RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Новороденче, бебе



Порака


Весна -> RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? (18.2.2010 15:10:00)

Вчера ја меревме Јана (направи два месеца) има 5 300, а долга е 57см. Некако очекував повеќе, па за две недели пак ќе идеме на мерење. Да не случајно ми забушава млекцето.




mami -> RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? (18.2.2010 15:18:08)

Абе зошто да ти забушава...па супер си напредува




Весна -> RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? (18.2.2010 15:54:12)

Ех, затоа што веќе неколку дена се буди на саат време и пишти за јадење, па претпоставувам дека малку е млекото. По се изгледа дека ќе треба еден оброк адаптирано да и` додадам, а пусто срце не ми дава. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] А ете за неполн месец само 500 грама се има поправено [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? (18.2.2010 15:57:14)

Ууујјј Весна, па супер сте. Еве Миа за 15 дена се поправила 450 гр, што значи 900 гр. месечно. Докторката рече дека сме супер. И 600 гр. да напредува месечно се толерира, само да биде на мајчино млеко [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Leonida -> RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? (18.2.2010 16:30:43)

Илона за една недела поправена е 230 гр. што значи за еден месец би се поправила 920гр.
Весна ако можете да издржите со мајчино млеко би било најубаво, но ако си бара да јаде повеќе тогаш не е страшно да и даваш и малку адаптирано. Ние сме претежно на доење, но 2 или 3 пати на ден и додавам адаптирано после доење по 30 или 40 мл.(зависи колку е гладна). Не го сваќај тоа така трагично[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
Поздрав и растете си здраво[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Весна -> RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? (4.3.2010 23:56:02)

Ох, камен од срце ми падна... Јана по две недели се збуцкала за 410гр. и сега има 5 710гр [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]. Ми се врати млекото онака како што ми беше пред еден тежичок период од две недели. Отсега нема да дозволам ништо да ме растревожува, особено не непотребно. Милички мои доилки, внимавајте на вашето расположение, еве бидете вакви [image]http://www.cybergifs.com/faces/bigsmile3.gif[/image]  и се` ќе биде како подмачкано.




Leonida -> RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? (18.3.2010 19:16:09)

Сега само што се вративме од контрола и не пофалија дека супер напредуваме. Женскава моја се роди 2610, а сега на скоро 3 месеци има 4900гр[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] Кај и да е ќе ја дуплира родилната тежина[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] 




Палешка РР -> RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? (18.3.2010 19:28:02)

Бравоооооооо!!! Само растете здраво и весело! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]

Миа денес ја меревме на домашна вага [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image], тешка е 5500 гр, а пред скоро три месеци си дојдовме од болница со 3000 гр.




viksa -> RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? (18.3.2010 20:01:37)

Петар се роди 2630 гр. Сега има 5,5 месеци и тежи 7100г гр. Нашиот педијатар вели дека до 6 месеци бебињата нормално е да ја дуплираат родилната тежина. Според ова и ние добро напредуваме[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




dragana_vane -> RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? (18.3.2010 20:07:11)

Koga se rodi Vidan imase 3.700kg, a sega na 13 meseci ima 11 kg.




Leonida -> RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? (18.3.2010 20:17:21)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Бравоооооооо!!! Само растете здраво и весело! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]

Миа денес ја меревме на домашна вага [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] , тешка е 5500 гр, а пред скоро три месеци си дојдовме од болница со 3000 гр.


Палешка па ние мислам дека еден ден разлика се породивме, јас на 22.12, а ти на 23ти беше?
Како и да е супер сте, браво[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




melody -> RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? (18.3.2010 20:17:24)

Koga se rodi kerka mi imase 3 500 gr i bese 50 cm visoka.Pred nedela dena bevme na pedijatar i e 8 330 gr i 72 cm , a e 8 meseci i 8 dena tocno.




Палешка РР -> RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? (18.3.2010 21:16:09)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Leonida

Палешка па ние мислам дека еден ден разлика се породивме, јас на 22.12, а ти на 23ти беше?



