Bethany -> RE: Родителски стеги (21.2.2013 12:02:42)
|
Прво, не се сложувам дека во пубертет треба да се пуштат децата во правци кои тие сакаат да одат. Пред се, пубертет е едно кризно доба, хормоните лудуваат, тинејџерите не се способни да донесуваат разумни одлуки и да согледат работи такви какви што се, иако се убедени дека се и најдобро се знаат! Нели, сите го поминавте тоа [sm=smiley1.gif] Родителот од малите нозе треба да го испитува детето за што е талентиран, да обрнува внимание на интереси на детето, и во текот на годините може да управува детето полека, нежно , во правец каде дете ќе се чувствува најприродно, каде ќе биде најисполнето. Тоа се се побркува со пубертет, и баш напротив во пубертет родителот треба да има четворе очи отворени. Е сега, знам од теорија и пракса од блиските луѓе дека не фукционира да забрануваш нешто и да се поставаш во смисла:јас сум родител и мораш да ме слушаш... Тоа всушност има контра-ефект, ама па и ако другачије постапуваме пак ќе е тешко да се справиш со еден тинејџер. Затоа јас верувам дека основата за полесно да се избориш како родител со еден пубертетлија, се поставува уште од самото детство. Со принципи, со разговори бескрајни, со меѓусебна доверба, со границите кои родителот има поставено а баш поради таа доверба детето сфаќа дека тоа е за неговото добро и љубов итн. Родителот треба да биде многу мудар, да знае како треба да се однесува со различити возрасти на детето, и самиот да се прилагодува за да може да допре до детето, а да го остави самото да се избори во тинејџерски години тоа никако Не! Тоа може само да оди по лош пат, сигурно нема да изабере вистинскиот пат, можеби да после многу, многу изгубени години и направени грешки кои некогаш може да бидат и кобни.... Пре ќе изберат да одат да пијат, пушат и дрогират се, отколку да прават нешто за нивна полза. Е затоа е многу битна основа и разговори уште пред да дојдат во ова време. А тоа што ќе речат комшиите не знам зошто да се спомнува, па јас ќе се грижам и ќе правам што е најдобро за интерес на моето дете лично, а не поради некој друг. На тоа ни не помислувам, што друг има со моето семејство. Со тек на годините, како дете одраста, треба да му се пружа да има избор и да сноси некои последици од неговиот избор, ама се во склад со годините, ама пубертетски години сигурно не е време кога треба да се остави да биде самостојно целосно. Може некако да се изведе тинејџер да мисли да е самостојен, ама родител да сепак некако преку ненаметлив разговор влијае со своите совети и мерки... И така... многу теорија, пракса немам, ќе се видам кога ќе дојдам во ово време.... За мене како родител, со мојот карактер, ќе ми треба доста кршење и прилагодување, повеќе мекост, за детето да не избега од мене [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|