RE: Брак на далечина - за или против? (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Calypso -> RE: Брак на далечина - за или против? (14.2.2013 11:23:52)

Ова е тешка тема, можам да замислам како се чувствуваат повеќето кои имаат ваков брак или врска, сеедно. Не е неизводливо да се одржи ваков брак, ама тешко е. Посебно ако жената мора да биде и мајка и татко на децата, додека таткото работи некаде за да им овозможи подобар живот.
Се повеќе млади луѓе кои оформиле семејство се решаваат да заминат во странство на одреден период за да заработат нешто за семејството, бидејќи овде во Македонија не живеат, преживуваат. Сведок сум на повеќе од десетици такви случаи во мојата околина, а којзнае уште колку ги има, не сакам ни да замислам. Дали е до толку лоша ситуацијата во Македонија (а лоша е, факт е тоа, ама не е сјајно никаде во светот), дали е нешто друго во прашање, не знам. Ама факт е дека многу млади заминуваат.

Мојата врска и брак се такви, откако сме заедно со мм, често сме разделени, бидејќи нему таква му е работата, често патува, а сега и работи во странство. Фирмата има канцеларија во Македонија, ама сега мм работи во канцеларија на истата фирма во друга земја, доби прилично поволен договор кој вклучува фамилијарен пакет. Затоа и по долго разислување и разговори, прифативме. Арно ама, тешка е администрацијата, досега два пати ни ги одбиле барањата за виза за престој, иако и фирмата е прилично ангажирана во тој процес, сега повторно се во процедура (фативме врски) и да се надеваме дека третиот пат ќе биде успешно. Искрено, мислев дека ќе биде полесно и побрзо да се средат документите кога се работи за фамилијарни луѓе, посебно затоа што нема посебни услови или барања, ама сфатив дека не е така. Ако одеше се по планот, сега сите тројца ќе бевме заедно таму, а не само мм. Прифативме со надеж дека ќе се заработи нешто барем за децата (едно имаме, а планираме уште, здравје Боже), а придонесе и фактот што и јас имам прилично големи шанси да работам таму во мојата струка. Плус, не би имале никакви давачки затоа што киријата и сметките се платени, исто и превозот, обезбедено е осигурување, платите се прилично високи и таму не се плаќа данок на личен доход. Освен тоа, на мм би му било полесно, бидејќи ако е Македонија мора често да патува на подолг период (месеци), а тоа нема да биде случај ако се преселиме сите, затоа што патувањата ќе траат пократко (со денови, максимум една недела). Условите се идеални, навистина, ама не е се така сјајно како што изгледа. Поради проблемите со визите, мм е ни ваму ни таму, и верувајте ми, секој пат кога оди ми е се потешко и потешко. Ете, пред некој ден замина, и ќе речам, фала за технологијата и интернет, ама не е тоа тоа.

Од друга страна, кога треба да оди во ризични подрачја (Ирак, Авганистан), е дури тогаш колку ми е тешко...

Тие кои се двоумат, кои се прашуваат што е најдобро да направат - мој совет е двајцата убаво да поразговарате меѓу себе, што навистина сакате од својот живот, ако сакате нешто подобро, ставете на лист аргументи за и против, прашајте се дали ќе можете да го одржувате бракот на далечина, прашајте се која е цената, колкава е жртвата, дали постои можност да одите сите заедно. Некогаш навистина мора да се жртвувате за подобра иднина на децата. Ама тоа да не трае цел живот.




majka na eva -> RE: Брак на далечина - за или против? (14.2.2013 18:17:11)

не успеав вчера да пишам,па затоа сега еве да подразјаснам.значи ако замине маж ми на работа-нема да замине како емигрант на црно-ги има сите потребни документи(т.е.е со бугарско државјанство)-значи се регуларно и има право на работа.друго:таму каде што ќе работи има обезбедено стан,храна и осигурување,а договорената плата ќе му биде за дополнителните трошкови за негова потреба(козметика,облека...)...трето што сакав да споменам е тоа со како добива виза...сега значи тој нема виза за стално туку ќе биде само на договор од 10месеци...е потоа...ако му се допадне нему таму работата,а и тој ако му се допадне на газдата како работник-повторно ќе потпише нов договор за работа на незнам колку време...ќе видиме,како ќе биде ако оди...а за потоа да добие тамошна виза што ќе може значи да не биде зависен само од тој газда-да не биде само на договор на толку време требало да има работено во таа земја 3-4години и тогаш законски добива виза од државата-како ја нарекуваат Б-ВИЗА или Л-ВИЗА(не знам точно)може некој е по запознаен.е тогаш кога тој ќе се смета како жител на таа држава ќе можеме да одиме и ние-па и јас ако се снајдеме таму да работам...а до тогаш може да отидам што се вели само на гости до 3месеци.инаку таму е брат му на мажми,и тој еве веќе доби документи за стално(штета што не е женет па не може да биде таму со жена,туку е сам)и од страна гледано колку поинаков живот има тој таму и мажми реши да си ја проба среќата...па како ќе се одвиваат работите понатаму незнам[sm=zmeden.gif]




