babyhope -> Советувалиште за стерилитет (11.3.2013 18:29:32)
|
Ајде девојки одамна ја мислам оваа тема и еве благодарение на Мартовскиот спектакал [sm=bravo.gif]- одлична можност да дискутираме. Ни треба ли Советвалиште за стерилитет на ГАК во кое ќе работи стручен тим од доктори, сестри, психолог и социјален работник за потребите на брачните двојки кои се соочуваат со овој проблем, а не има во се поголем број??? Дали ако не беше РР ќе имавме каде да се обратиме за прашања и искуства поврзани со ова? Мене навистина ми е поразително тоа што има голем број на парови кои (од многу причини) не знаат каде да побараат помош и поддршка, дури и за најбанални проблеми, а знаеме дека до медицинскиот персонал по редовна постапка може да дојдеме многу тешко и се консултираме многу кратко. Какво е вашето мислење???
|
|
|
|