide vo red. I mene mi pocna poroduvanjeto vo 31 nedela i me zadrzaa na patologija, mesec dena primav infizii protiv kontrakcii i za sozrevanje na plukata na deteto i se ispadna vo red.
Ti pustam srekicka i se da pomine najdobro.user posted image

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 82
   RE: Предвреме родени деца
5.5.2010 12:21:22   
MamaOhrid
И јас добив контракции во 31 недела и бев на терапија со Гинипрал дома. Докторот ми рече строго мирување. 6 недели лежев и само што влегов во 9 месец, 37 недела, т.е. 36 недели и 3 дена ми пукна водењакот и се породив.
Па, жив и здрав е, ништо не му фали.

(Одговор на членот matushka)
Непосредна врска до пораките: 83
   RE: Предвреме родени деца
5.5.2010 12:37:27   
mamasane
dostickage, nemoj da se sekiras, se ke bide dobro. Samo miruvaj, bidi kolku sto mozes porelaksirana i pozitivna i kako sto ti pisa i matushka medicinata sega e mnogu naprednata i mislam deka doktorite sega se poiskusni vo tretiranjeto na pred vreme rodenite bebinja bidejki vo posledno vreme mnogu se cesti vakvi slucai na predvremeno poroduvanje. Site ke bideme so tebe i ke ti davame celosna poddrska i mnogu, mnogu guski user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот MamaOhrid)
Непосредна врска до пораките: 84
   RE: Предвреме родени деца
5.5.2010 12:45:10   
Палешка РР
РР бебињата се силни, не се грижиuser posted image се ќе биде во редuser posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mamasane)
Непосредна врска до пораките: 85
   RE: Предвреме родени деца
5.5.2010 13:57:10   
dostickage
Fala na poddrskata,ve guskam siteuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 86
   RE: Предвреме родени деца
5.5.2010 14:34:37   
Тања РР
Драга Достичка ме наежи сознанието дека ќе имаме уште еден борец на РР. Немој да се грижиш воопшто за бебчето, се ќе биде добро, денес има услови за успешно одржување на предвреме родените дечиња. Ние сме потврда за тоа.
Цела РР е со вас, ќе помагаме колку што можеме user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 87
   RE: Предвреме родени деца
5.5.2010 14:40:07   
betpet
Dostickage, ke bide se vo red, samo uzivaj , misli pozitivno nemoj da se macis so misli za koi se zadolzeni drugi,
i ke vidis se ke bide vo red.Nie ringerjkite sme mnogu silni , a nasite predvremeno rodeni decinja se golemi borci, zatoa sto znaat deka imaat "mama" koja mnogu gi saka i seta lubov i pozitivna energija ja nasocuva kon niv.

_____________________________

Нашето сонце од 7 Јуни е Теодора(Божји дар)

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 88
   RE: Предвреме родени деца
16.1.2011 21:19:57   
hany
znam niz sto pominuvaat site majki,i jas se porodiv vo 32g.n.Teodor se rodi 1730,42sm,bese vo inkubator 20dena a jas lezev 15dena bidejki bev so carski rez,

(Одговор на членот Palce)
Непосредна врска до пораките: 89
   RE: Предвреме родени деца
22.1.2011 14:09:21   
dostickage
Sega Viktor e sedum i pol meseci i e top.Samo uste mama da se opravi i se kje bide OK.
Zivotot ocigledno e mnogu teska borba od koja se nadevam deka kje izlezeme kako pobednici.