majka na eva -> RE: Брак на далечина - за или против? (14.2.2013 18:33:26)

инаку некој беше спомнал за тоа што сега сум бремена дали ќе може таму да живееме и ние па таму да се роди бебето...за жал не[sm=smiley13.gif].значи сопругот сега има обезбедено стан таму од работа и ќе биде во соба заедно со цимер,а за да бидеме и ние таму треба да има посебен стан што првата година додека се снајде е неизводливо.таму се скапи становите,плус струја,вода и други трошкови значи и таму ќе имаме крпен живот...а доколку сме тука е друга приказна.макар 1000е месечно,ако не повеќе остануваат чисти...е тоа е разликата.сега по долго размислување одлучивме да оди и да проба како ќе биде па ако не му се допадне по 10месеци може да бидеме повторно заедно тука но барем ќе имаме заштедено нешто пари настрана,[sm=jezicek.gif]хаха...но иако планот ни е друг да може да издржи тој таму 3-4 год,а и јас тука па потоа сите фамилијарно да бидеме таму...ќе биде навистина тешко додека поминат сите овие години ама веќе решивме да се жртвуваме за доброто на децата еден ден да имаат убав живот...не дека и тука ќе ни биде лошо,ама сепак условите таму налагаат подобро.доколу децата учат и се образуваат во таа земја можат да најдат подобра работа,а и многу полесно што е за РАЗЛИКА ОД ТУКА...колку има завршени со факултет па сеуште невработени...значи тоа ни е сета цел...иднината на децата...не да градиме тука палати,или да купуваме скапи автомобили,туку едноставно подобар живот за децата...секој родител го сака тоа па понекогаш вреди да се жртвуваш...




majka na eva -> RE: Брак на далечина - за или против? (14.2.2013 18:47:52)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР

Еве јас ќе дадам мое мислење... како дете на печалбар... мојот покоен татко беше на сезонска работа баш во Швајцарија... Работеше таму 6-9 месеци годишно, а остатокот се враќаше и седеше тука... тоа траеше со години...Не знам од каде да почнам со предности и маани. Имавме преудобен живот, како дете добивав се, не се што ќе посакам, во смисол на размазеност, но, не мислевме што ќе јадеме, гардероба секогаш имав најнова... Значи, финансиски бевме обезбедени. татко ми како татко нормално дека фали, меѓутоа мајка ми го осети најголемиот терет, таа ни беше и мајка и татко, ја имаше сета одговорност кон домот, воспитувањето, грижата за нашата безбедност, и мојот успех во школо да го следи, ,и сестра ми со дечкото што прави да ја следи, и цевка ако пукне да смени и молери и се по ред... и женска и машка работа... Нејзе и беше најтешко затоа што немаше буквално никој, братот, сестрата, мајка, татко, сите таму, па дури и сопругот... доверба ви треба огромна, љубов уште поголема, и издржливост... Морам да ти напоменам, а и сигурно веќе знаеш, Швајцарија е најтешка земја за турист кај сезонски работник, ние одевме на гости, ама кај баба и дедо, не кај татко... визи посебни треба за таму, не е ЕУ земја...
На крај, јас кога би била на твое место, би се нафатила на овој чекор, затоа што е чекор кон успех, постои шанса можеби да ве повлече и вас, затоа што тешко е во оваа мизерија со две деца и со една плата... ма и две ако се, сигурно не е исто... Швајцарија е јака земја, и ако ви успее, сте добиле Џек-пот, не велам дека лесно ќе е, ама и од љубов само не се живее. Ако имате потполна доверба меѓу себе, иста цел и воља да успеете, ќе успеете.

