Рецепти за деца (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Исхрана на децата



Порака


AnnaMolly RR -> Рецепти за деца (13.2.2013 13:04:45)

Веќе имаме тема Бебешки рецепти, каде се работи за бебиња до 1 година кои не може да јадат буквално се.
Затоа во оваа тема сакам да си пишуваме рецепти за поголеми дечиња, кои имаат повеќе производи во исхраната.




AnnaMolly RR -> RE: Рецепти за деца (13.2.2013 13:09:35)

Пред некој ден го правев ова и Филип слатко се најаде, па си реков да го споделам со вас.

Солени мафини со маслинки

15 лажици брашно
5 јајца
1 пециво
100 мл јогурт/кисело млеко
100 мл зејтин
сечкани маслинки, сирење, варени моркови сечени на коцки (ова е по желба, може и со кисели краставички наместо маслинки)

Состојките одеднаш се ставаат во сад и се мешаат со миксер додека не се соедини смесата, потоа се додаваат маслинките, сирењето и варените моркови и се меша со лажица.

Смесата се става во калапи за мафини, ама претходно се подмачкува со путер и брашно. Се печат 20 минути на 200 степени.

Се сервира со кисело млеко или јогурт и е многу вкусно.




Mihaela 2010 -> RE: Рецепти за деца (13.2.2013 13:12:49)

Ajde bas ke probame...a mora da se kalapi za mafini??ili moze vo tavce primer ko za proja sto si praam??




AnnaMolly RR -> RE: Рецепти за деца (13.2.2013 13:29:08)

Не, не мора во калапи. Може и во тавче најобично.




vezilka RR -> RE: Рецепти за деца (13.2.2013 13:48:07)

Супер е рецептов [sm=smiley20.gif]и јас го правам само малку е различен, брашното е пола/пола со пченкарно и 4 јајца. Јас зејтин ставам помалку од рецептот оти ми е многу мрсно инаку.




Calypso -> RE: Рецепти за деца (19.2.2013 13:28:41)

Јас викендов правев вакви мафини со моркови, маслинки и сирење, синко се изнајаде.
Сакав да споделам еден рецепт кој го направив денес, готов ми е веќе, го пробав, ептен е вкусно.
Вака, сварив супа (имав сварено телешко месо со коска), во водата ставив морков, грашок, пашканат, месото исечкано на ситни парчиња и малку лукче колку за мирис (го извадив). Значи баш супа сварив, зачинив со малку зачин (од Храна и вино го користам понекогаш) и наместо фиде додадов палента. Откако се свари убаво, во тавче подмачкано со маалку путер го истурив сето ова и го потпеков. Ептен дојде вкусно. За мерки не ме прашувајте, од око направив, ама помала количина оти готвам само за мене и син ми - додуша тој е оној што ќе јаде повеќе, јас не морам толку[sm=jezicek.gif]




elenak -> RE: Рецепти за деца (19.2.2013 23:44:19)

Еве еден брз колач, за мали деца ама и за мајки и татковци[sm=smiley36.gif]
500 гр. мелени бисквити
200 гр. шеќер во прав
500 мл јогурт
Во калапче се става смесата како подлога. Одозгора се ставаат парченца овошје (банана и вишни ми е пробано) и на крај еден шлаг.
Е јас го прилагодив за Ј со помали мерки колку за еден оброк (со 50 гр.плазма) и без шлаг пена па беше многу вкусно.Пробајте[sm=smiley20.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Рецепти за деца (4.9.2013 15:02:21)

Ајде споделете некој рецепт за поголеми дечиња, веќе немам идеи што да му правам на детево нешто интересно, се ми се чини како едно те исто да јаде.
За појадок и вечера идеи давајте, за ручек си јаде разни манџи и слично.




Bethany -> RE: Рецепти за деца (4.9.2013 22:07:42)

Јас ќе напишам еден , на прв поглед, многу чуден рецепт, не ми се смејте.
Ама јас го прочитав на еден форум одамна, и чат-пат му правам на син ми.
Прво да се разбереме, многу е вкусен а е прав бучкуриш [sm=smiley36.gif] Кога го прочитав, се згрозив, ама го направив и ми се виде вкусно, а е многу јак доручек, за силни деца [sm=smiley36.gif] (Мислам дека е за над една годинка).

