Деца и однесување во ресторан (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Деца



Порака


mila28 -> Деца и однесување во ресторан (13.3.2013 13:42:01)

Ме интересира како успевате и дали воопшто одите по ресторани со вашите деца кои се на помала возраст и како успевате да ги анимирате да издржат барем 30 минути мирни на маса?? Како се однесуваат?? Ние имавме неколку неуспешни обиди. Сака да станува, бутка столчиња, се тегне сака да дофати се од маса, ако не му удоволиш плаче. Многу сакам да го шетам и носам секаде каде што одиме , меѓутоа некогаш е стварно напорно и неизводливо и затоа се поретко излегуваме.




Slagjana -> RE: Деца и однесување во ресторан (13.3.2013 13:51:27)

Еве веќе 2 години откако прооде нема одење во ресторан. Ни пак на кафе. Пред неколку месеци пробавме да видиме да не има промена, ама ништо. Виде никој не станува да ја шета за рака и си отиде сама на друга маса, им седна на луѓето им ги зеде мобилните за да си игра. Од тогаш немаме седнато заедно.




Pepelaska * -> RE: Деца и однесување во ресторан (13.3.2013 13:54:29)

Ептен ретко одиме го прави сето она што го напишавте и напорно е ,
затоа сега бирам ресторан или кафич каде што има нешто како игротека.




Bububebe -> RE: Деца и однесување во ресторан (13.3.2013 13:55:50)

Додека не беше проодена одевме,си седеше во количката.Ама сега ја немаме однесено и се сме ни во план.
Знам дека лудо ќе биде [sm=smiley1.gif]




mila28 -> RE: Деца и однесување во ресторан (13.3.2013 13:59:55)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bububebe

Додека не беше проодена одевме,си седеше во количката.Ама сега ја немаме однесено и се сме ни во план.
Знам дека лудо ќе биде [sm=smiley1.gif]



Да и ние додека беше непрооден шетавме на кафе, на јадење.. откако прооде нека е жив и здрав ,нема шанси. Во некој ресторан знам и бебешко столче имаат, меѓутоа и тамо седи едвај 10 минути [sm=jezicek.gif]
И сега ново му е на секоја голтка кога сакм ад с енапијам нешто мора живели да му направам, едно кафе пијам сто саати




Bethany -> RE: Деца и однесување во ресторан (13.3.2013 14:03:19)

Добра тема. Да, знае да биде прилично напорно и заморно, посебно што од кога прооде нема да седи на едно место. Во хранилка ако го ставам, се буни, знае да не е дома, сака да оди.
Е затоа ние си најдовме неколку места каде што е погодно и за него, да има место за него и да не им смета на другите. Додуша, тој и не е проблематичен да сака да фаќа или бута работи (барем не се уште) само сака да си шетка и посматра. После некое време кога повеќе се опушти или почне да му здосадува, почнува повеќе да збеснува повеќе па тогаш и тргнуваме дома. Или на смена јадеме мм, па јас или обратно. Зависи, се снаоѓаш некако.[sm=smiley1.gif] Така да, ако успееш да најдеш барем едно местенце, ресторан-пицерија, ќе биде добро, барем да знаеш да некаде можеш да одиш. [sm=smiley1.gif]




niki -> RE: Деца и однесување во ресторан (13.3.2013 14:06:57)