е сега тоа што го спомна џесика е потполно во право.сите тие работи се точни.дека се има убав финансиски живот и се ти е овозможено ДА,но од друга страна е навистина премногу тешко.значи да се биде и мајка и татко во исто време,сам да се грижиш за сите обврски во домот да бидеш и маж и жена,сам да ги поминуваш ноќите и ред други работи...не може баш лесно да се издржи[sm=smiley13.gif],но и добро напомена дека само од љубов не се живее...па лошо или добро кога се мора тоа...[sm=smiley13.gif]




niki -> RE: Брак на далечина - за или против? (14.2.2013 21:10:06)

srekno majka na eva! ako taka ste resile, se najdobro!
spremi se psihicki, bidi jaka i nemoj da dozvoluvas nisto da te srusi
za poveke informacii vo vrska so dozvoli za prestoj i rabota vo svajcarija izguglaj federal office for migration, na angliski ima dovolno informacii, a podetalno ima i na germanski
uste vednas da sednes da ucis germanski, ne mora da trosis pari po kursevi na internet pobaraj sajtovi kade besplatno mozes da naucis osnovni raboti i potoa da se nadograduvas po nekolku godini koga ke pojdes tamu da bides spremna i da mozes da im pomognes na decata vo prilagoduvanje na uciliste, da mozes nezavisno od mazot da funkcioniras vo sekoj pogled, da baras rabota uste vednas
prilagoduvanjeto na zivot vo stranstvo e mnogu potesko ako ne im go znaes jazikot
pozdrav i se najubavo!




Џесика -> RE: Брак на далечина - за или против? (15.2.2013 1:06:28)

Мајка на Ева, со среќа нека ви е, ви честитам и ви завидувам по малку [sm=smiley36.gif] договори ќе си обновува сезонски, а дај боже, ќе си земе Б-виза, за стално и ќе ве повлече и вас... штом брат му е веќе таму, ќе му виде на мт многу полесно, нема да е скрос сам, а и ќе можете да одите на посета... Татко ми ја имаше добиено таа Б-виза, ама во последен момент се смени законот и сите тогаш сезонски работници ги вратија, па така од куфер нас не извадија... ќе ви се случи голем пресврт, прво малку тешко, ама потоа лесно, најмногу за децата ваши... ќе видат и школо, и одмор, и работа и пара... гледам по моите братучеди таму...[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] и само со добра и позитивна мисла да си се бодрите!!!




princessa -> RE: Брак на далечина - за или против? (15.2.2013 10:12:53)

jazikot e osnovna rabota koga se odi vo stranstvo a posebno so mali deca koi mora da gi nosis na lekar na gradinka itn. Na internet i bas nemoze mnogu da se nauci mozebi nekoi osnovni raboti i pravila no, jazik sepak se uci najveke na kurs. Jas ja imav taa sreka koga dojdovme navamu da se zapisam na intenziven kurs kojsto traese 6meseci i toa odev sekoj den po 5saati. E taka najveke se uci stranski jazik i plus vo taa sredina, sekojdnevno da go slusas i da ti predava tamosen profesor. Jas sto ako imav uceno germanski vo mkd, koga dojdov tuka nisto ne znaev, se imav zaboraveno. Imame prijateli koi ziveat ovde i neznaat jazik i tesko im odi, ipak site ne znaat po instituciite angliski, posebno ne od postarata generacija. Vo Svajcarija pokraj germanskiot postojat i drugi oficijalni jazici megu koi i francuskiot i retoro romanskiot. Zavisi vo koj del si.

Covek na kraj kraista treba da si ja proba srekata, ako ne probas nema da znaes kako ke e i ke te kopka. Ako ne dojde mt nema da znaete kako ke vi bilo i celo vreme ke si vikate deka mozebi ke vi bilo podobro ili obratno. Zatoa probajte pa ke vidite kako ke se odvivaat rabotite. Registriraj si se dodeka ne se rodilo bebeto na nekoj online kurs i nauci osovni zborovi i pravila. Ako odis i ti vo Svajcarija uste polesno ke naucis jazik, sakaj nejkes so tekot na vremeto. Decata kako sungeri vpivaat i ucat mngu lesno jazik do 12 godini ama kaj nas povozrasnite e druga pesna.
Uste ednas so sreka neka vi e.[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