Значи се вари палента со млекото, пред крај се додава едно матено јајце (јас ставам само жолчка), па се тоа се свари.
Потоа се додава (по оригиналниот рецепт) 2 лажици мелена плазма, 1 лажица житарки (корнфлекс), неко овошје, најдобро банана и на крајот лажица мед.




bebuska123 -> RE: Рецепти за деца (23.9.2013 15:52:48)

Znaci majka, sekoja cest za receptot! Mojot sin palenta nesaka ni da pomirisa ama vaka ja jade so slast! I isprobav i bez jajce i vo kombinacija so drugo ovosje(praska, krusa). Vistinski hit!
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR

Јас ќе напишам еден , на прв поглед, многу чуден рецепт, не ми се смејте.
Ама јас го прочитав на еден форум одамна, и чат-пат му правам на син ми.
Прво да се разбереме, многу е вкусен а е прав бучкуриш [sm=smiley36.gif] Кога го прочитав, се згрозив, ама го направив и ми се виде вкусно, а е многу јак доручек, за силни деца [sm=smiley36.gif] (Мислам дека е за над една годинка).

Значи се вари палента со млекото, пред крај се додава едно матено јајце (јас ставам само жолчка), па се тоа се свари.
Потоа се додава (по оригиналниот рецепт) 2 лажици мелена плазма, 1 лажица житарки (корнфлекс), неко овошје, најдобро банана и на крајот лажица мед.

go ovosje(krusa, praska). Vistinski hit!




Bethany -> RE: Рецепти за деца (23.9.2013 19:00:32)

Бебушка123, е баш ми е мило да му се допаѓа на твоето детенце. И браво што беше храбра да го пробаш рецептот, мене ми требаше некое време, бидејќи на првиот впечаток ми беше многу чудна комбинација. [sm=smiley1.gif]




bebuska123 -> RE: Рецепти за деца (29.9.2013 14:09:27)

Еве еден рецепт од менито на мојот син:
1 компир, неколку цвета брокула, морков, 2 топчиња моцарела, 1 јајце и половина мала павлака.
Компирот се сече на плочки како за мусака со дебелина од 0,5 мм и се вари заедно со морковот исецкан на тенки тркалца (2 мм). Брокулата се бланшира. Кога ке биде сварен зеленчукот се става во тавче и се редат прво компирчињата а врз нив се додава морковот и брокулата и сецканите топчиња моцарела. Се полева со смесата од изматено јајце со павлака и се запекува во рерна.
Нормално се става и сол колку што јаде вашето малечко. Многу е вкусно и е поинакво од оние варива што мислам дека на децата над 1 година веке им се здосадени :)




marchi -> RE: Рецепти за деца (16.11.2013 1:24:08)


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Веќе имаме тема Бебешки рецепти, каде се работи за бебиња до 1 година кои не може да јадат буквално се.
Затоа во оваа тема сакам да си пишуваме рецепти за поголеми дечиња, кои имаат повеќе производи во исхраната.

aj ve molam link za temata bebeski recpti za deca pod edna godina?ili prefrlete go postov tamu




Felly RR -> RE: Рецепти за деца (16.11.2013 1:32:33)

Еве ја темата БЕБИ РЕЦЕПТИ.
За да ја најдеш темата која те интересира, Марчи, горе десно под полето кај што ти вели: Здраво Марчи! Одјава, имаш поле за пребарување - со лупата. Тука пишуваш тоа што сакаш да го најдеш и кликаш на лупата. Се надевам ти помогнав за полесно да се снајдуваш.




marchi -> RE: Рецепти за деца (16.11.2013 1:35:24)

fala [sm=smiley1.gif]




marchi -> RE: Рецепти за деца (22.7.2014 1:44:56)

sve to ubavo duri mene da mi otvori apetit no moevo "budalce" pocna da jade samo "gluposti" popara so kogurt,cokolino,supa pire beli peciva i ovosje.drugo nisto [sm=zz_frown.png]




Страница: [1]