bidejki nikojpat ne sme imale nikogo komu da ja ostavame so nas ja nosime sekade kade odime od kako e rodena
toa znacelo duri bese pomala da so sebe nosime dve tri igracki, voda, maramici, jadenje ili nekoja gricka
sme ja nosele i po restorani i vo supermarket, vo banka, na lekar bilo kakov, po razni institucii, mnogupati mm ja zemal so sebe na rabota vo kancelarija, na intervju za rabota za mene i sl.
kolku porano deteto ke go iznesete od doma i kolku pocesto toa ke go pravite tie tolku porano naucuvaat da se odnesuvaat prifatlivo
normalno na godina dve ocite non stop treba da bidat vo deteto i da go animirate
jas ne dozivuvam kako problem ako deteto pojde i porazgovara so lugeto od sosednata masa vo restoran, ako se zaigra so nekoe nepoznato dete duri cekame vo nekoja cekalna i sl.
edinstven problem e ako se zakenka i place i se inaeti no vo takvi situacii sme ja iznesuvale nadvor ili vo kola duri se smiri pa pak nazad sme se vrakale ako trebalo da ostaneme
mene mi e najnormalno deteto sekade da ne pridruzuva i duri i koga odime kaj babite iako imame so kogo da ja ostavame nie najcesto sekade ja nosime so nas, osven na nokni izleguvanja




blond -> RE: Деца и однесување во ресторан (13.3.2013 14:09:29)

Немаме проблем со седење, се додека има занимација. Обично кога одам на кафе му порачувам шлаг пена [sm=smiley36.gif] и си седи мирен. А во ресторан дај му нешто да мезе и тишина е!




sandriana RR -> RE: Деца и однесување во ресторан (13.3.2013 14:10:36)

И ние одиме само на одредени места, каде што не знаат, и каде и персоналот помага во чување на дете [sm=smiley36.gif] Мала шала, имаме 2-3 места каде може да си дозволиме да одиме со Т, и пак е тоа на смени - еден јаде/пие друг занимава дете, па обратно. Полесно беше кога не беше проодена, сега верувам дека бар уште 2 години ќе нема раат излегување по ресторани со дете.




Bethany -> RE: Деца и однесување во ресторан (13.3.2013 14:13:31)

Да, и мене не ми пречи кога син ми се шета и дојде до маса непознати и им се смешка, па се закача со нив. Сите му узвраќаат, бидејќи тој навистина досега ниту е фаќал нешто од соседна маса , само сака да се смешка и некој да му обрати внимание [sm=smiley1.gif]
Е сега, се случи еднаш да сакаше да седне во сепаре со едни дечки, бидејќи тие седеа до стакло каде нели се гледаше се надвор, па тоа му привлече на синот ми внимание. Јас тргнам да го земам, ама тие ми кажаа дека не им смета, па го оставив. Сепак нормално мораш нон-стоп да го надгледаш што прави, ама тоа е, и тој самиот ужива. Да носам играчки и неговите занимации, не помаѓа, тоа таму не му е интересно. Штом е на ново место, се друго му е поинтересно.
Досега не сме имале некој поголем проблем, па ќе видиме понатаму.




niki -> RE: Деца и однесување во ресторан (13.3.2013 14:13:55)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany

Добра тема. Да, знае да биде прилично напорно и заморно, посебно што од кога прооде нема да седи на едно место. Во хранилка ако го ставам, се буни, знае да не е дома, сака да оди.
Е затоа ние си најдовме неколку места каде што е погодно и за него, да има место за него и да не им смета на другите. Додуша, тој и не е проблематичен да сака да фаќа или бута работи (барем не се уште) само сака да си шетка и посматра. После некое време кога повеќе се опушти или почне да му здосадува, почнува повеќе да збеснува повеќе па тогаш и тргнуваме дома. Или на смена јадеме мм, па јас или обратно. Зависи, се снаоѓаш некако.[sm=smiley1.gif] Така да, ако успееш да најдеш барем едно местенце, ресторан-пицерија, ќе биде добро, барем да знаеш да некаде можеш да одиш. [sm=smiley1.gif]


da ova zaboraviv jadenje na smena so mm, pazenje na smena
ne bi zrtvuvala non stop doma da e nekoj vrzan zaradi deteto
nitu pak smetam deka e dobro deteto da se drzi doma i da ne se uci na javni mesta da se odnesuva
sekogas moze da se najde nekoj koj ke projavi interes da i zborne nesto
sekogas moze da se najde nekoj predmet koj ke im bide nov za igra
i koga ke potporasnat sekogas moze da se pobara list i penkalo da crtaat nesto i da ne im bide dosadno




mila28 -> RE: Деца и однесување во ресторан (13.3.2013 14:18:16)

Bethany ако не ти е тешко пиши ми кои се тие места? Иначе и ние така правиме на смени јас го анимирам, станувам по него мм ајде, па се менуваме[sm=smiley36.gif]

niki се сложувам со тебе дека колку повеќе го носиш со себе секаде толку побгру и ќе ги научи правилата на добро однесување во јавност.