srekno majka na eva! ako taka ste resile, se najdobro!
spremi se psihicki, bidi jaka i nemoj da dozvoluvas nisto da te srusi
za poveke informacii vo vrska so dozvoli za prestoj i rabota vo svajcarija izguglaj federal office for migration, na angliski ima dovolno informacii, a podetalno ima i na germanski
uste vednas da sednes da ucis germanski, ne mora da trosis pari po kursevi na internet pobaraj sajtovi kade besplatno mozes da naucis osnovni raboti i potoa da se nadograduvas po nekolku godini koga ke pojdes tamu da bides spremna i da mozes da im pomognes na decata vo prilagoduvanje na uciliste, da mozes nezavisno od mazot da funkcioniras vo sekoj pogled, da baras rabota uste vednas
prilagoduvanjeto na zivot vo stranstvo e mnogu potesko ako ne im go znaes jazikot
pozdrav i se najubavo!





niki -> RE: Брак на далечина - за или против? (15.2.2013 10:37:21)

se slozuvam deka najdobro se uci na intenziven kurs so profesor na koj jazikot koj go predava mu e majcin, no majka na eva zivee i ke prodolzi da zivee bar vo narednite nekolku godini vo Radovis i pretpostavuvam deka takov kurs i takov profesor tamu tesko ke najde, no i pokraj toa ne mora da sedi so skrsteni race
jazici denes vo erata na iternet se ucat na mnogu nacini, so luge koi zboruvaat germanski ili bilo koj drug jazik moze da stapi vo kontakt na mnogu nacini, postojat online kursevi od koi moze da se nauci osnovna gramatika i recnik, postojat bogati online recnici koi moze da se koristat vo ucenjeto, na internet moze da se najdat tekstovi od site oblasti na zivotot na bilo koj jazik i da se iskoristat vo ucenjeto na nekoj jazik, postojat online drustveni mrezi cija tematika e ucenje stranski jazici i tamu pristapuvaat luge koi se voljni na onie koi sakaat da naucat da im pomognat, ako sakas da naucis ke naucis ne mora sekogas da se sledi konvencionalniot pat, barem ne vo denesnicava
normalno deka koga ke stigne tamu ke treba da go prilagoduva jazikot bidejki ke dojde vo kontakt so ziv jazik, no steknatoto dotogasno znaenje ke i bide od golema pomos, ke ima osnova na koja ke nadograduva, a jazik se uci cel zivot, ni majciniot ne uspevame da go naucime vo potpolnost duri sme zivi pa kamo li stranski




rina13 -> RE: Брак на далечина - за или против? (15.2.2013 14:42:39)

Брак на далечина НЕ БЛАГОДАРАМ. Пресметките кој колку има дали има за торшоци се прават пред да се планира семејство,затоа се вика и планирање семејство да си направиш есап колку ти е долга чергата и да си ги пружиш толку нозете. Какво семејство би биле ако јас сум тука а мм е којзнае каде и во којзнае какви услови(тој е човекот кој сум го избрала да биде покрај мене а не машина за пари која ќе има единствена цел да прави пари за јас овде да живеам некој си замислен самечки живот деклариран навидум како брачен живот на далечина) и што е најважно не си го гледа детето како расте, не го слушнал првиот збор, не го видел првиот чекор, не бил тука кога се разболело. Еден ден во таа трка за пари ќе се најдеме себе во ситуација да децата пораснале мажот и жената туѓинци а животот поминал. Ако по игра на случај останеме без основни средства за егзистенција заедно ќе се бориме на крај на светот ако треба ќе отидеме, ама ќе останеме семејство кое и во добро и во лошо си пружило подджка и взаемна помош.




