Felly RR -> RE: Што ви пречи во домот и што би промениле? (28.6.2013 10:17:47)
|
Дали сакате често да го преуредувате домот, или пак сте тип што не сака многу промени? Не мислам само на купување на нов мебел, тоа баш и не можеме да си го дозволиме секоја сезона, туку повеќе мислам на расместување на мебелот, поинаква организација на елементите, некогаш само освежување со пребојадисување на ѕидовите и сл. Јас постојано правам некои промени, не големи - ама на пр. гарнитурата и масичката многу често ги разместуваме, па на некоја столна ламба или некоја вазна и менувам локација. Сега се мислам како да ги освежиме ѕидовите. Дали да ставиме некои интересни тапети, или да ја смениме малку бојата. ЕВе една интересна статија на оваа тема. 5 едноставни идеи за преуредување на домот Кога ќе ве нападне депресијата, апатијата или лошото расположение она што треба да го сторите е со сите сили да се потрудите да ја задржите насмевката и ведрината, како на себе така и во сопствениот дом За почеток би требало да го осветлите животниот простор со ведри бои, за да ве енергизира и да ви го поправи расположението. Избегнувајте депресивни бои и лошо осветлување. Еве неколку предлози: Преместете ги предметите Понекогаш е доволно да се размести мебелот за да му дадете сосема нов изглед. Најдобар почеток е да го отстраните сиот мебел од собата, а потоа да враќате еден по еден предмет и да му пронајдете ново место. Барајте евтини додатоци Ако нешто ви се допаѓа, а е скапо, не го купувајте. Промените не мора да бидат драстични, а изгледот на собата значително може да се смени и само со неколку евтини додатоци. Масите за во градина/тераса не се само за во градина Масичката од градината може да се користи и како клуб маса во еден агол од дневната соба. Така на вашиот животен простор ќе му дадат нов изглед, а нема да ве чини ниту денар. Купете нови перничиња во весели бои Перниците се предмети на кои е најлесно и најевтино да им се менува изгледот, а даваат најголем ефект на промена на просторијата во која се наоѓаат. Менувајте ги сезонски, пастелни за пролет, јаки бои за лето. Бидете креативни Не морате на ѕидовите да имате скапи ремек дела. Убавите декорации може да ги направите и сами, па така наместо старите слики, да ставите парче тапет, стари фотографии слики на дрво. извор: vecer.com.mk
|
|
|
|