RE: Ви пречи ли гужва во домот? (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Mila mamicka -> RE: Ви пречи ли гужва во домот? (10.7.2014 8:31:58)

Воопшто не ми пречи, баш напротив, ми годи. Живееме во заедница, така што постојано ни е гужва дома. А и таква фамилија сме, што постојано имаме некој на гости. Дали се роднини, пријатели, комшии, дали се наши или на старите, важно има некој. И син ми е така навикнат, и се радува нон стоп кога имаме гости дома. Сметам дека се е поубаво во друштво, па така не ми смета воопшто.




caciana -> RE: Ви пречи ли гужва во домот? (27.11.2014 10:20:12)

Ne mi preci guzva,sakam koga domot ni e poln so luge.Posebno Se raduvam na guzvata od moite vnuci




Ilina87 -> RE: Ви пречи ли гужва во домот? (27.11.2014 13:50:31)

Искрено ми пречи гужва, ненајавени гости и луѓе што се забораваат од седење. Посебно ми сметаат комшивките, пријателки на свекрва ми, кои уште рано рано ќе се нацртаат од сабајле од 9h и згора на се се премногу гласни, не внимаваат дали детето спие, а озборувачките муабети ме вадат од такт [sm=hudicek1.gif]




scared RR -> RE: Ви пречи ли гужва во домот? (27.11.2014 23:05:47)

ми пречи, не сакам многу гости, повеќе сакам кога сме сами со мм




Melanija RR -> RE: Ви пречи ли гужва во домот? (28.11.2014 12:36:06)

Да ,има денови и поводи за гужва ,останатото време го сакам за себе и семејството




Snowhite RR -> RE: Ви пречи ли гужва во домот? (28.11.2014 14:30:23)

Бидејќи последно време ретко идат гости или кафеџии понекогаш ми фали гужва, ама па од друга страна доволна ми е и гужвата која сами си ја правиме




Hopeful RR -> RE: Ви пречи ли гужва во домот? (28.11.2014 14:49:40)

Ич не сакам гужва [sm=smiley36.gif] Сакам гости, ама не често и не во преголем број, а понекогаш за родендени и слично ме фаќа паника кога ќе знам дека ќе ни се соберат куп луѓе, а и јас и мм сме такви, со куп другари другарки па станува прилично кнап [sm=smiley1.gif] Мм е ептен дружељубив и сака гости, а јас сум позатворена и сакам сама дома. Едно време имавме гости секоја, ама секоја вечер, и тоа со доцна седење иако знаеја дека сум рано сабајле на работа. Редуциравме, нема што, ем скапо, ем напорно.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]