Имаме и ние кој да го чува но најискрено и ајс и мм сакаме да го носиме секаде со нас. На гости не одиме без него [sm=smiley36.gif] Знам дека би му било забавно и интересно се што е ново и непознато за него.




Luci -> RE: Деца и однесување во ресторан (13.3.2013 14:26:11)


ИЗВОРНА ПОРАКА: mila28

Имаме и ние кој да го чува но најискрено и ајс и мм сакаме да го носиме секаде со нас. На гости не одиме без него [sm=smiley36.gif] Знам дека би му било забавно и интересно се што е ново и непознато за него.

Епа трпи го чим толку сакаш сегде да го носиш[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] Инаку до летово М. беше бајче, по мирно дете амин ама како отидовме на одмор детево скроз се промени. Нити можеме на раат кафе да испиеме, нити да јадеме, само нешто кенка и извољева и затоа максимално ги избегнуваме рестораните. Ми сметаат искрено и мои и туѓи деца во ресторан кога ќе почнам да слушам како вриштат и се корнат од плачење




Bethany -> RE: Деца и однесување во ресторан (13.3.2013 14:27:53)

Mila28, ne veruvam deka ke ti znaci nesto, bidejki poveke zboruvam za mesta vo Te. Tuka imame eve eden restoran, picerija, kafic, se vo edno vo Ramstore na sprat i e golema povrsina, podeleno kako sektori, ete na takvi mesta, barem slicni nekoi mislam. Znaci, da ne e nekako tesnicko, se masa do masa, ne znam kako da ti objasnam. Sakam da recam deka tamu ni e najprijatno i najopusteno koga sme so nego, sekako sme bile i na drugi mesta, eve posledno sto mi precese e deka bea klasicni masi so stolovi. A toa mu e interesno da gi buta stolovite, da gi vlece, a tie skripat [sm=smiley36.gif] Takvo mesto ne e bas pogodno, se vreme samo se objasnuvas deka ne treba da gi faka, i odi objasni mu. Mi ja razbiras poenta? [sm=smiley1.gif]




Bethany -> RE: Деца и однесување во ресторан (13.3.2013 14:30:12)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Luci RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: mila28

Имаме и ние кој да го чува но најискрено и ајс и мм сакаме да го носиме секаде со нас. На гости не одиме без него [sm=smiley36.gif] Знам дека би му било забавно и интересно се што е ново и непознато за него.

Епа трпи го чим толку сакаш сегде да го носиш[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] Инаку до летово М. беше бајче, по мирно дете амин ама како отидовме на одмор детево скроз се промени. Нити можеме на раат кафе да испиеме, нити да јадеме, само нешто кенка и извољева и затоа максимално ги избегнуваме рестораните. Ми сметаат искрено и мои и туѓи деца во ресторан кога ќе почнам да слушам како вриштат и се корнат од плачење

Mislam sekomu smetat, sekoj odi tamu na raat da jade, neli? Dosega nemavme takva nekoja slucka da ne moze da se smiri, ama i da se sluci da kenka, go zemam jas ili mm, go odneseme na druga strana malku, da se potsmiri, ako epten ne biva, pakuj se i doma - sto drugo, pa nema da e kraj na svetot, so deca e taka - nepredvidlivo neli, sekogas se vpustaas vo nova avantura [sm=smiley36.gif]




Velena -> RE: Деца и однесување во ресторан (13.3.2013 14:30:30)

