sandriana RR -> RE: Дневни весници и списанија (14.2.2013 9:46:20)
|
Јас до ден денес сум зависна од печатен медиум- те, од дневен весник. Останата ми е навика од дете - дедо ми купуваше секое сабајле и си читаше раатски по саат-два. Откако почина, традицијата продолжи и натаму, само се смени весникот. И кај мм ја имаат истата навика (нали, у заедница сме), па редовно дома има дневен печат. Што се тиче списанија- како тинејџерка купував редовно неделни или месечни списанија, ама после буџетот се насочи на друга страна, и ги баталив. Сега, коа ќе одам кај мама ми паѓа по некое трач списание-неделник у рака, па се занимавам пола саат [sm=smiley36.gif]. Електронскиве форми на списание не ми се мој фах, и јас сакам да ми шушне хартија, па и да однесам накај тоалет занимација [sm=smiley36.gif]. Ако ми падне во очи некој линк објавен на социјалниве мрежи од некој портал, тогаш знам и така да читнам. Сепак сум зависник од дневен печат, во опиплива форма[sm=smiley1.gif].
|
|
|
|