LoveableMe RR -> RE: Хидронефроза (6.11.2014 13:50:57)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR Јас со нови информации, хихи сама си пишувам на темава. Ако, дај боже никој да нема потреба да пишува тука. Хирургот вика не мора да брзаме. Ако на наредно ехо кое треба да го повториме на полни 6 месеци, хидронефрозата не е зголемене и ако немаме повторувачки инфекции, кои и ги немаме сега за сега, операцијата ќе ја одложиме. Е тоа не сфатив, беше многу неодреден, за тоа до кога ќе ја одложиме. Рече некогаш се чека до годинка, некогаш до две, а некогаш до пубертет. Веројатно зависи од случај до случај. VezilkaRR, мислам дека е тоа убава вест, бидејќи колку поголем е, толку подобро тогаш да се прави операција, а не сега кога е многу малечок, освен нели ако ептен мора....гледајте да одржувате така и што подоцна да биде операцијата, за него ќе биде подобро. Позз
|
|
|
|