RE: Седење (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Новороденче, бебе



Порака


AneLav RR -> RE: Седење (5.2.2014 11:00:58)

Јас не ги седнував моиве дечиња додека педијатарката не ми кажа дека можам а тоа се случи на 6 месеци кога бевме на вториот преглед за колкчињата. Таа дури беше изненадена затоа што се близначиња и затоа што тој процес потешко оди кај нив бидејќи тие во мешето поголемиот период го минуваат во седечка положба.Значи не си правите експерименти туку тоа направете го кога педијатар или ортопед же ви каќе дека смеете да ги седнувате.И за секое дете нормално е индивидуално. Моите рано почнаа да седат но покасно проодеана 12- 13 месеци.




Melanija RR -> RE: Седење (5.2.2014 12:29:18)

И јас мислев пред 6 месеци не,но навистина секое дете е индивидуално.Уште 1 недела па 6 месеци.Моето лежи и се крева со горниот дел од телото да стане,потстане.Плаче несака многу да лежи,па ајде седи во скут ама одеднаш почнува да ги тегне исправува нозете.и сега ниту долежува ниту доседува.По мирен е кога не на мене туку сам со газето да седи.
Има дозвола од педијатар и ортопед ,па се надевам дека се ќе биде ок и ќе реши што побрзо која позиција му одговара[sm=smiley36.gif]




Felly RR -> RE: Седење (24.6.2014 22:57:35)


ИЗВОРНА ПОРАКА: emaaaa

aj ve molam za sovet od koga pocnavte da gi stavate vasite bebinja da sedat.Mojot bebus ima tocno 5m i 20 dena se kreva sam no koga ke go stavam da sedne mi izgleda nestabilen molam za iskustva pozzz[sm=nosecka.gif]





Felly RR -> RE: Седење (24.6.2014 23:05:22)

Нормално е на таа возраст да биде нестабилен. Затоа ќе му ставаш околу него перничиња, но сепак најпрво гледај дали [sm=duda.gif] е спремно и му е удобна таа положба, не го форсирај. Некои седат уште на 5 месеци а некои на 7 почнуваат да седат. Се е индивидуално.




Lacrymosa -> RE: Седење (26.6.2014 14:08:01)

Почнав да ја ставам да седи на околу 5.5 месеци, а самостојно и стабилно почна некаде околу 7 месеци мислам без да се клати и да паѓа




sandriana RR -> RE: Седење (27.6.2014 12:03:29)

И Т беше многу нестабилна во однос на седењето - почнав да ја потседнувам на 6 месеци, ама сама, стабилно да седи почна дури после 8 месеци, и тоа пак потпрена со перничиња.




Dilina -> RE: Седење (18.9.2014 19:07:09)

Незнам колку има врска со седењето ама ај.... пред некој ден си шетавме со малата тука во едно паркче и како што си ја држам ми улетува една жена на минување "аууу какво е ова дете машко или женско" и викам женско е и ми рече да не ја држам така зошто нетребало до 7м женски да седнуваат. А јас ја држев исправена кај мене на гради со рачето под газе.... што е лошо во ова држење? Јас со едната рака ја придржувам за грбчето со другата ја држам под газе. Нејзе така и е најубаво и дури е највесела и најзаинтересирана за околината. Веќе недела дена сама ја држи главата а може и повише... на стомак никогаѓ не сум ја држела зошто ми е страв, а и мн ми повраќа па така неможам да ја земам.... дали таквото држење има врска со седењето или да не слушам совети од секој шо ќе ме сретне на улица?




Melanija RR -> RE: Седење (19.9.2014 22:35:39)

По улица има секакви коментари [sm=smiley36.gif] Совет:аха така си сака .аха така ми одговара
Мразам советувалки кој никој ништо не ги прашува.
Ете сум чула дека женски да се седнувале покасно зошто немам појма .Но бебето си покаѓува,повеќето уште на 4 месеци сакаат да се исправат и седнат и се прават вежби за седнување.Кога се оди на педијатар за да го види држењето и како ја држи главата ја прават таа вежба.




Felly RR -> RE: Седење (19.9.2014 23:10:34)

Според мене едно е држење, друго е седење. И мене многу ме нервираат така непознати на улица што се мешаат. Па за 2-месечно бебе се работи, сигурно нема да го седнуваш. А кога го држиш тежината не е на него, вака како што опишуваш сосема ок е држењето.




sandriana RR -> RE: Седење (22.9.2014 9:51:43)

А јас ја држев исправена кај мене на гради со рачето под газе.... што е лошо во ова држење? Јас со едната рака ја придржувам за грбчето со другата ја држам под газе.

Откако сме дома,и ние со мм така го држиме бебето - исправено, со едната рака под газе - дури и за подждригнување таа позиција и е најсоодветна. Исто така ја држевме и Т, најудобна позиција и беше. Ваквото држрње нема врска со седењето, а тетките нека продолжат да делат совети по улица [sm=smiley1.gif]




Dilina -> RE: Седење (22.9.2014 10:44:37)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

А јас ја држев исправена кај мене на гради со рачето под газе.... што е лошо во ова држење? Јас со едната рака ја придржувам за грбчето со другата ја држам под газе.