(Одговор на членот hany)
Непосредна врска до пораките: 90
   RE: Предвреме родени деца
23.4.2011 20:56:45   
mami 3.
Malata moja e rodena so 1050 gr. Ali fala mu na Gospod, ne i bese potrebno ni aparatce za disenje. user posted image . Bese eden mesec vo bolnica i dobro napreduvase so kg. i ja pustija doma.user posted image

(Одговор на членот vesna_kr)
Непосредна врска до пораките: 91
   RE: Предвреме родени деца
25.4.2011 15:45:16   
Gari68
Честитки за твојот голем борец,многу се радувам кога ќе прочитам за овакви случаи кои имаат среќен крај.
Нека расте голема,среќа да ја прати цел живот,да ве радува секој миг.
Уште еднаш големо браво за твоето малечко user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mami 3.)
Непосредна врска до пораките: 92
   RE: Предвреме родени деца
25.4.2011 17:00:45   
AnnaMolly RR
Рингераја се гордее со сите свои мали борци! 

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Gari68)
Непосредна врска до пораките: 93
   RE: Предвреме родени деца
26.4.2011 20:53:59   
mami 3.
Fala vi mnogu za cestitkite i za ubavite zborovi user posted image . Koga morav hitno vo bolnica mnogu ni bese tesko so Maz mi, ali so verba vo Gospod uspeavme da prebrodime se, i nie bevme jaki i taa bese jaka. Sega taa e vec 2 ipol godini previse e aktivna i so nejzinata 19 meseci postara Sestricka ne sednuvaat po cel denuser posted image .

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 94
   RE: Предвреме родени деца
28.4.2011 2:35:51   
bombica
Kerkickata tvoja bila mnooooogu golem borec i mnogu se raduvam sto se pominalo vo najdobar red i sto e sega veke golemko i tolku aktivno devojcenceuser posted image user posted image Uzivajte site zaedno user posted image

(Одговор на членот mami 3.)
Непосредна врска до пораките: 95
   RE: Предвреме родени деца
13.6.2011 13:05:36   
Melanija *
Zdravo na site i jas sum nov clen na forumov, a se zacleniv za da bidam del od site majki so slicni prikazni, da naucam nesto za predvremeno rodenite decinja, zaradi toa sto i jas se soocuvam so toa.Pred 13 dena se porodiv vo 31 va nedela od bremenosta. Melanija se rodi 1kg i 200 grama i 37 cm dolzina. Nisto od prethodno ne pokazuvase deka postoi nekoja verojatnost da se porodam predvreme. Redovno odev na site pregledi kaj maticniot ginekolog i gi pravev site mozni analizi na koi me isprakashe, osven ponisko zelezo, nemavme nikakov drug problem.
No posle mojot rodenden, mojata kerkicka stana seriozna vo namerata da izleze i da ne zapoznae. Pocnav da imam kotrakcii i koga otidov na klinika ve'e bev 2 prsta otvorena i imav silni kontrakcii. Toj proces morase da go zaprat barem dodeka jas gi primam inekciite za zreenje na plukata na bebeto i bev vklucena na tokoliza celi 2 dena, ama konstantno se otvorav. Tretiod den veke bev podgotvena za poroduvanje, bebeto bese fiksirano so glavata, mi stavija provokazii i posle 1 saat dobiv silni bolki isti kako tie sto 2 dena gi smiruvavme za da bebeto dobie inejkcii za plukata. Na tretiot napon Melanija se rodi, placot sto go slusnav bese tolku slab sto se isplasiv. Bese malecko modro i bespomosno a koga mi ja doblizija za da ja vidam, tolku se isplasiv, sto ne ja ni doprev.
Sega seuste e vo inkubator i prima samo dekstroza. se obidele da ja prihranat so mleko ama i napravile krvarenje vo zeludnikot i povtorno se vratile na dekstroza.
Mnogu se plasam za nea, i sekoj den mu se molam na gospod da mi ja cuva...taa e tolku malecka i bespomoshna. Tesko mi e koga pomisluvam deka se maci tamu, a jas ne mozam nikako da i pomognam. Zarem ne e majkata taa koja treba da mu pomogne na svoeto dete. Se cuvstvuvam i jas kako nea bespomosno. Znam deka treba da imam pozitivna misla, ama toa mi e najtesko da go napravam. Se obiduvam i mlekoto da go zadrzam za da ja dojdam. Potrebno mi e da slusnam slicni prikazni, da znam deka ne sum sama, deka sepak se ke bide vo red...

