|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: што правите за "своја душа"?
11.7.2011 12:20:14   
stela
И јас дојдов до жалната вистина дека во последно време (веке 8 месеци), немам ни миг за своја душа :( времето лета, немам ни миг оддишка и се чудам од каде ми доаѓа енергијава, а на мојава душа не и овозможувам скоро ништо од старите задоволства. Не знам, доколку наутро на раат успеам да го испијам кафето тогаш добро ми почнал денот. Кога еден саат во тек на неколку недели ке го оставиме синчето кај некоја од бабите, зашто не ни се во ск, тогаш чувствувам олеснување, но не подолго од тој час, после кој чувствувам грижа на совест, и за кое време можеме со мм само да се едвеземе до велешко езеро и да пиеме кафе...но повторно ништо сама, повторно ништо само за себе...

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 51
   RE: што правите за "своја душа"?
1.3.2012 15:43:28   
vezilka RR
Ова некако го разбирам како што правам за да се релаксирам. Најмногу ме релаксира читање, а има периоди кога сакам да се раздвижам, тогаш одам на фитнес или возам точак. Во последно време само читањето можев да си го дозволам оти за се друго некао немам време. Понекогаш имам чувство дека времево ми се лизга низ прсти. Еве сега малку да затопли и планирам на зумба фитнес да идам, за своја душа.. user posted image ..а и за слабеење малку.

(Одговор на членот stela)
Непосредна врска до пораките: 52
   RE: Што правите за "своја душа"?
1.3.2012 15:57:33   
JovanaJ
Mnogu od rabotite sto sum gi pravela za svoja dusa sega nemam dovolno vreme da gi napravam.
Ama zatoa pak onoj moment koga ke mozam sama da se opustam mi e sega mnogu poskapocen i mnogu poveke uzivam vo nego...koga ke legne sin mi porano pa jas mozam da procitam nesto, da gledam nekoj film, da slusam muzika, da se opustam mi e toooolku ubavo najverojatno deka ne se slucuva tolku cesto user posted image
Inaku hronicen nedostatok na vreme imam. I ke zgresev ako ne uplatev za casovi Joga. Ete i toa mi e sega plus vreme samo za sebe...i super e...user posted image


< Поракaта ја уредил Ikana RR -- 2.1.2013 22:56:20 >


_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 53
   RE: Што правите за "своја душа"?
25.6.2013 21:47:30   
deluxe
Тоа време одамна помина кога секој момент го трошев за своја душаuser posted image user posted image ,Сега чекам слободни 30 мин. Варам кафенце,додека се лади се туширам и седнувам во тишина да го испијам,нормално со по некое цигарчеuser posted image и РР пред мене на лаптоп - абе уживанција(кафе со комшивки не пијамuser posted image )

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот JovanaJ)
Непосредна врска до пораките: 54
   RE: Што правите за "своја душа"?
25.6.2013 21:59:19   
Bethany
Читам книга или ништо не правам, уживам во тишина, сама со себе...
Ме опушта најмногу да ги средувам ноктите на раат , и тоа сега ми дојде онака како релаксација.
Одев на вежбање додека беше за моја душа, после ми стана обврска па ми здосади.
Излезам навечер со другарка ми на пијачка, да се релаксираме со винце.
Купам чипс и пиво и јадам сама навечер и гледам филм/серија, додека малиот спие а мм е со обврските.user posted image
Седам за компјутерот за моја душа... Купам си нешто, ситно барем.. И така, има доста некои ситници, ама битни работи за мене.



_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 55
   RE: Што правите за "своја душа"?
25.6.2013 22:23:04   
Палешка РР
Пуканки си правам како сега на пример.
Цело тенџере сама го јадам, никој нејќи user posted image user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 56
   RE: Што правите за "своја душа"?
25.6.2013 22:48:50   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

Цело тенџере сама го јадам, никој нејќи user posted image user posted image

Јас сакам, јас, јас!!!