Да, на 23.12 се роди Миа [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
Веќе преминавме на пелени 3-ка, досегашните ни се мали [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Tanjicka -> RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? (19.3.2010 0:14:48)

luka napravi 6.5 meseci i sega ima 8700gr i 71 sm, a se rodi 3750 so 54 sm




Slagjana -> RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? (19.3.2010 10:32:41)

Денес се бевме на контрола и многу се загрижив. Мојата ќеркичка се роди 3680, од болница излезе со 3500 а денес точно на 1 месец има само 4050. Докторката рече дека е здрава иако не напредува во килажа и да продолжиме исто како и досега (со доење и дохрана со Хип 1). [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




matushka -> RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? (19.3.2010 10:38:21)

Nemoj da se sekiras, da imalo preblem doktorkata ke ti kazela sigurno. Mateja se rodi 2530, izlegovme od bilnca so 2430 a na kontrolata za edna nedela imase 2400. Znaci, namaluvase, Ispadna deka problemot bil sto premnogu sum go oblekuvala (po sovetot na babite normalno) a e roden vo april. od koga pocnav pomalku da go oblekuvam supet si dobuvase na tezina.




Leonida -> RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? (19.3.2010 11:04:09)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Slagjana

Денес се бевме на контрола и многу се загрижив. Мојата ќеркичка се роди 3680, од болница излезе со 3500 а денес точно на 1 месец има само 4050. Докторката рече дека е здрава иако не напредува во килажа и да продолжиме исто како и досега (со доење и дохрана со Хип 1). [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]



А зошто и даваш дохрана? Мислиш дека не и е доволно твоето млеко? По колку дневно и даваш Хип?
И мене првиот месец ми се поправи 500 и нешто гр. и почнав да ја дохранувам со Нан и сега сваќам дека се зезнав.
Мислам дека не треба да се секираш и да пробаш да продолжиш само со доење[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] Малку треба време додека влезете во колосек со доењето, но не се откажувај[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]





Slagjana -> RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? (19.3.2010 11:21:35)

Ех Леонида и јас сакам да биде само на доење, ама уште кога не отпуштија од болница рекоа да ја дохранувам. Бидејќи бев со царски немав доволно млеко. Не се откажувам сеуште. Прво ја дојам, а потоа и спремам Хип. Од него пие 60-90мл. А Матушка, мислам дека кај нас не е проблемот со многу облекување. Бабите би ја облекле уште повеќе, но не се секој ден тука за да кажуваат.




Палешка РР -> RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? (19.3.2010 11:24:12)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Slagjana

Прво ја дојам, а потоа и спремам Хип. Од него пие 60-90мл.


Па ова е нормален оброк на толку мало бебе, мислам знам по внука ми, таа до два месеци пиеше по 60-90 мл. Слаѓана, ти воопшто да не немаш млеко [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Leonida -> RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? (19.3.2010 11:28:18)

За да не излеземе од темата ке ти препорачам да ги прочиташ постовите во темата "Проблеми со доење". Таму имаме пишувано работи што мислам дека ке ти се од корист.

Кликни овде
http://www.ringeraja.com.mk/forum/%D0%9F%D1%80%D0%BE%D0%B1%D0%BB%D0%B5%D0%BC%D0%B8_%D1%81%D0%BE_%D0%B4%D0%BE%D0%B5%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE/m_68628/tm.htm

П.С. и јас сум со царски[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




MamaOhrid -> RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? (19.3.2010 11:29:00)

И мојот син беше на НАН од раѓање. И на возраст од 2 месеци пиеше наизменично 60 па 90 мл. на секој 3 часа. Тоа е цел оброк.  




Bilja Luka -> RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? (24.3.2010 18:07:26)

Здраво, Лика се роди на 31 јануари 2010. Родилна тешина му беше 4250 грама, но падна во тешина па испустна тешина му беше 3950 грама.
Последно го мереа на 12 март и имаше 5570 грама.
Дневно пие на секои 3 часа по 4 ОЗ вода со 3 лашички ХИП 1, бидејчи на шалост немам млеко.
Поздрав.




ikipp -> RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? (24.3.2010 21:44:56)

daria se rodi 2600,a na 3 ipol meseci imase 6 kila,i 60 dolga,a se rodi 48 dolga




MamaOhrid -> RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? (30.3.2010 17:20:48)

Денес бевме на вакцина и не мереа. На 6 месеци и една недела имаме 8.070 кг. и висина 68.5 см. Од болница излеговме со 3.030 кг. и 51 см.  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Maria -> RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? (30.3.2010 18:05:38)

Ќе изгледа како фалење,ама Андреј пред една недела на два месеца и 10 дена имаше 7 500 грама[sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif],а мм вика Да не го направиш ДЕБЕЛ[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif].Но не се плашам,бидејќи и Илија така напредуваше првите три месеци,потоа се нормализира.[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif




Страница: <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>