(Одговор на членот Palce)
Непосредна врска до пораките: 96
   RE: Предвреме родени деца
13.6.2011 15:19:02   
mami2
Сакам да и посакам на Меланија многу здравје и да биде умна и храбра во борбата која ја води. Родителите да имаат само добра мисла и верба дека се ќе биде добро, дека ќе дојде брзо денот кога гушнати ќе се радувате дома. Се двоумев дали да пишам затоа што мојата приказна иако е со среќен крај често пати и не е толку охрабрувачка. Јас само сакам да ги повторам зборовите на лекарите дека во медицината еден плус еден не е секогаш два. Тоа се потврди во трите недели неизвесност на неколку пати. Иако бебето се роди спонтано, убаво надносено 11 дена, развиено, тешко 4.740 г, сонцето мое си страдало при раѓање. Тогаш започнал процесот на дишење уште во матката, при што се наполниле белите дробови со мекониум. Кога се роди практично немаше на што да диши, тоа е сличноста со предвремено родените деца. Итно го пренесоа од Систина во Детска клиника на интензивна нега. Тука веднаш го ставија на респиратор и започна битката. Следеа испитувања, снимања на главата, лекари од разни клиники, дијагнози и прогнози. Тешката вистина следеше: има минимални шанси да преживее и ако се случи тоа никој не знаеше како ќе бидат последиците од останувањето на мозокот без кислород. Почна борбата и на бебето, и на докторите и нашата да останеме со позитивна мисла, со верба во знаењата на лекарите и истрајни во молитвите кон Бога. Првите неколку дена беа пекол, детето беше под седативи за да не троши сила, а и да не ги измрда тубусите. Состојбата беше стабилна, го мразев овој збор, тоа значеше без подобрување. Примаше сурфактанти за зреење на дробовите, антибиотици за секундарните инфекции, нонстоп на мониторинг...Следеа кризи, но и успеси. Од немоќ да можам јас како мајка нешто да направам се чувствував беспомошно, а како ли му беше на бебето? Не знаев што друго освен да плачам, дома, во болница, во црква. Го крштевавме во инкубатор, имаше полни 76 часа живот тогаш, ама надеж си е надеж. Си најдовме и кума – докторката која го лекуваше. Дојдоа празници, Нова година која оттогаш ми е тотално бесмислена, Бадник, Божиќ....Дојде и надежта, бебето се оправуваше, почнуваше да диши самостојно, да ги развива виталните функции. Првиот глас премален и зарипнат од цевките во грло за мене беше симфонија, првата голтка која значеше дека постои рефлексот на цицање, ја доживеав како да направил докторат, солзата која ја пушти по дозволената петминутна посета за мене беше меч во срце,  првиот стисок на мојот прст подаден преку отворите на инкубаторот не се опишува...  По три недели прв пат се сретнавме надвор од стакло и се гушнавме, се гушкаме и денес. Последици нема, освен што е размазен.     Верувајте во доброто, посакајте и на Меланија само здравје, имајте трпение како родители и се ќе излезе како што треба да биде. Не си сама, слични судбини има многу, ти посакувам се да е добро и ти пуштам многу гушки за да имаш сила за понатаму.