Откако сме дома,и ние со мм така го држиме бебето - исправено, со едната рака под газе - дури и за подждригнување таа позиција и е најсоодветна. Исто така ја држевме и Т, најудобна позиција и беше. Ваквото држрње нема врска со седењето, а тетките нека продолжат да делат совети по улица [sm=smiley1.gif]


Хихи за моето рачиште сум пишала рачето... ц ц ц...
Него сакав да кажам како инаку детето би знаело која е вистинската положба на движење, седење ако цело време ја држам легната [sm=zmeden.gif] абе живи глупости, нема везе, јас си го гледам детево дека све му е ок и убаво му е, па не слушам баби жаби .... фала ви на поддршката мамички, ептен ми се наоѓате, знаете кога ќе ви кажат нешто малце ќе се замиските, но вашето мислење многу често ми е на прво место :) [sm=smiley27.gif][sm=smiley27.gif]


[sm=smiley27.gif]




Maja Peovski -> RE: Седење (25.11.2014 18:30:51)

Здраво на сите, ние сме 4 ипол месеци скоро и многу сакаме да седиме, но ме двоуми да не му е рано уште, сам се крева кога лежи, а кога го потрам на мене најрадосен е..што мислите




caciana -> RE: Седење (25.11.2014 23:25:55)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Maja Peovski

Здраво на сите, ние сме 4 ипол месеци скоро и многу сакаме да седиме, но ме двоуми да не му е рано уште, сам се крева кога лежи, а кога го потрам на мене најрадосен е..што мислите


Sestra mi ja imase istata dilema kako tebe.Nea pedijatarot ja sovetuvase Dokolku deteto samo ne izrazi zelba DA sedi,da ne go forsirame sosila.Vnuka mi bese mnogu temperamentna I zilava,taka postepeno okolu 5 mes.pocna da sednuva no samoinicijativo.




Dilina -> RE: Седење (26.11.2014 8:12:10)

Илина од 3 месеца се фаќа за моите раце и се тегне да стане [sm=smiley36.gif] и јас и помагам, ама по неколку секунди, а сега сака да седи и тоа некогаш е хистерична за да ја седнеме... ама не многу исто така минутка максимум. Има 4м.




AneLav RR -> RE: Седење (26.11.2014 11:30:57)


ИЗВОРНА ПОРАКА: AneLav RR

Јас не ги седнував моиве дечиња додека педијатарката не ми кажа дека можам а тоа се случи на 6 месеци кога бевме на вториот преглед за колкчињата. Таа дури беше изненадена затоа што се близначиња и затоа што тој процес потешко оди кај нив бидејќи тие во мешето поголемиот период го минуваат во седечка положба.Значи не си правите експерименти туку тоа направете го кога педијатар или ортопед же ви каќе дека смеете да ги седнувате.И за секое дете нормално е индивидуално. Моите рано почнаа да седат но покасно проодеана 12- 13 месеци.

еден постар мој пост и пак ќе ви повторам не си правите експерименти советувајте се со педијатар и ортопед.




sandriana RR -> RE: Седење (18.3.2015 8:19:04)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandi

Здраво мајки би сакала да знам кога е вистинско време да го седнете вашето бебенце ? Ние имаме скоро шест месеци и сеуште не седиме дали 6 месеци се доволно за бебенцето самостојно да седи?





deluxe -> RE: Седење (18.3.2015 8:36:53)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandi

Здраво мајки би сакала да знам кога е вистинско време да го седнете вашето бебенце ? Ние имаме скоро шест месеци и сеуште не седиме дали 6 месеци се доволно за бебенцето самостојно да седи?



Бебето не смее да се форсира со седнување,треба да се остави самостојно да проба да седнува.Кога ќе го направи тоа самото,дури тогаш е вистинското време[sm=bravo.gif]




lukajana RR -> RE: Седење (18.3.2015 9:08:52)

Санди моите деца почнаа да седат со мала помош од 6 месеци а сами без потпирање седат од 7 месеци .Не го форсирај кога ке сака да седне ке го приметиш ке почне само да се крева




Felly RR -> RE: Седење (18.3.2015 11:12:29)

Санди, се согласувам со другите, месеците не значат ништо, бебето само ќе ти покаже дали е спремно за седење. Некое уште на 5 месеци може да седи, а на некое му се потребни и 7 месеци.




sandi -> RE: Седење (18.3.2015 14:29:43)

Фала за советите бебушко постојано се крева па затоа сакав да знам дали е рано или не тогаш нема да брзаме и ќе го оставам буцко да биди поупорен [sm=smiley36.gif][sm=duda.gif]




sandriana RR -> RE: Седење (19.3.2015 9:07:11)

Бебе И покажува желба за седење уште од 4 месеци, се напира да се крене, но до сега седеше само во скут кај мене или татко и. Сега има 6 месеци и веќе сама потседнува, но пак и треба потпора од страна, не може долго да седи.
6 месеци е орентациона возраст, но самите бебиња покажуваат кога се спремни за седење.




hopeless -> RE: Седење (30.3.2015 15:35:43)

Ќерка ми никако не сакаше да седи. Кога ќе ја седнев се влечеше за да легне.
На 8.5 месеци почна да седи стабилно.




lolla RR -> RE: Седење (28.7.2015 12:51:10)

И моево бебе не сака да седи. интерсно му е да го фатам за раце и да се подигне да седне и после игра хип хоп со главата и само гледа нешто да пикне во уста. Го потпирам за кратко во таа перницата за доење ама иде или нанапред или се фрла наназад. Мислам уште не е спремен и не форсирам мада сите ми викаат веќе време било да го оставам така подседнат.




Страница: <<   < Претходна страница  4 5 6 7 [8]