anaana -> RE: Брак на далечина - за или против? (15.2.2013 16:31:25)

i jas ne sum za brak na dalecina.
eve i nie ne sme od skopje i dvajcata pa nekako prvo pod kirija pa eve sega leka poleka kupivme stance, fala bogu so krediti, ne e ic lesno da se snaogjas magjutoa takov e zivotot. :)))
eventualno ako dojde situacija da nemame sredstva za egzistencija bi se odlucila na odenje nekade vo stranstvo so toa sto bi gledala nekoja varijanta eve ili jas ili toj, zavisi koj ke uspee da najde rabota, da odi na nekoj 2-3m da vidime kako e sto e, pa ako go biva da barame nacin da sme tamu zaedno.
ova prvo na 1 godina, posle na uste edna, pa posle na uste 2
pa mozda posle ke dobie viza, nekako ne mi e sigurno.
jas ne sakam toj tamu da sedi, da bide masina za pari, da raboti. jas ovde da gledam deca.
toj sam, jas sama, decata sami. nekako sekoj na svoja strana. a zivotot si odi, ubavite momenti ne se vrakaat i nekako od toj aspekt brakot mi nema smisla.
tocno e deka se pravat zrtvi, ne se zivee od ljubov.
ama ako vie ne ste od skopje, zosto ne probate nesto rabota vo skopje. bilo kakva nekakov pocetok.
opcii ima.
mozebi jas sum taka pofamilijaren covek, prioritet mi e da si go zadrzam semejstvoto, da ne sme oddeleni pa ako treba i dve raboti ke rabotam ovde. ne se sramam od rabota taka da odenjeto vo stranstvo na eden, dodeka drugiot ceka doma, decata samo so eden roditel drugiot na skype, za mene e epten kraen cekor ako veke se probale mnogu opcii ama nisto ne uspealo




Ikana -> RE: Брак на далечина - за или против? (15.2.2013 17:29:16)

Видете значи, факт е дека треба многу да се има енергија и посветеност за ваков потег, но од друга страна, само тие што поминуваат низ тоа знаат како е.
Мајка на Ева, ви посакувам многу храброст, среќа и што почести посети на сопругот, па израдувај не некој ден и пиши дека сте заедно! Среќно!!![sm=bravo.gif]




niki -> RE: Брак на далечина - за или против? (17.2.2013 11:58:48)

ne mi se dopaga sto otkako se smeni naslovot stoi i "za ili protiv", toa nekako povikuva na prepukuvanje[sm=smiley36.gif]
imam stav protiv, ama toj stav go steknav otkako go probav brakot na dalecina i zakluciv na sopstveno iskustvo deka toa nesto ne e za mene, sto ne znaci deka nekoj drug mozebi nema podobro da se snajde
temava e interesna i neiscrpna i ne ima mnogumina koi od prva raka bi mozele mnogu sto da napiseme na nea, no nekako so samiot naslov se ubiva diskusijata, i so tek na vreme ke se svede samo na za ili protiv ko ga glasame na referendum, a zivotot ne e referendum, pricinite zosto nekoj se odlucuva se razlicni i mnogubrojni, nacinite na koi nekoj se spravuva so vakviot brak se isto taka razlicni i mnogubrojni, posledicite od vakviot zivot isto taka se razlicni i mnogubrojni...
mnogu podobro mi zvuci prasanjeto: Sto mislite za brak na dalecina, kakvi se vasite soznanija i iskustva? odkolku vakvata crno vs. belo varijanta




Martins mom -> RE: Брак на далечина - за или против? (17.2.2013 16:17:03)

Еднаш се случи мм да има работа 5 дена во друг град, леле луѓе збудалев...и психички и физички. Мнооогу ми недостигаше, ептен е тешко кога сама ќе легнеш и сама ќе станеш, нема со кој да разговараш, да споделиш чувства[sm=smiley13.gif], а да не зборам за тоа што цепев и влечкав дрва на 3 спрат (за тоа најмногу ми фалеше[sm=smiley36.gif]), затоа брак на далечина-никако, за ниедни пари! Кај тој, таму и јас и детето!




srculko -> RE: Брак на далечина - за или против? (20.2.2013 14:02:09)

da dadam i jas svoe mislenje mm e na misija pomina edem mesec ostanaa uste pet koga li ke pominat pred da odi zosto ne se znaese za sigurno dali ke odi ili ne sakase i toj sakav i jas ne deka od mnogu arno kako prvo nemame kade da ziveeme znaci pod kirija sme imame dete i zatoa najveke sakavme da odi.e sega od kako e tamu ni e tesko i mene tuka sama so dete baska pod kirija nemam pomos od nikoj treba za se da se grizam ne da se rasfrlam so pari so se vika zasto znaeme zosto e otiden nemu tamu mu e tesko sto e kako prvo bez deteto vo da receme rizicna zemja no toa e sami resivme da odi da znaev kako ke mi bide podobro da ne odese pa ke se snaogavme nekako i za stanbenoto prasanje dali so krediti ili nekako drugo no ete toa e znaci pred da se pocustvuva na svoja koza nema da znaes kako e sto e toj sakase edno vreme duri i da napusti od tuka da odi privatno no sega ne blagodaram samo da si dojde ziv i zdrav pa kolku ima tolku zosto zivotot e kratok e sega se zavisi i od rabotata parite i covekot .