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 57
   RE: Што правите за "своја душа"?
25.6.2013 22:51:32   
Палешка РР
Ајде Felly повелиииииииииии, одма друго тенџере пукам user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 58
   RE: Што правите за "своја душа"?
25.6.2013 23:21:03   
sandriana RR
За своја душа јадам сладолед,и во сред зима, крадам половина час, да пролутам сама по улици, читам за своја душа,и гледам ЦСИ само за мој ќеиф, и ја сонувам нивата лабораторија, пак за моја душа user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 59
   RE: Што правите за "своја душа"?
25.6.2013 23:34:43   
vezilka RR
Ете така да си залегнам и да си читам. Арно ама времето кога можам тоа да го правам се сведе на после 11 кога ќе заспијат мажите. Е набрзо и мене ми се приспива. Па така уживам само еден саат, или нешто повеќе.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 60
   RE: Што правите за "своја душа"?
26.6.2013 6:52:16   
bucko mal
Si pravam raboti za ,,svoja dusha" I zatoa edna super majka me kritikuva kako mozam detevo da go ostavam na mm da go cuva,ama site nie sme razlicni neliuser posted image tatko mu go cuva ne komshiiteuser posted image
Bebushov imashe 5 meseci koga pocnav na shkolo,sekoj den po dva saati e sega koga ke se vratam ima shto da vidam,ama toa e tato nemoze se istovremeno da praviuser posted image
Sabota I nedela nasabajle dodeka spijat jas odam vo teretana eden saat I tamam koga ke se vratam oni stanale I zaedno sme posle.
Si izlagam I sama so prijatelki nesum za zalenjeuser posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 61
   RE: Што правите за "своја душа"?
26.6.2013 9:11:59   
miana
Пааааа правам многу работи,само што ретко имам време за "својата душа" user posted image
За моја душа одам на кафе со другарки,за моја душа одам на козметичар ( педикир,маникир)
За моја душа од понеделник почнувам на третмани техни спа за слабеење,за моја душа читам книга,за моја душа купувам парталчиња што ми се неопходни,мммм па и јас вчера за моја душа си правев пуканки user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 62
   RE: Што правите за "своја душа"?
29.11.2013 13:54:39   
Mihaela 2010
Citam....obozavam knigi i sekoe slobodno vreme go koristam za citanje..i bas mi e onaka superuser posted image

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 63
   RE: Што правите за "своја душа"?
29.11.2013 15:44:03   
LoveableMe RR
Ќе одам на фризер да ме исфенираат и да си имам фен-фризура неколку дена, ќе си легнам пред ТВ и ќе си пуштам некое филмче добро, обично што ги викаат женски филмови што мажите не ги сакаат многу, романтични комедии и сл., ќе си се напијам 1 чаша винце (во зима) или 1 чаша пивце (во лето)....само одамна не сум имала време за себе, се нешто сум со обврски и во трчање.....

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 64
   RE: Што правите за "своја душа"?
29.11.2013 16:26:14   
deluxe
За своја душа седнувам во тишина да се напијам кафе и рат цигарчеuser posted image Или да стојам со саати пред огледало да си правам пробна фризура или шминка,онака без повод ...за своја душаuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 65
   RE: Што правите за "своја душа"?
29.11.2013 23:15:06   
Палешка РР
Палам цигара user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 66
   RE: Што правите за "своја душа"?
7.2.2014 1:28:50   
Defne90 RR
За моја душа најчесто што правам тоа е да си седнам пред компјутер да си принесам до мене едно гоооолемо чоколадо да си пишам по РР и да си пијам некое газирано сокче.Ете во последно време ова го правам за своја душа иако веќе треба да прекинам со чоколадото и сокот.Седењето на РР си останува тоа дефинитивно ме релаксира и ми ги полни батериите и после откога ќе станам многу попозитивно размислувам и сум по расположена.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 67
   RE: Што правите за "своја душа"?
7.2.2014 11:28:47   
ivoni4ka
моментално за моја душа си правам кафе и цигарче пред компјутер, сама едно 2-3 саати пред керка ми да дојде од градинка

_____________________________



(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 68
   RE: Што правите за "своја душа"?
7.2.2014 11:44:11   
princessa
da citam ili da si slusam muzika za svoja dusha ispruzena na krevet, bez decata okolu meneuser posted image

(Одговор на членот ivoni4ka)
Непосредна врска до пораките: 69
   RE: Што правите за "своја душа"?
12.6.2014 0:26:34   
elenak
Си излегувам со луѓе што ги сакам и си пијам по 1-2 штокчиња, и убаво ми е. Еве баш сега ми е многу убаво.user posted image Си се вратив полна со енергија и љубов.user posted image user posted image user posted image

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 70
   RE: Што правите за "своја душа"?
12.6.2014 23:28:28   
bucko mal
Od ova sto sum go pisuvala pred edna godina,denes nema nisto se e smeneto.user posted image
Od vezbanjeto vo teretana ne ostana ni bukvata T,a setanjeto so drugarki po kafinja-mafinja I toa mnogu retko.Osven koga odam na uciliste pa na pauza ke odime nadvor na rucek ili kafe.
Znaci,za moja dusa sega gotvam,jadam I stavam vishok kg.user posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: bucko mal RR

Si pravam raboti za ,,svoja dusha" I zatoa edna super majka me kritikuva kako mozam detevo da go ostavam na mm da go cuva,ama site nie sme razlicni neliuser posted image tatko mu go cuva ne komshiiteuser posted image
Bebushov imashe 5 meseci koga pocnav na shkolo,sekoj den po dva saati e sega koga ke se vratam ima shto da vidam,ama toa e tato nemoze se istovremeno da praviuser posted image
Sabota I nedela nasabajle dodeka spijat jas odam vo teretana eden saat I tamam koga ke se vratam oni stanale I zaedno sme posle.
Si izlagam I sama so prijatelki nesum za zalenjeuser posted image



_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 71
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 [3]
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?