blond -> Карневал (13.3.2013 0:28:07)
|
Струмичкиот карневал е годишен карневал што се одржува во Струмица и е еден од најзначајните обичаи и традиции од таков вид во Македонија, којшто отишол можеби најдалеку во својата трансформација од сите традиционални игри под маски, како по времето на одржување, така и по својата цел и функција. Струмичкиот карневал се одржува традиционално секоја година во рамките на тримерските денови, односно на почетокот на големиот Велигденски пост, а и самото име „карневал“, (лат.c a r n e – месо и v a l i – збогум, односно „збогум месо“), нѝ асоцира на почеток на пост, а во овој случај тоа е Велигденскиот пост. За карневалот во Струмица се смета дека е многу долга традиција. Тој бил споменат од страна на познатиот отомански патеписецот Евлија Челебија уште во 1670 година. Тој, минувајќи низ Уструмџа, запишал: ...Дојдов во еден град, расположен во полите на еден висок баир и видов како таа ноќ маскирани луѓе претрчуваа од куќа во куќа, низ смеа писок и песна... што јасно укажува на можноста дека се работи за тримерските карневалски свечености во Струмица.. Порано главната вечер на карневалот беше традиционално во вторник, а од лани е сменето и сега главната вечер е во сабота, а детскиот карневал е во недела. Сега се наближува, на 16ти Март е главната вечер. Сте биле некогаш наши гости? Планирате да дојдете оваа година?
|
|
|
|