vezilka RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (24.1.2014 13:21:57)
|
лела, прво да ти посакам добредојде на форумот. Болките во стомакот се чести, барем кај мене и во првата и сега во втората бременост. Ги чувствувам ту на левата, ту на десната страна, ту поинтезивно, ту послабо. Матката се шири, после кога ќе потпорасне бебче па тоа ќе притиска на некои органи внатре, и така по некоја болка ќе си чувствуваме. Се додека не се интензивни и остри и не се јавуваат во правилни интервали, не се опасни. Но, секако кога ќе одиш на контрола спомени му и на докторот за да се смириш и да бидеш сигурна дека се е во ред. Хе, хе и јас некогаш стомакот го чувсвувам толку затегнат, што имам чувство дека ќе го напипам бебето, па после некое време ќе с енормализира, па ќе почувсвувам нешто во долниот дел од стомакот, значи бебето отишло долу, хехе сменило локација.
|
|
|
|