Felly RR -> RE: Им пишувате ли домашни на вашите деца? (29.10.2013 9:25:21)
|
НЕМА ВЕЌЕ ДОМАШНИ ЗАДАЧИ ЗА РОДИТЕЛИТЕ Наставниците што предаваат во основните училишта во земјава, од оваа учебна година на учениците не смеат да им даваат домашни задачи што немаат јасни барања, за чие решавање е потребна интервенција од родител, кои бараат пристап до ресурси кои се недостапни во домот, како на пример определена технологија, како и задачи што ќе го оштетат семејниот буџет. Учениците ќе се „спасат“ и од домашни задачи за време на празници, бидејќи тоа време треба да го поминат во опуштена атмосфера, заедно со семејството. Самостојност на учениците Бирото за развој на образованието изработи упатство за подготвување и за реализирање на домашните задачи кое е задолжително и ќе биде ставено и во правилник. Весна Хорватовиќ, директорката на Бирото, вели дека целта е помош за наставниците за правилно реализирање на домашните задачи. Објаснува дека во практиката се случувало децата да бидат премногу оптоварени со домашни задачи како и да ги добиваат само како казна и не во функција на наставата. - Со ова упатство реализирањето на домашните задачи ќе биде унифицирано и конкретно формулирано. Имавме случаи кога родителите беа премногу ангажирани со домашните задачи бидејќи децата не можат да ги решат самостојно, што е основна функција на задачите. Упатството не ги исклучува целосно од процесот, но повеќе се ментори, набљудувачи, а учениците ќе треба сами да ги решат задачите. Наставниците треба да им даваат задачи соодветни за нивната возраст што ќе ги поттикнат да размислуваат. Исто така се препорачува да не се даваат домашни што бараат финансиски издатоци или такви за кои се потребни ресурси што ги немаат дома, како интернет, печатач, тешко достапни списанија - вели Хорватовиќ. ДО ТРЕТО ОДДЕЛЕНИЕ НАЈМНОГУ 30 МИНУТИ ЗА ДОМАШНИ ЗАДАЧИ Во Упатството е нагласено дека наставникот мора да води сметка и за тоа колку време ќе му треба на просечниот ученик да ја изработи домашната задача. Во согласност со возраста на учениците, треба да се има предвидено максимално време за изработка. За првиот период, од прво до трето одделение децата треба да поминат од 10 до 30 минути во решавање на домашни задачи. Во првите години од предметна настава, пак, се препорачуваат до 90 минути, а во завршните години од основното образование, најмногу до 120 минути на ден. извор:дневник
|
|
|
|