|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  6 7 8 [9] 10   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: вреќичка за спиење или ќебе?
13.11.2012 10:26:31   
@Mila@
ИЗВОРНА ПОРАКА: Beatris RR

А значи можелооо??? user posted image Со особено задоволство ќе ви кажам - ЕТЕЕЕ ВИ РЕКОВВВВ! user posted image user posted image user posted image



Ti dojde dushata na mesto kikiki se isplateshe borbata bar nekolku bebcinja ke spijat vo vrkjicki zatopleni :) i nekolku mamicki ke mozaat na raat da spijat da ne go mislat bebushot dali e otkrien kikik

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 201
   RE: вреќичка за спиење или ќебе?
13.11.2012 12:20:05   
Bethany

ИЗВОРНА ПОРАКА: Cipi Ripi


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany

Ете конечно земав вреќичка. Од Стружанка, 750 ден. Уште да ја исперам утре и да ја пробаме. Мене ми се допаѓа многу и убав материјал е. А ни тенка ни предебела. Таман. Ноќва кога станав пак тој откривен, додуша уклучив панел во собата, ама сепак не е за да се спие откривен. Само уште и на него да е убава user posted image

Значи од Стружанка си земала, иста ко мојата. Супер е Бетани, ќе видиш многу топло држи а не поти. Ставај бебе во вреќа и не глеј убав да ти биде, битно нема да го препокриваш по 20 пати туку ќе си спиеш на раат.

Да, фала ти Ципирипи на информацијата user posted image

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 202
   RE: вреќичка за спиење или ќебе?
13.11.2012 13:03:53   
Џесика
Вчера на ибеј видов вреќи вез величини како шаторски со патент од страна, го зафаќаат цел кревет и да се врти е покриено детето. планирам да си порачам, па ќе видиме како ќе се покажат

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 203
   RE: вреќичка за спиење или ќебе?
3.1.2013 14:19:51   
caci 23
jas morav da kupam vrekicka sto e kako skafanderce,zasto jana ne dozvoluva nozinjta da i bidat pokrieni.pa so ovaa vrekocka sega sum raatuser posted image ne tenka a ne e ni predebela,sovrsena euser posted image

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 204
   RE: вреќичка за спиење или ќебе?
3.1.2013 14:33:31   
Bethany
Вреќа е закон!

(Одговор на членот caci 23)
Непосредна врска до пораките: 205
   RE: вреќичка за спиење или ќебе?
3.1.2013 14:40:30   
Pepelaska *

ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР

Вчера на ибеј видов вреќи вез величини како шаторски со патент од страна, го зафаќаат цел кревет и да се врти е покриено детето. планирам да си порачам, па ќе видиме како ќе се покажат

Купи ли Џесика? Ако си задоволна кажи ми и јас да порачам ( колку се) оти ва мое дете само отскриено спие

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 206
   RE: вреќичка за спиење или ќебе?
3.1.2013 18:05:18   
Regina
Моето бебенце го покривам сега за сега со ќебенце, сеуште е многу малечко за да се открива. Си спие така како че го оставам. Но здравје за натаму сум во план да земам вреќичка, ми се гледаат практични, барем нема постојано да се открива.

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 207
   RE: вреќичка за спиење или ќебе?
22.9.2013 9:07:44   
Felly RR
Ние моментално сме во потрага и по вреќичка за спиење и по ќебе. Најдов тука кај нас едни убави вреќички, ама сепак се дебели за ова време, а бебешкото ќебенце веќе ни е мало. Барав детски ќебиња, и само два модели најдов во цел град.user posted image А и не се баш нешто посебно убави, многу се тенки. Дома имам нови ќебиња, ама не се со детски дезен и М не ги сака, па дури откако ќе заспие ја покривам. Ама сакам да и купам некое големо, со детски дезен. Ајде давајте предлози каде да побарам, па макар и во СК.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Regina)
Непосредна врска до пораките: 208
   RE: вреќичка за спиење или ќебе?
23.9.2013 8:51:27   
Slagjana
Ќебенце детско и јас немам видено, а вреќа за таа возраст лани имаше во Анжи во Скопје. Ние ја користиме баш за овој период. Танка е со ракави кои се вадат. Имаме и подебела, ама за неа топло е сеуште.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 209
   RE: вреќичка за спиење или ќебе?
23.9.2013 9:39:38   
Mihaela 2010
jas imam problem so detevo i spienjevo,abe sekoja nokj samo kloca nozene kamen a taa se raklocala,imam i kebenca i jorgance i vrekjicki,no ako ja stavam vo vrekjicka mislam deka ke poludi kako sto si kloca...denovive ja pokiram so jorgance i nokeska i oblekov i corapcinja,pa vo 4 sabajle zavrsi kaj mene vo spalna

