Pepelaska * -> RE: Мотивирање на децата во училиште (13.3.2013 11:35:08)
|
Ники па и ти сега ти текна [sm=smiley36.gif] Инаку темава е одлична, само што жално е што образованието дојде до тој степен да треба дома децата да се мотивираат. Нека ги мотивираат тие кои земаат плата за она што им е работа. Ние како родители може само да им укажеме, дека треба да учат дека тоа ќе им користи во животот. Една од најважните работи ми се чини дека е да им создадеме работна навика значи со поаѓањето на школо ќе се сменат некои работи , мора да се има ред, да им кажуваме дека како што ние одиме на работа и придонесуваме нешто така и тие со тоа што го сработиле и научиле постигнале нешто, да им го издигнеме чувството на вредност и никогаш да не им пишуваме домашни задачи и да не им стоиме постојано над глава, на пример тоа нека ја пишува домашната а вие правете нешто друго, натпреварувајте се кој побрзо ќе направи , па после тоа со разговор да се коментира околу направеното. Може и да се слика, денес децата се постојано на компјутер, може и да им укажеме на некои блогови, па да си пишуваат таму да сликаат што направиле , да постираат и.тн и.т.н
|
|
|
|