Е тоа тешка работа поготово каде што има нови работи за истражување.Веќе не сака ни во количка да седи барем пола саат едно кафе да пиеме.Станува ,сака да оди ,ровари,ни бега па мора се некој по неа да трча и налет и кафе и све[sm=smiley36.gif]




mila28 -> RE: Деца и однесување во ресторан (13.3.2013 14:41:51)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany

Mila28, ne veruvam deka ke ti znaci nesto, bidejki poveke zboruvam za mesta vo Te. Tuka imame eve eden restoran, picerija, kafic, se vo edno vo Ramstore na sprat i e golema povrsina, podeleno kako sektori, ete na takvi mesta, barem slicni nekoi mislam. Znaci, da ne e nekako tesnicko, se masa do masa, ne znam kako da ti objasnam. Sakam da recam deka tamu ni e najprijatno i najopusteno koga sme so nego, sekako sme bile i na drugi mesta, eve posledno sto mi precese e deka bea klasicni masi so stolovi. A toa mu e interesno da gi buta stolovite, da gi vlece, a tie skripat [sm=smiley36.gif] Takvo mesto ne e bas pogodno, se vreme samo se objasnuvas deka ne treba da gi faka, i odi objasni mu. Mi ja razbiras poenta? [sm=smiley1.gif]

Аха..јас па мислев дека и ти си од Ск. Незнам зашто така мислев, можеби дека беше на РР хуманитарната средба кога и се запознавме , па затоа.
Инаку те разбирам , ова со столовите е крај, уште не беше прооден како треба он буткаше така столчиња по игротеки, кафичи..и еве сеуште не му поминал меракот [sm=jezicek.gif]




Bilence2 -> RE: Деца и однесување во ресторан (13.3.2013 14:49:52)

Sin mi za dva dena nauci da jade so noz i viluska. Dobri sme na 6 godini:)




princessa -> RE: Деца и однесување во ресторан (5.4.2013 10:31:47)

nie odime vo restoran so malata koja za tri nedeli ke napolni dve godinki. Znaci nemozeme da si dozvolime da sedime podolgo kako porano no sosema ni e dovolno sto taa e mirna dodeka naracame i se najademe. Ja stavame da sedi vo detsko stolce, zemam obicno nesto za grickanje i pienje od doma itn. Sega za katolickiot veligden koga bevme vo Praga bas se iznenadiv od restorantot kaj sto obicno rucavme, kelnerkata i donese boicki i hartija i taa si se zanimavase celo vreme. Zdravje koga ke odime sledniot pat vo restoran ke zemam i jas od doma boicki i blokce za da mozeme poveke da si posedime. Vazno sega ni e polesno odenjeto vo restoran za razlika od koga bese bebe, togas samo kenkase.




arh_diz -> RE: Деца и однесување во ресторан (5.4.2013 12:18:11)

Decata se na prvo mesto , tuka vazi takvo pravilo vo poveketo restorani.Poveketo restorani se prilagodeni za deca , mada sin mi e vo takva vozrast sto go interesira trcanje skokanje boenje nesto mnogu ne go interesira.Gledame da odime vo restoran so igroteka ili pak kade ima nekoja zanimacija pogolema




Martins mom -> RE: Деца и однесување во ресторан (5.4.2013 23:54:19)

Jas ic nejkam da odam na kafe ili vo restoran i so mm da jademe edniot,pa drugiot.Poarno ne izleguvam od doma,doma kafe raet ke si pijam i ke si razgovarame.Mozebi taka mislam oti Martin mi e super na javni mesta.Stalno si naoga sam nekoja zanimacija da da ne mu e dosadno.Mozebi,kako sto kaza niki, sekade go vleckam so mene,po banki,bolnici,cekame redovi,pa zatoa covekot si se nauci na ponasanje :)




Snowhite RR -> RE: Деца и однесување во ресторан (6.4.2013 16:37:50)

