RE: Зимски обувки и јакна (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Детска опрема



Порака


miana -> RE: Зимски обувки и јакна (25.12.2012 22:26:21)

Eve vidov deka nekoj pred mene gi ima staveno cizmive

[img]http://www4.slikomat.com/11/1225/mlm-2012-1.jpg[/img]
Ovie i gi kupiv za 1490 od adidas outletot -epten i stojat super i za tie pari se odlicni




Annet -> RE: Зимски обувки и јакна (4.11.2013 10:44:20)

Pocnavte li da gi oblekuvate decinjata so zimski jakni,i cimi...Nie uter terame po esensko taka potanko,ama mislam deka veke navecer e za debelko...




Mihaela 2010 -> RE: Зимски обувки и јакна (4.11.2013 11:05:43)

Se uste ne ja trupam so zimski alista,kupiv pred mese dena ubava jakna,za 1500 den mnogu me bendisa a i dosta debelka e,kondurcinja i zemav od peko,ama najverojatno ke treba da i kupam i edni cizmicki poviskocki bidejki ako ima snegovi tesko so ovie,lani od Mat star gledav ubavi cizmicki i fina cena bea..
Momentalno i oblekuvam mantilce ne od tenkite tuku od podebelkite,i za ovoj period ni e super...lani so toa isguravme do sredina nekade na dekemvri...




Bethany -> RE: Зимски обувки и јакна (4.11.2013 12:44:02)

И јас на Ј се уште му облекувам тенки работи, јакниче едно тенко и патики.
а исто така пред едно месец дена сосема случајно налетавме во Штип на една зимска јакна, за 1500 ден. многу е убава и топла, и веднаш ја земавме, а кондури-чизмички, баш сега идам од Пеко и најдов едни убави за 2600 ден. ама ми тргнаа на страна , па со ваучер на 15. да ги земам за 2000 илјади. [sm=smiley1.gif]
Лани имавме од таа фирма, и сме задоволни и годинава ќе ги земеме таквите, не верувам дека ќе најдеме подобро нешто понатаму.




sandriana RR -> RE: Зимски обувки и јакна (4.11.2013 13:15:12)

Јакна зимска имаме од лани, ама се уште не сме ја активирале. Носиме или палтенце, или дебел џемпер на копчање, или дуксер со елек. Мислам уште е рано за зимската јакна.
Обувки - уште сме со патики, чизми немаме, туку едни до глужд чевли кожени. Ако ни вршат работа тие -ок, ако не ќе мора да инвестираме во обувки.




Hunny -> RE: Зимски обувки и јакна (4.11.2013 13:21:36)

Купивме чевли од Пеко, 2700 денари, а јакна дебела имаме, ама некако и е кнап, па ќе купуваме. За чизми не ми се даваат многу пари, зашто многу нема да ги носи.




Felly RR -> RE: Зимски обувки и јакна (22.11.2013 9:09:35)

Ние ја почнавме сезонава со ланската јакна, сега за сега и е точна, си велам ќе поминеме со истата. Ни фалат само чизмички, ама М се договори со баба да и купи за роденденот, па така ќе бидеме комплетирани.




elenak -> RE: Зимски обувки и јакна (22.11.2013 15:39:38)

Кај нас уште не толку ладно па денски шетаме со јакничка од оние мекичките, а навечер облекувамеподебела јакна и плетено капче. На нозе уште патики ама кај и да е треба да бараме чизми. Тука Пеко нема, па ќе мора да одбираме од тоа што има. Јас би и купила адидас, имаат многу убави модели ама па спортски се, ќе мора да купуваме уште еден пар за дотерување.[sm=smiley36.gif]




mommy_angels RR -> RE: Зимски обувки и јакна (22.11.2013 22:02:34)

Вчера прошетавме низ Сити мол и патем погледнав јакнички,се што можам да кажам е "Ауууу,тие отишле со паметот". Епа луѓе 4,5 или 6000ден за детско јакниче?????
Ќе си најдеме ние до 2500 сигурна сум.
Инаку сеуште сме со ланската ама кнап и е,мора да купиме нова,а чизмички до глужд има убавки па дури да фатат снегови со тие ќе тераме
А да,случајно видов капа,шалче и ракавички и се вљубив во нив,нормално ги купив [sm=jezicek.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Зимски обувки и јакна (9.9.2014 9:12:07)

