Snowhite RR -> Карма (14.3.2013 11:35:43)
|
Карма (санскрит: कर्म, kárma (помош·инфо) (kárman, „чин, дејство, труд“); пали: kamma) е збор од индиската философска и религиска традција, која го означува секој чин кој без исклучок почнува одредени причинско-последични сили, па во својата најстрога смисла, во хиндуизмот и будизмот, има универзално значење на збир од дела (агрегат) кои во потполност го одредуват човековиот сегашен и иден живот. Карма означува труд кој ја обликува судбината на суштествата и во крајна линија резултира со повторно раѓање. Овој труд се одвива во 3 области: телесна, говорна и мисловна. Карма не означува едноставно некоја однапред одредена судбина, како што се често верува, туку таа е ознака за принцип на акција и реакција - човекот (суштество) пати од сопствените дела. Поради ова во будизмот, кога се зборува за карма, особено се истакнува етичкиот момент, бидејќи со него во потполност се одредува исходот од напорот да се прекине шатењето. Трудот може да биде двоен: здрав и нездрав; последици или плодови на тие трудови созреваат во текот на овој, следниот или наредните животи. Според Буда, три причини за нездрави кармички дејствија се алчноста, омразата и измамата; а здрави се несебичноста, доборнамерноста и искреноста кон себе (знаењето). Ослободувањето од кармата, односно од последиците на (неисправното) делување е можно само преку освестување (paticcasamuppāda – „зависно потекло“), односно увид (vipassanā). „Зависно потекло“ е кумулативен збир на работи чие дејство може да се разреши единствено преку освестување ви сегашниот момент и превзенање на исправни (здрави) дела кои веднаш остваруваат резултат (плод), чии последици можат да се чуствуваат во неопределената иднина (во наредните животи). Извор: Википедиа
|
|
|
|