Calypso -> RE: Ронење на забчињата (11.3.2013 15:06:34)
|
Еве ме, сега дури ја видов темава, извини [sm=smiley1.gif] Ронењето на забите е природен процес, значи неизбежна е абразијата во текот на животот, поради секојдневното џвакање. Кај некои луѓе забите се поотпорни, поиздржливи и помалку се ронат, а кај други е тоа позабележливо. Тоа е пред се одредено генетски, а поретко од други фактори кои влијаеле во текот на формирањето на забите. Забите кои се изразено жолти природно се поцврсти од оние кои се природно бели, дури и проѕирни. Млечните заби се поподложни на ронење бидејќи се потенки и попорозни од трајните заби. Можно е да е од шишето, конкретно од цуцлата, ама исто, кај дете може да е од нешто што постојано го гризе, на секојдневна база. Во принцип не е страшно, меѓутоа ако се забележи пребрзо ронење и смалување на млечните заби пред времето за нивната смена, тогаш може да се реагира со локално премачкување со флуориди или пак со tooth mousse кремот за заби. Во секој случај ронењето е нормална појава, само треба да се контролираат забите редовно, и по потреба да се реагира на првата појава на кариозни промени.
|
|
|
|