Pocnavte li so priprema na decinjata so topla obleka?
Jas uste pred mesec ipol na popust nacekav mnogu ubava esenska jakna,koja sigurno moze da ja nosi do dekemvri,od Zara, zimskata jakna mislam deka ke i bide uste tocnicka pa nema potreba da i kupuvam,bluzi i trenerki ima, uste konduri/cizmi...
Zavisno kakva zima ke imame, lani super isteravme so edni konduri ama bas cvrsti od Peko i gi zemav...mislam deka nema potreba od pre natrupuvanje na garderoba




Dilina -> RE: Зимски обувки и јакна (9.9.2014 14:54:44)

незнам дали стигнале ама на страната на Зара гледав зимските детски јакни и капутчиња се од 1300 до 3000 најскапи.. мн се слатки ама незнам до која возраст се..
На нас ќе ни треба од 6м тогаш, ама незнам што е попаметно, јакна или скефандерче :)




Mihaela 2010 -> RE: Зимски обувки и јакна (9.9.2014 15:16:14)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Dilina

незнам дали стигнале ама на страната на Зара гледав зимските детски јакни и капутчиња се од 1300 до 3000 најскапи.. мн се слатки ама незнам до која возраст се..
На нас ќе ни треба од 6м тогаш, ама незнам што е попаметно, јакна или скефандерче :)

Na tolku malo bebce jas bi idela na varijanta skafander...kerka mi prvata zima imase 8-9 meseci i kupivme skafander super rabota..em toplo em zavitkano super




LoveableMe RR -> RE: Зимски обувки и јакна (9.9.2014 16:10:58)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010
Na tolku malo bebce jas bi idela na varijanta skafander...kerka mi prvata zima imase 8-9 meseci i kupivme skafander super rabota..em toplo em zavitkano super


Like! Јас им купив на сестра ми за малата и на неколку пријатели за повојница, ми се пофалија дека ептен им се погодило и ги изнаноселе цела зима. [sm=smiley1.gif]




elenak -> RE: Зимски обувки и јакна (10.9.2014 0:12:11)

4,5,6.000 ден. за јакна не доаѓаат во предвид, за една сезона а и плус што неизносена останува, кај нас зимата е многу топла. Лани од ќејф и купив капут и тој 3 пати го облековме, а за годинава веќе и е мал. Туку никако не си, ако е само една јакна ми е мака, ко во униформа да е со со иста, па не можам и да ја исперам оти тешко се суши зимно време дебела јакна, па ајде купи уште една резервна, па ајде и капутче за дотерување да има и на крај се ќе остане ново. И со обувките сме исто, цело време е со патики, а чизми купуваме оти така треба, оти спаѓаат во зимска опрема [sm=smiley1.gif] а ги облековме неколку пати само на излегување по родендени и сл. Се надевам ќе имам уште една ќерка па ќе и се најдат, да не ми биде мака.[sm=smiley36.gif]
Е оваа година може со одењето во градинка ќе биде подруго, ќе има кај да си ги носи, ама уште не сме купиле ништо,некако рано ми е.




mommy_angels RR -> RE: Зимски обувки и јакна (10.9.2014 8:54:35)

I jas sum od onie uste nisto sto ne kupile [sm=smiley36.gif] Jaknickata od lani mislam deka ke i bide ok(ama toa jas si mislam [sm=jezicek.gif]) ke vidime ,treba da se proba,a cevlicki sega i kupiv od DSM i se si mislam deka tie ke bidat ok duri da fatat snegovi,sto bi znacelo za cizmi ke razmisluvam vo noemvri.Sega za sega sum vo potraga po bluzicinja i helancinja,toa mi e najudobno za vo gradinka,kupiv nekolku do sega,ama malku se
Vo pravo si Elenak sega koga ke odi vo gradinka ima da si iznosi se sto si ima




Mihaela 2010 -> RE: Зимски обувки и јакна (6.10.2014 8:51:28)

Vo sabotata od City moll na M i kupiv cizmicki,od Waikiki,iskocivme bozem mm da si se podnovi,i on si kupi jakna,ama mi se bendisaa edni mnogu ubavki,taka da ja resiv i so toa,i mislam deka zavrsiv so nea[sm=smiley36.gif]




mommy_angels RR -> RE: Зимски обувки и јакна (6.10.2014 10:03:04)

