Македонскиот јазик официјален и на друго место (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


mami -> Македонскиот јазик официјален и на друго место (14.10.2009 14:21:21)

Општина Пландиште според пописот на населението од 2002 година има вкупно 13.347 жители од кои 1.290 или 9,69 насто се Македонци по потекло.Според српскиот закон за национални малцинства, доколку бројот на припадниците на определено национално малцинство по последниот попис на населението во вкупниот број на жители на општина или месна заедница изнесува најмалку 25 насто, јазикот и писмото на националното малцинство се прогласуваат за службен јазик и писмо на општината и месната заедница.Во село Дужина бројот на Македонците изнесува 68 од вкупно 218 жители, односно околу 30 насто од вкупниот број жители.Имајќи предвид дека во месната заедница Пландиште, каде што е седиштето на општината Пландиште, од вкупно 3.447 жители бројот на Македонците изнесува околу 20 насто или 910, бројот на Унгарците е 243, на Романците 73, на Ромите 63, на другите 41 и на Србите 2.117, а за службени јазици прогласени се унгарскиот и романскиот јазик и нивните писма.Советот на општина Пландиште одлучи на првата наредна седница да донесе одлука за прогласување на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо за службен јазик и во месната заедница Пландиште.Досега во Србија за службен јазик, македонскиот јазик и неговото кирилско писмо беше прогласен само во село Јабука, општина Панчево, со одлука на советот на општина Панчево.„Сметаме дека ова е значајна одлука за афирмација и промоција на македонскиот идентитет на овие простори. Македонците живеат и во Србија. Ние сме лојални државјани на оваа земја, меѓутоа горди сме на нашите корени, горди сме на нашите корени во Македонија, горди сме што сме Македонци по потекло“, изјави Радослав Стефановски, шефот на советничката група на Демократската партија на Македонците во Србија во општина Пландиште.Тој посочи дека одлуката на Советот на општина Пландиште покажува дека разликите не создаваат омраза меѓу различните етноси во Војводина, туку ги обединуваат.

извор- А1




Сани -> RE: Македонскиот јазик официјален и на друго место (14.10.2009 14:29:58)

супер Мами но во Војводина има навистина многу Македонци, свекор ми и свекрва ми живеат таму.
би требало и на други места да воведат македонски како официјален. но и ова е добро за почеток!




mami -> RE: Македонскиот јазик официјален и на друго место (14.10.2009 14:32:08)

полека но сигурно...добро е што од некаде се почнало и добро е што имаат таков закон...




Сани -> RE: Македонскиот јазик официјален и на друго место (14.10.2009 14:37:33)

супер , супер важно е да се започне!




Natasha5 -> RE: Македонскиот јазик официјален и на друго место (14.10.2009 18:12:21)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Страница: [1]