Snow Queen -> RE: Каква свадба имавте? (2.9.2013 16:07:52)
|
Најубава [sm=smiley36.gif] за мене...многу адети немавме буквално најосновните. Си дојде музика кај него играа пееа, изиграа кај него на улица, дојдоа кај мене пред зграда, јас го гледав низ прстен, на врата китенки, плаќаа кај мене на врата, дарување сведоци само, деверот врзување машна, давање ташна и кондури.....нашите кршеа погача разменија шише со ракија, тато ме изнесе од дома, надвор игравме пред зграда 3 ора...потоа матично и црква, во ресторан започна свадбата со танго, неколку 7/8 ора наменети нели (инаку нарачки немаше,така им кажавме на музикантите), прекрасни македонски песни се свиреа, потоа дојдоа трубачи, па имаше и 1 саат лудница забавен дел....се си беше тип топ.
|
|
|
|