|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Леб
16.10.2009 18:43:06   
mis.
ИЗВОРНА ПОРАКА: anica


Од која возраст почнавте да јадете лепче?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Леб
16.10.2009 19:24:43   
nadica
откога почнавме со дохранување некаде 5-6 мецеци по малку кога јадевме и дававме и неа по 1 залак

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Леб
16.10.2009 19:39:33   
BEBICA
Jas na Monika prv pat i dadov leb na 10 meseci poradi toa sto porano ne mozev zatoa sto nemozese da zvaka a i po preporaka na pedijatarot ne i davav.

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Леб
17.10.2009 0:43:57   
mis.
Па на 9 па и порано веќе почнав со леб бидејќи веќе јадеше храна со глутен а и се караше кога ќе не види како јадеме па морав да му дадам инаку плачки.

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Леб
17.10.2009 0:47:16   
Еца
па веќе на 6-7 месеци кога почна и да седи и во столче ќе ја ставев корката во раце и си ги чешкаше жлебинките.Само обавезно до неа седев да не заголта во случај поголемо парчеuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Леб
17.10.2009 8:57:24   
profesorica
ние на 6-7 месеци по малку од срединката а потоа и корка, Дамјан многу сака леб.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Леб
18.10.2009 12:58:50   
bordan
Denes prvpat mu staviv lebce vo kiselo mleko i jadese ama nekako mu bese cudno.Nemame uste zabcinja i samo sredinata ja potopiv so mlekoto.Inaku Oleg uste malku ke napolni 8meseci

_____________________________

Oleg e zlato na mama i tato!!!

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Леб
18.10.2009 17:47:09   
ripce
Бордан и ние уште 9 дена ќе наполниме 8 месеци, пред неколку дена првпат пробавме лепче и многу го сакаме user posted image

(Одговор на членот bordan)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Леб
19.10.2009 11:48:17   
big_mama817
па негде околу 5 месец user posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Леб
19.10.2009 11:51:29   
mami
тука некаде 7-8 откако излезе првото запче, а сега обожава леб, ништо без него, го фаќа и се шета по цела куќа со векна леб во раце и гризе сам, никако да му крши некој и недај боже да му го побара лебот- па моите сега си купуваат по два леба- еден за нив еден за Лукаuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Леб
30.10.2009 18:53:48   
Maca25
Јас не сакав да и давам леб толку рано, таа си сака. немаше пробано, а пушташе рачиња накај лебот. И и дадов. Сега кога ќе види дека некој јаде одма со дубакот се пушта и гледа дали ќе каснеш лепче. Многу сака леб user posted image .  лебарка моја

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Леб
30.10.2009 18:54:36   
mami
давај и слободно, не за друго- си ги чешка непцата така па полесно и е за запчињатаuser posted image

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Леб
30.10.2009 18:55:26   
mis.
Стефан обожава леб.user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Леб
3.3.2011 21:14:44   
Felly RR
Мојава е многу голема лебарка, да и дадеш само леб ќе се изнајаде, а дај и леб со путер, со мармалад, со еурокрем.......со било што (или макнато во манџа)....одма ќе го плукне. Како да ја научам да јаде лепче намачкано со нешто друго

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Леб
4.3.2011 16:50:51   
Snowhite RR
И Михаил многу јадеше леб, ама сега во последно време, помалку некако, додуша многу работи што ги јадеше претходно сега не ги сака
Период е мислам Фели, ќе си почни да јади и леб, не се секирај, кој е тој што не јади леб


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Леб
4.3.2011 20:12:04   
Џесика
Исто и Борјан само леб сака, едно време со путер и рендан кашкавал јадеше, сега „се отрака“ па приметува, се посегнува сам да го земе залачето и ако го осети намачкано, го фрла... Фели пробај да го маскираш мачканото, мотај го внатре во лебот, дур да го разџвака нема да може да го плукне... е после второто залаче дали ќе го лапне, не знам... user posted image

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Леб
4.3.2011 23:11:05   
Maca25
Јас Нина не ја терам да јаде леб. Поважно ми е да го изеде целиот ручек, како на пр. денес изеде полн тањир спанаќ со павлака без леб. Ако и дадам и леб од ручекот ништо нема да изеде. Леб јаде кога е болна, и тоа само како попара со јогурт. Некогаш знае да земе едно парче и да го чепка и трошки да јаде, ама гледам што помалце леб да и давам, повеќе да е на зеленчук и овошје.
Гледам сега погоре на темава и се присеќавам како беше кога проба леб за прв пат. И кифлички од пекарата на мајка ми. Мислам дека цел ден имаше кифла во рака. Сега кифлите повеќе ги лиже ( како сладолед) отколку што ги јаде.