(Одговор на членот Melanija *)
Непосредна врска до пораките: 97
   RE: Предвреме родени деца
13.6.2011 15:25:14   
tinush
Верувај во Бога Меланија. Кога мене ми велеја дека бебето е добро дека ке јаде и расте тешко ми беше да поверувам. Еве го сега некни направивме осум месеци имаме осум кг и триста а едвај дојдовме дома со 2 и триста. Чуда постојат Меланија Јас сум со тебе и малечката ве мислиме и гушкаме од далеку. Многу ми помагаше кога ги читав постовите од другите мајки. Читај учи слушај ние сме со тебе. Затоа е тука Рингераја

(Одговор на членот Melanija *)
Непосредна врска до пораките: 98
   RE: Предвреме родени деца
13.6.2011 15:43:01   
Natuska85
Меланија јас оддамна се спремам да пишам на темава,ама се некако не наоѓам време.......или храбростuser posted image .Се породив во 35+6 дена, спонтано по претходно пукнат водењак.Исто и јас нонстоп одев на контрола,сите брисеви негативни,единствено висок притисок и кандида,ама демек тоа не било причината за предвремено пораѓање.user posted image се роди 3420 гр. и во првите 5-10 мин се бешше во ред.Се роди со апгар 8/8.Додека лежев на боксот тоа беа најреќните 2 сати во мојот живот.Дури им пишав и на ринграјќи да се радуваат со мене,пошто цела бременост се дружевме.Но после следеше тешкото.Му се јавив на мм да го прашам дали го видел user posted image и само ми кажа дека ќе дојдат со докторката да ми кажат нештоuser posted image .Веднаш на најлошото помислив.И почнав да викам по сестрите за да дојде докторката и да ми каже дека белите дробови на моето user posted image биле уште влажни и неможел да дише самостојно,па мора да го стават во инкубаторче.Тешки денови беа тие.8 дена лежеше во инкубаторче и на два паати кризираше ама фала му на Господ се се заврши добро.Го извадија од инкубаторот па уште 11 дена лежеше во боксот,каде одев и на секои 3 саати го доев.И јас лежев во болница со него.Значи Меланија само верба во Господ,они се наши мали борци мора да успеат.Ќе се сретнеш со секакви карактери на доктори таму на интензивн, труди се да не си ставаш многу на душа посебно од тие две дотични докторки,не сакам да им ги спомнувам имињата,а чие дете лежело на интензивна ќе ги препознае.Но затоа цел живот ќе им бидам благодарна на др.Маџовска и др.Стошевска од интензивна во ГАК.Ќе ти пишам уште нешто покасно сега морам да одам пошто моето user posted image кое сега има 1 месец и 3 недели и е здраво и живо,почна да кенкаuser posted image и ќе сака да цица.Уште нешто ќе ти кажам набрзинка.Измолзувај се,за да си го задржиш млекото,пошто кога почнав да го дојам само што го извадија од инкубатор резултатите драстично се подобрија.И моли се на Господ,голем е он. 

_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

(Одговор на членот mami2)
Непосредна врска до пораките: 99
   RE: Предвреме родени деца
13.6.2011 16:35:22   
mamadeja
И јас го родив Павел во 33 недела. Килажа 2260, 46 долг. Примив на два пати  инекции за зреење на белите дробови. Не лежеше во инкубатор нити една минута. Проблемите ни дојдоа подоцна ама само заради лекарски пропуст и нивните суети , лежевме во болница два месеца.Преживеавме се дури и операција кога беше само еден месец стар  ама сакам да кажам дека иако се предвреме родени деца  тие се поголеми борци и издржуваат повеќе. Ни даваа секакви прогнози, ќе заостанува во развојот и што уште не.  Последната од лекарите беше ние направивме се од наша страна сега останува само на господ. Тие два месеца солзите не пресушија, се молев постојано, одев во црква што уште не. И дене денес кога го гледам се навраќам назад и си викам што се не поминавме и знам дека сето тоа не се заборава ама Господ беше со нас и денеска Павел е здраво и прекрасно детенце јунакот на мама, кој во јули ќе  полни две години.
Можам да ти дадам и друг пример за една мајка која лежеше со мене. Бебето и се роди во 26 недела со само 650 грама. Денес истото е живо и здраво и супер се. Знам дека не е лесно но верувај дека се ќе биде добро.

(Одговор на членот Natuska85)
Непосредна врска до пораките: 100
Страница:   <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?