Ana1Dimitar -> RE: Брак на далечина - за или против? (11.3.2013 8:20:52)

Искрено треба заемно разбирање и многу љубов. Ако треба едниот да оди и да работи одалечен од своите, само љубовта и посветеноста кон своите можат да направат помине побрзо. Поготово кога го исчекуваш денот да се видите, па дури и минутите се вазни тогаш. Но ако мораш се издржува, но за краток период, а за подолг период, незнам. Тешко ќе ни биде. Оти друго е кога сме заедно, е друго сами. Негде околу 2 месеци се гледавме само викендите, и многу тешко беше, затоа за подолг период многу тешко. Но што е тука е ако мора се се издржува. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] ХРАБРО САМО




Mihaela 2010 -> RE: Брак на далечина - за или против? (11.3.2013 8:38:22)

I jas najverojatno ke bidam nekoi si 6 meseci sama,mm ke odi od rabota na misija,uste ne e definirano ama ima golemi sansi...neznam kako ke bide,zatoa ne ni sakam da mislam ,koga ke dojde vremeto se ke si pokaze[sm=zmeden.gif]




Ikana -> RE: Брак на далечина - за или против? (11.3.2013 8:51:20)

Михаела, времето поминува, тоа е факт. Работата е само како ќе го искористиш и распоредиш тоа време. Јас и мм сме веќе точно 9 месеци одвоени поради виша сила. Да знаевме дека ова ќе се случи, никогаш немаше да се разделиме туку заедно се ќе направевме.

Само не мисли лошо, биди позитивна, гледај да си зафатена и биди јака пред се.




Mihaela 2010 -> RE: Брак на далечина - за или против? (11.3.2013 8:57:18)

najverojatno moite ke dojdat kaj mene,zaradi gradinkata na M,ne sakam da i poremetuvam a i leto ke e dvorce kukja...samo psihicki koj znae kako ke izdrzuvam,ne e tolku dalecinata kolku sto ide vo rizicna zemja...ama otom potom,cekaj prvo da vidime dali ke ide[sm=smiley36.gif]




Ikana -> RE: Брак на далечина - за или против? (11.3.2013 8:59:05)

Да тоа е најважно да имаш добар систем на поддршка.
Твоите ќе ти бидат огромна помош, а деновите колку брзо летаат не си ни сама свесна!




anaana -> RE: Брак на далечина - за или против? (11.3.2013 9:01:39)

tesko e... i da ne e rizicna zemja tesko e. ako odis na rabota malku ke ti e polesno ama ama malku,
mm koga zamina od rabota na 3 meseci, jas uste bev na porodilno, otidov kaj majka mi da sedam. taa mi pomagase okolku deteto i toa premnogu, ama taa odese na rabota jas sama po doma, denot nikako ne pominuvase. internet skype, ama ne e e toa toa :))
ama hrabro toa sto se mora se mora. ne deka vie sakate da se razdeleni, ke pomine.




Calypso -> RE: Брак на далечина - за или против? (11.3.2013 9:17:49)

И ние со мм сме разделени, бракот ни функционира на далечина моментално, иако не требаше да биде така. Ако знаев дека толку време ќе ни одземе, немаше да прифатам ваков живот. Нејсе, се надевам дека наскоро ќе се промени ова.
Михаела, имаш целосна моја поддршка. Верувај, знам како ти е. И мм додека бевме во врска беше во ризична земја, не на мисија, ама сепак странец во земја во која баш и не ги сакаат странците. Година и пол вкупно беше таму, а јас бев со него таа половина година пред конечно да си дојде. И секогаш кога ќе слушнев дека се случило нешто, срцето ми застануваше, немав мир додека не се слушнев со него. Никому не го посакувам тоа чувство, страшно е. Ми се чини дека штом тој период го преживеав, можам се. Така и ти ќе можеш, без грижи. Само исполни си го времето да не мислиш постојано на него и каде е и што прави во моментот. Ќе помине, верувај.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]