Nie si dobivme na podarok preubava jaknicka od Beneton,a i kako sto pisav lanskata ke moze da se iskoristi seuste,sto znaci uste cizmickite ni ostanaa,ama ke pocekam pogolem izbor da donesat




sandriana RR -> RE: Зимски обувки и јакна (6.10.2014 10:26:22)

Јакнички има Т неколку од минатата година, мислам дека ќе ја истераме сезоната есен/зима со нив.
Чизми има гумени за дожд, ама ако фати многу ладно не знам дали ќе вршат работа...понатаму ќе одлучам дали да обезбедиме некои потопли кожени чизмички или високи чевличиња.
За Илина бебе останува наследството од Т во однос на јакнички [sm=jezicek.gif]. Зачевли сме уште мали, нели [sm=smiley1.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Зимски обувки и јакна (6.10.2014 14:52:47)

Лани свеки му купи од анжи преубава јакна дебелка, башка јас од Алиекспрес му нарачав капутче ептен фраерско, па имаме две за зимово, сосема доволно.
Чизми се уште не сум купила, уште сме во патики, ама во план ми се оние гумените од Просветно дело со крзно внатре за дожд, а и едни обични за на суво време.




Bethany -> RE: Зимски обувки и јакна (6.10.2014 17:12:37)

Nie imame jakna i toa dve zimski, a sega za sega nosi od drugite potenkite, esenski, a zimski konduri se uste nemame zemano i ne planiram da zimam se dodeka ne vidam potreba sto da zemam. Lani kupivme ubavi cizmicki od Peko, ne znam dali nekolku pati imase prilika da gi oblece, novi ni ostana. A bidejki mu nogata raste brgu, malii se za ovaa zima.
Godinava vidov vo Zara edni preubavi kako konduri, kratki cizmicinja so krzno vnatre, epten stosni, ama kje vidam uste mallku za niv. Ne sum sigurna deka tie mozat za sneg, pa kje razmislam uste malku. ima vreme. Se uste nosi kozni patiki.




Snowhite RR -> RE: Зимски обувки и јакна (9.10.2014 23:29:57)

Мислев дека за М ќе мора да купиме нова зимска јакна, ама му ја пробав и уште му е точна, па нека ја носи уште оваа година, па таман до година нова за на училиште, Јана исто така има, ќе треба за неа само некои чизмички, а можи и за М ќе треба зимски обувки ќе видиме




sonc90 -> RE: Зимски обувки и јакна (30.10.2014 18:36:55)

AnnaMolly RR kaputceto sto go poraca od aliexpress ti stigna?ako ti e stignato ke mozes da mi kazes kolku vreme cekase? jas sakav da poracam eden mn ubav skafander od tamu ama pred 2 nedeli imav naracka i uste ne mi e stignata pa sega sum vo dvoumenje dali da go naracam skafanderot...




sandriana RR -> RE: Зимски обувки и јакна (19.10.2015 11:08:54)

Почна сезона на јакни и чизмички.
За Тина ланските кожени чизмички сеуште се точни, ни недостигаат гумени за дожд(мали се тие што ги носевме лани, душата им ја извади), ама искрено се мислам дали да купуваме. Јакна исто беше неопходно да обновиме, и во право време добивме од другарка ми и за Тина и за Илина (нејзините индијанци бргу ги надраснале)- така да оваа сезона имаме заштедено на зимска опрема. [sm=smiley1.gif]




lukajana RR -> RE: Зимски обувки и јакна (19.10.2015 11:37:46)

Баш се мислев за тие гумени чизмички дали да купам за Л.
До сега не сме купувале ама и многу нема одено пешки на дожд ама сега за на училиште може и ке му требаат.
И кожни треба да купиме ланските му се мали а јакна има од лани.
За дундурка имам се и чизмички и јакна и скафандер од бато ,неутрални бои и скоро нови па ке претера со нив [sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Зимски обувки и јакна (19.10.2015 13:35:20)

Кажете каде има со пристапни цени висока кондура или чизма, всушност што е подобро за нога на 2 год и 2 месеци во пресред на зимава?




Страница: <<   < Претходна страница  4 5 6 [7] 8   Следна страница >   >>