И М е обично мирен кога седиме во ресторан или на кафе, сега зависи кој што подразбира под мирен нели, ама претежно седи на столица, ретко се случува да стане и да трча низ ресторанот, ама и тогаш не прави бељи некои. Мене ми е поголем проблем ако само шетаме, еве на пример минатата недела излеговме да се прошетаме и кога почна да плаче, да бара да му купиме играчка, се растргнувавме низ чаршија додека не купивме, така сега решивме да не излегуваме кога продавниците се отворени, освен во парк




niki -> RE: Деца и однесување во ресторан (6.4.2013 18:47:45)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom

Jas ic nejkam da odam na kafe ili vo restoran i so mm da jademe edniot,pa drugiot.Poarno ne izleguvam od doma,doma kafe raet ke si pijam i ke si razgovarame.Mozebi taka mislam oti Martin mi e super na javni mesta.Stalno si naoga sam nekoja zanimacija da da ne mu e dosadno.Mozebi,kako sto kaza niki, sekade go vleckam so mene,po banki,bolnici,cekame redovi,pa zatoa covekot si se nauci na ponasanje :)


jadenje na smeni se odnesuva na periodot koga se uste bebinja do godina i pol ajde dve najmnogu, na taa vozrast i doma e tesko izvodlivo da se ispie kafe ili jade na raat bez deteto da ve prekine nekako


ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

И М е обично мирен кога седиме во ресторан или на кафе, сега зависи кој што подразбира под мирен нели, ама претежно седи на столица, ретко се случува да стане и да трча низ ресторанот, ама и тогаш не прави бељи некои. Мене ми е поголем проблем ако само шетаме, еве на пример минатата недела излеговме да се прошетаме и кога почна да плаче, да бара да му купиме играчка, се растргнувавме низ чаршија додека не купивме, така сега решивме да не излегуваме кога продавниците се отворени, освен во парк


nie na primer ne mozeme da stigneme do park a da ne pomineme pokraj kup prodavnici, posebno vo letniot period i zatoa i rano moravme da naucime deka sekoe izleguvanje od doma ne podrazbira i kupuvanje nesto, inaku ako gledame koga prodavnicite se zatvoreni ke mora da sme zarobeni doma edno 6 meseci i podaleku od terasa ne bi mrdnale, prodavnicite ovde rabotat do polnok, a nekoi i podocna
taka da ovoj metod ne go vodam zosto bara za mene e neprakticen i neprifatliv, do koga, do koja vozrast bi gi drzele decata samo doma i vo park za da se izbegnat neprijatni situacii?




Snowhite RR -> RE: Деца и однесување во ресторан (7.4.2013 16:10:00)

Добро ние имаме парк на 5 мин, ама тоа не значи дека никогаш не би излегле повторно со него в град, ама ова се случи во сабота, кога во нашиот град е пазарен ден и е преполно народ и навистина беше невкусно и непријатно за нас да се тргаме низ цела чаршија и на крај купивме, ама не тоа што сакаше, затоа што иста таква играчка има дома, ама му купивме чадорче кое посекако планиравме да го купиме кога ќе излеземе. Па така, ние пак ќе излеземе кога ќе помине одреден период и ако повторно бара не значи дека пак ќе купиме нешто само за да не плаче. Работата беше дека, начекавме убав сончев ден кога не сме на работа да излеземе да прошетаме, а се претвори во пеколен ден. Како и да е, да не сме офтопик, подобро ќе беше да отидеме во ресторан, барем таму е мирен[sm=smiley1.gif]




vezilka RR -> RE: Деца и однесување во ресторан (8.5.2013 14:57:42)

Издржавме дури три саати, со дури три деца (од кои двете Никола и братучетка му, нааајопасна комбинација). Бевме во пица барот Evry Day, и нели таму има и отворена игротека, намерно одбрано тоа место оти планиравме да си поседиме, арно ама времето не зезна, врнеше и во игротеката се беше потоп и беше затворена. И измисливме триста тракатанци за да седат мирни, па пошто бевме повеќе луѓе, ги шеткавме околу ресторанот и на крај се заиграа со келнерот, па сакаа и дома да си го носат.




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>