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Slagjana)
Непосредна врска до пораките: 210
   RE: вреќичка за спиење или ќебе?
23.9.2013 9:47:33   
mommy_angels RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Ние моментално сме во потрага и по вреќичка за спиење и по ќебе. Најдов тука кај нас едни убави вреќички, ама сепак се дебели за ова време, а бебешкото ќебенце веќе ни е мало. Барав детски ќебиња, и само два модели најдов во цел град.user posted image А и не се баш нешто посебно убави, многу се тенки. Дома имам нови ќебиња, ама не се со детски дезен и М не ги сака, па дури откако ќе заспие ја покривам. Ама сакам да и купам некое големо, со детски дезен. Ајде давајте предлози каде да побарам, па макар и во СК.

Фели вреќички и потенки и подебели има во Стружанка,а за детски кебиња на Бит пазар,т.н. женски пазар има навистина избор

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 211
   RE: вреќичка за спиење или ќебе?
23.9.2013 10:11:41   
sandriana RR
Јас имам преубаво волено кебенце со апликација на мече од Тетекс. Веќе го стартувавме за употреба оваа сезона. И Т се открива и клоца цела ноќ, па спие со чорапчиња. Вреќа не трпи, ама другарка ми ми даде баш пред некој ден целосни кебести пижамки, па тие ми вршат работа.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 212
   RE: вреќичка за спиење или ќебе?
23.9.2013 10:17:08   
deluxe
другарка ми ми даде баш пред некој ден целосни кебести пижамки, па тие ми вршат работа.



Сандриана ај ако може информација од каде ги купила другарка ти пижамите? такви ни требаат

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 213
   RE: вреќичка за спиење или ќебе?
23.9.2013 10:28:04   
sandriana RR
Од Америка се, золва и ги носеше дур живееше таму. Тука треба да проверам во Картерс дали има и колку се "солени".

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 214
   RE: вреќичка за спиење или ќебе?
23.9.2013 11:29:34   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Ние моментално сме во потрага и по вреќичка за спиење и по ќебе. Најдов тука кај нас едни убави вреќички, ама сепак се дебели за ова време, а бебешкото ќебенце веќе ни е мало. Барав детски ќебиња, и само два модели најдов во цел град.user posted image А и не се баш нешто посебно убави, многу се тенки. Дома имам нови ќебиња, ама не се со детски дезен и М не ги сака, па дури откако ќе заспие ја покривам. Ама сакам да и купам некое големо, со детски дезен. Ајде давајте предлози каде да побарам, па макар и во СК.


Фели дали провери во продавницата Дримс,. во зграда Табана? Таму има ќебенца, тенки се, ама многу топлат и има интересни детски со апликации или еднобојни


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 215
   RE: Вреќичка за спиење или ќебе?
23.9.2013 13:00:37   
Felly RR
Да, проверивме и таму. Ама имаше само две, и мислам дека беа со помали димензии. А баш беа тенки, викаш топлат???

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 216
   RE: Вреќичка за спиење или ќебе?
23.9.2013 13:11:09   
elenak
Фели побарај во ТАЧ. Ние имаме од таму и баш сега со тоа ја покривам, не е тенко, баш е меко и топло. Сигурно имате во ПП, ако не ќе најдеш во Скопје. Имаат многу детски дезени.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 217
   RE: вреќичка за спиење или ќебе?
23.9.2013 21:40:41   
Bethany

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Од Америка се, золва и ги носеше дур живееше таму. Тука треба да проверам во Картерс дали има и колку се "солени".

