Cipi Ripi -> RE: Третмани за слабеење (3.4.2013 19:42:03)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bilence2 A како помина со кавитациите? Дали навистина се топат мастите до 25% од првиот третман? Групер ја продолжија понудата, важи и утре за тренд ас, па имам уште време да се одлучам меѓу силуете(што е поскапо а ми е ептен блиску) или тренд ас (што е поефтино ама ми е далеку треба со кола да одам). ИЗВОРНА ПОРАКА: Cipi Ripi ИЗВОРНА ПОРАКА: Bilence2 Mnogu dobra ponhda, samo cini 1800 denari, no e dobra. A nekoj bil li vo Trend As ili da imate cueno nesto dobro/loso za niv? Јас имам искуство со Тренд Ас, лани купив ваучер од Групер. Фини се девојките што работат ама газдарицата е малку нафурана и им вика, ги брза, инаку девојчињата беа супер. Сеа не знам конкретно за оваа понуда, немам видено што содржи, тогаш таа што ја купив беше 1200 и имав 5 антицелулитни, 5 БХС и 5 кавитации. Јас лично мислам дека се е тоа лажи пари, ништо од тоа немаше да излезе со некој напредок да не беа антицелулитните масажи. Така што мој совет ти е да купиш некоја понуда каде што ќе има повеќе антицелулитни рачни масажи. Колку што ми текнува повеќе видлив ефект имаше после само една антицелулитна него ли после кавитација или софт. Како плус само да ти кажам дека тоа алги е жива глупост, ќе те измачкаат со една кал прљава закоравена со 0,1% алги, на нозе раце и стомак, тоа не вреди ни 50 денари. Има и една друга понуда на групер во салон сирена(немам искуство за овој, прв пат слушам) ама некако таа понуда поубава ми изгледа а и бајаги поевтина. Разгледај ја.
|
|
|
|