arh_diz -> RE: Мобилни телефони (30.12.2009 14:12:44)
|
Истражувањето во кое биле вклучени 4 илјади жени покажало дека тие повеќе ги сакаат и повеќе внимаваат на мобилните телефони за разлика од мажите. Резултатите покажале дека голем број жени би биле разочарани ако го изгубат мобилниот телефон, а една третина кажале дека без проблем можат да живеат без мажи. За жените најважни се нивните мајки, потоа следат фотографиите бидејќи се поврзани со важни спомени, а потоа следат мобилните. На четврто место се пријателите и на петото место се мажите. Според истражувањето спроведено на интернет страната Borro.com, мажите се повторно на петото место, а пред нив се дијамантскиот прстен, домашните миленичиња, лаптопот и пеглата за коса. Секоја петта жена е спремна да ги заложи своите работи за пари, а голем дел од нив би ги замениле мажите за 700 000 фунти.
|
|
|
|