Македонија во ЕУ (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


mami -> Македонија во ЕУ (14.10.2009 14:18:51)

само што го прочитав ова

Република Македонија и официјално доби препорака за старт на преговорите со Европската унија, иако и според сите досегашни нацрт верзии и дипломатски извори, беше речиси извесно дека Македонија ќе добие неусловена препорака за почеток за преговорите.„Препорачано е отворање на преговори за членство на Македонија во Европската унија. Земјата оствари уверлив напредок и суштински се осврна на клучните приоритетите, кои во нивниот жаргон се нарекуваат 8 + 1 одредница“, рече Оли Рен, еврокомесар за прошурување.„ЕК смета дека земјата ги задоволува политичките критериуми од Копенхаген и затоа препорача старт на преговорите. Верувам дека Владата во Скопје ќе го сфати ова како мошне силен поттик, охрабрување, конечно да го разреши прашањето на името, кое е тука веќе 18 години“, додаде Рен.Претходно А1 дозна дека Европската комисија признава дека Македонија остварила напредок во европските интеграции, но сепак во извештајот има сериозни критики за независноста на судството, за имплементација на реформата за јавната администрација, критики за полициското насилство.Не изостанаа ни критиката за етничките смени во училиштата, особено инцидентите во Струга.Брисел исто така не е задоволен и од реформите за антидискриминација, последен акцент е ставен на правата на хомосексуалците.Европската комисија упатува критики до Владата и медиумските сопственици, Брисел е загрижен и за автоцензурата на новинарите и недостатокот од слободата на изразување, особено кај печатените медиуми.Не се поштедени ниту владините реклами. Медиумските бизниси остануваат легло за корупција, оценува ЕК.Во извештајот влегоа и притисоците врз Уставниот суд по скандалот со веронауката. Брисел бара дополнителен напор во обезбедувањето независно судство.Останува исто така да се види дали и како Брисел годинава ќе се осврне на проблемот со Грција.




Сани -> RE: Македонија во ЕУ (14.10.2009 14:26:48)

ај со среќа нека ни е!




mother 29 -> RE: Македонија во ЕУ (14.10.2009 14:30:43)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] 

колку ке е позитивно- толку негативно!еве ја бг. не можат да се оправат...по европски цени,а исти плати..
ај во контекс на ова ,ако би направиле анкета дали сте за или против влез во ЕУ,како би се изјасниле?




nadica -> RE: Македонија во ЕУ (14.10.2009 14:35:01)

Република Македонија и официјално доби препорака за старт на преговорите со Европската унија, иако и според сите досегашни нацрт верзии и дипломатски извори, беше речиси извесно дека Македонија ќе добие неусловена препорака за почеток за преговорите.


да доби препорака за старт




Enika -> RE: Македонија во ЕУ (14.10.2009 14:57:38)

so nashava ekonosmak sostojba use tie ceni ni falat:Dtreba da se poraboti na mevrabotenosta i goleminata na platite...a nie samo toneme ekonosmki a ke ni lupnat evropski ceni:(




big_mama817 -> RE: Македонија во ЕУ (15.10.2009 12:05:11)

е па со среќа [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Страница: [1]