Сандриана, бев пред некој ден, ништо нема, а и оношто имаат се е до 18 месеци колку видов на брзина, се за бебиња user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 218
   RE: вреќичка за спиење или ќебе?
25.9.2013 10:19:54   
masa
Felly а да побараш на битпазар.Пред некоја година од тоа како трговски што е кај надвожњакот накај пластичарската купивме за внукот со спајдрмен големо тенко ќебе и тоа ептен случајно.Ако не таму сигурно во тие околните продавнички ќе најдеш има се таму user posted image .
А за големи вреќи за спиење распрешај се кај што има постелнини,завеси некаде и вреќи за спиење шијат.Знам една пријателка за децата си порача вреќи по 1,5метар,ама не е од СК.Јас случајно лани налетав на една 6ка тенка и ракавите со нитни се вадат и веќе ја користиме.Мајка ми ме убедуваше дека е многу голема да не ја купувам,ама баш ми се најде.Инаку како што спие ќерката немирно ќе треба по цела ноќ да дежурам дали е откриена.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 219
   RE: вреќичка за спиење или ќебе?
25.9.2013 10:35:44   
vezilka RR
Ако не најдеш со детски дезен можеш да земеш од тие поларните ќебиња од Стужанка, а ги има и во Веро, во розева боја може ќе ти го сака.

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 220
   RE: вреќичка за спиење или ќебе?
15.11.2013 18:13:44   
marchi
jas pa najdov edno dvnamensko nesto user posted image em e kjebence em mozes so patent i kopcinja da si go napravic kako vejkicka za spienjeuser posted image epten e korisno,a za spienje smetam deka sepak e podobro decinjata dodeka se mali da spijat vo vrejicka za spienje posebno vo zimno vreme.barem znaes deka mu e toplo a i nema otskrivanje vo slucaj da se ispoi ne moze da se izladi i da se "zdrvi" user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 221
   RE: вреќичка за спиење или ќебе?
16.11.2013 0:10:52   
elenak
Вреќичка е закон! За среќа ланската уште ни е точна па ќе ја поминеме и оваа зима, инаку се убив од барање, тешко се наоѓаат поголеми бројчиња. Барем и јас се наспивам кога ќе ја ставам во вреќичката.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 222
   RE: вреќичка за спиење или ќебе?
16.11.2013 9:51:31   
AnnaMolly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: marchi

jas pa najdov edno dvnamensko nesto user posted image em e kjebence em mozes so patent i kopcinja da si go napravic kako vejkicka za spienjeuser posted image epten e korisno,a za spienje smetam deka sepak e podobro decinjata dodeka se mali da spijat vo vrejicka za spienje posebno vo zimno vreme.barem znaes deka mu e toplo a i nema otskrivanje vo slucaj da se ispoi ne moze da se izladi i da se "zdrvi" user posted image

Од каде го купи тоа, марчи?

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 223
   RE: вреќичка за спиење или ќебе?
16.11.2013 9:52:52   
AnnaMolly RR
Јас ја открив Америка и пред некое време ми текна да го пикнам детево во навлаката во која му е јорганот. Долниот дел каде што се копчињата на навлаката му го свртев кај главата и цел си е пикнат под јорган и нема шанси да се открие. Ова ми беше генерална проба и сега морам да пристапам кон купување асална и по можност подебела вреќа за спиење.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 224
   RE: вреќичка за спиење или ќебе?
16.11.2013 18:47:43   
Snowhite RR
Има едни ќебенца како со ракави и тие можат да се сошијат или со петличина или со патент и така доаѓа како двонаменско. М нема шанси сега да го пикнам во вреќа и пошто се открива решението го најдовме во тоа што го зедовме да спие со нас на спална додека да смислам решение некакво, а за Ј обавезно ќе купам вреќичка зашто и таа многу се открива навечер и дури е мала да ја навикнам

< Поракaта ја уредил Snowhite RR -- 16.11.2013 18:52:02 >


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 225
Страница:   <<   < Претходна страница  6 7 8 [9] 10   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  6 7 8 [9] 10   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?