< Поракaта ја уредил Maca25 -- 4.3.2011 23:12:58 >


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Леб
5.3.2011 9:59:13   
Felly RR
И јас не сакам да јаде многу леб, Snowhite изгледа погрешно ме разбрала. Таа јаде леб, ама само леб, ако и го макнам во некоја манџичка одма го плука и бара само леб да јаде. Прашањето ми беше како да ја научам дека лебот се јаде со нешто друго во комбинација, а не така леб со лебuser posted image . И не можеме да седнеме сите заедно да јадиме, зошто нели ќе има леб на маста извадено, и таа нема да сака уста д аотвори нешто друго да касне, туку само леб. И затоа чекам прво таа да се најади, да касне зеленчук, мевце, па после го вадам лебот и почнуваме ние да јадиме.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Леб
5.3.2011 11:31:52   
Snowhite RR
И јас не сум за многу леб јадење, зошто ако му дадам леб, побрзо ќе се засити и месото и зеленчукот ќе останат, ама бабиве викаат дека требало со ручекот леб да јади, па ќе ти кажам тие како прават(зошто претежно со нив руча, јас сум на работа тоа време) во месото и зленчукот што го варат, го оставаат потечно и му дробат леб и така јади, а јас кога јади од нашиот ручек му макам, ама некогаш сака, некогаш не, некогаш само леб сака, а некогаш само од ручекот без леб.
Што се грижиш Фели, мала е, ќе се научи дека лебот се јади со ручек

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Леб
5.3.2011 19:00:41   
Viktori
Јас не памтам баш кога прв пат пробале лепче, ама сепак беше пред 8-9 месеци. Лебот поточно корката ни служеше некогаш место гума за заби.

Јас и сега не ги нудам леб за ручек. Еден перод Б јадеше многу леб, ама сега веќе не.

Ако бебињата јадат ориз, компир, грашак, боранија што ќе им леб? На нив не им треба нешто да им држи ситост само, туку баш квалитетна храна.

Читав една книга за исхрана поодамна, сеа не сум ја отворила ама дефиниција за бело брашно, сол и бел шеќер беше бела смрт...

< Поракaта ја уредил виктори -- 5.3.2011 19:02:03 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Леб
21.4.2011 22:28:42   
Pepelaska *

ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

Јас не памтам баш кога прв пат пробале лепче, ама сепак беше пред 8-9 месеци. Лебот по
Ако бебињата јадат ориз, компир, грашак, боранија што ќе им леб? На нив не им треба нешто да им држи ситост само, туку баш квалитетна храна.

Читав една книга за исхрана поодамна, сеа не сум ја отворила ама дефиниција за бело брашно, сол и бел шеќер беше бела смрт...


Е ај де, требало ситост да му држи на бебето, а инаку моево кога јадат сите гледа по тањирите и вика,му дадов еднаш трошка ја излапа сегао обавезно по неколку тровчиња си крка ,ама како џвака како старо некое многу е смешенuser posted image

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Леб
26.5.2011 13:11:03   
mamamoni
вчера прв пат и дадов сосем малку лебче со јогурт, не гледаше кај што јадиме и ми беше жал, бараше уште ама не сакам да ја учам со леб нема другиве работи да ми ги јади

_____________________________

Daughters are another version of yourself, but only better !

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Леб
26.5.2011 13:29:43   
AnnaMolly RR
Јас кога го хранам Филип го ставам на неговото столче за хранење и му го доближувам до маса, а на масата му ставам трошки леб. Не му давам да јаде лепче, туку јас го хранам, а тој одвреме-навреме си става по некоја трошка во уста. Ама повеќе си игра со нив и многу е мирен така. Само ако јаде супа за ручек му ставам лепче внатре издробено, ама ако не јаде ништо друго освен супа. 

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот mamamoni)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Леб
26.5.2011 13:36:31   
Pepelaska *
Леле ние маки мачиме со леб, поточно јас, Мартин лапа леб може и цел да изеде а што е најтрагично си му даваат , ќе го оставам јас абе за 5 мин ќе ме снема ќе го најдам со полна уста лебови, милион пати кажав и пак, јас му готвам јадење тие му пикаат леб не можам повеќе ќе пукнам , знам дека нема ништо лошо да му биде од лебот ама ме нервира такво понашање бе, мене ме нема тие лебот на маса,

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Леб
26.5.2011 13:36:41   
Octavia
Ќерка ми многу сака лепче user posted image Буквално се кара кога ќе види дека јадеме, сака и таа. Порано и давав по неколку тровчиња, ама сега почнавме по повеќе. На пр. едно тенко парче со крем сирење го јаде без проблем (без корките, нормално) а имаме само една годинка. И она што ме чуди, кога јаде леб, како ништо да не јаде. Може цел ручек да си го изеде, и после сака леб. Или ако јаде намачкано лепче, после може да јаде кашичка user posted image . А слабичка е, не е буце некое. Ме тешат дека сите дечиња сакале леб, ама мене ме чуди ова. Не и давам леб секој ден, на 2-3 дена, најмногу заради адитивите што ги има во него, ама мм ме „кара“ дека ако сака не треба да и ускратувам, посебно затоа што е слабичка, демек, немало да и пречи user posted image

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?