Броенки (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Игри, броенки, песнички



Порака


bilbilce -> Броенки (14.3.2013 11:38:19)

padna bomba od neboto
pa udari baba meca
tece gnoj tece krv
koj iskoci toj e prv
[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Броенки (14.3.2013 11:39:44)

eci peci pec
denes dobiv kec
tato mi go izbrisa
i mi stavi 5
mama me kaza na ucitel zec a ucitel zec
pak mi stavi keeeecc[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




Палешка РР -> RE: Броенки (14.3.2013 11:42:38)

Пајка плива преку Сава
носи писмо у Вардара
у писмото пише
не волим те више

[sm=smiley36.gif]




Палешка РР -> RE: Броенки (14.3.2013 11:43:11)

Маркови Кули
настрана се пули
лево десно
кучето е бесно

[sm=smiley36.gif]




bilbilce -> RE: Броенки (14.3.2013 11:44:26)

eni meni seni
seni cokolada
bur bur limonada
[sm=bravo.gif]




vezilka RR -> RE: Броенки (21.3.2013 9:27:00)

Шири,шири,
весели пешкири,
боса ја, боса ти,
окрени се сега ти!




vezilka RR -> RE: Броенки (21.3.2013 9:27:35)

Компанија, месо боранија.
Стара Југославија,
нова Македонија.
Славејчето пее
Тито да живее,
кукавица кука
Хитлер да испука.




vezilka RR -> RE: Броенки (21.3.2013 9:28:02)

Апче бапче,
печено ќебапче.
Риба штука,
мани се ти од тука.




vezilka RR -> RE: Броенки (21.3.2013 9:38:18)


ИЗВОРНА ПОРАКА: bilbilce

eni meni seni
seni cokolada
bur bur limonada
[sm=bravo.gif]



ако нејќеш лимонада
ќе ти дадам чоколада,
ако нејќеш чоколада
ќе ти дадам лимонада ...




vezilka RR -> RE: Броенки (21.3.2013 9:44:54)

Tаблата е зелена,
кредата е бела,
пуста математика
вода ја однела,
час по руски
сите деца гуски,
час по фискултура
сите деца Ура, н
аставникот доби температура,
39 падна во кревет,
се напи топло чајче
и рече "Оф леле мајче".




sandriana RR -> RE: Броенки (21.3.2013 9:49:19)

Топчето ми падна,
Калина го грабна,
Дај ми го Калино
Не ти го давам
Ќе го продадам
за два гроша - Калина е лоша!




Felly RR -> RE: Броенки (2.10.2014 17:46:17)

Оваа е од М од градинка:

еден, два, три,
глувчето се скри
зад една капина
газот си го скина

мајка му е невеста
татко му е момче.

Овој вториов дел од броенката не знам дали е од оригиналниот дел, или додаден, ама таа така си ја научила. [sm=smiley36.gif]




AneLav RR -> RE: Броенки (25.3.2015 12:28:02)

Од баба ми и на децава им ја кажува:
Врне врне дожд'
Да си најдам грош
Да си купам нож
Да си сечам леб
Да си мачкам мед.
И уште една верзија им кажува
Врне врне дожд
Мајка и под кош
Најде грош, купи нож
Дојде Миле, закла пиле
Дојде Мара, да се кара
Немој Маро не се карај
Тебе Шутка, мене бутка (демек тебе коски мене мевце)
Јако е нели како се забавувале порано[sm=smiley1.gif]




Felly RR -> RE: Броенки (25.3.2015 12:52:25)

Јас ја знам и оваа верзија:

Врни, врни, дожд,
да си најдам грош,
да го пикнам в џеб,
да си купам леб. [sm=smiley36.gif]




Melanija RR -> RE: Броенки (25.3.2015 13:48:55)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Топчето ми падна,
Калина го грабна,
Дај ми го Калино
Не ти го давам
Ќе го продадам
за два гроша - Калина е лоша!


Леле колку сум алергична на песнава [sm=smiley36.gif] свеќи од 4 месеци му ја пее еве до вчера[sm=smiley36.gif] гледам да напуштам просторија кога се пее[sm=jezicek.gif]





Страница: [1]