sandriana RR -> RE: млеко во тетрапак (14.10.2015 9:53:32)
|
tincule, прво муабетот дека се прави крварење од било какво млеко, туку така, навистина не држи вода. Второ, точно - во градинка даваат само кравјо млеко, но тоа е најчесто во комбинација со храната - млеко со бисквити, на пример, или како млечна каша. Треба да имате пробано кравјо млеко пред да појде во градинка, чисто да си сигурна дека нема да има алергиска реакција. Трето, мој совет, лично мислење - нема потреба од толку млеко меѓу оброци. Сосем доволно е наутро и навечер пред спиење, или пред денското преспивање и навечер. Во меѓувреме може да понудиш чај, вода, свежо овошје... Млекото во тетрапак не е штетно, но секако нема ниту некоја особена придобивкам од него. Во градинките го користат како најисплатлива и наједноставна варијанта за подготовка на оброци, особено во јаслените групи. Двете деца се уште цицаа (малото уште цица)и откако почнаа во јасли, и немаа никаков проблем со моментот дека во градинка внесуваат кравјо млеко.
|
|
|
|