Жената од вашите соништа? (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Сексуалност



Порака


Еца -> Жената од вашите соништа? (6.5.2009 7:45:04)

Еве сега да не биде дека на форумот и страната сме само жени,ајде татковци пишете ни дали вашите сопруги се поклопуваат со оној профил на жена од соништата или вие продолжувате да живеете во сегашноста,а фантазијата останува дел од соништата?




Боцко -> RE: Жената од вашите соништа? (6.5.2009 8:18:59)

Жена на моите соништа - мојата сопруга, дефинитивно!
Често знам да речам дека сум среќен што сме се нашле, два дела од една душа. Се разбира дека не е секогаш се мазно, несогласувања и кризи има и ќе има, но сме поминале многу заедно, и добро и лошо а тоа не би било можно без љубовта и поддршката што си ја даваме.
ОК, машко не е машко ако не погледне на улица во некоја друга, па искоментира „машки“. Тоа е во нашата природа. Но, постои разлика помеѓу такви „соништа“ кои се сведуваат на „флеш“ и она што е трајно.




mami -> RE: Жената од вашите соништа? (5.12.2009 0:46:36)

ајде сега барем имаме повеќе татковци кои обично ова време не дружат...која е жената од вашите соништа?




Страница: [1]