|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Поддршка за жртви од сексуален напад
17.10.2009 17:59:19   
niki
Не сум сигурна дека темава треба баш тука да е сместена па ако имате подобар предлог преместете ја.
Ја отворам за сите кои се соочиле со нешто вакво во животот и имаат потешкотии да се справат со грозоморното искуство.
Да им ја дадеме нашата подршка, помош, да им се најдеме во моменти кога им се чини дека им се руши светот, и им се чини дека довербата воопшто во човековиот род се изгубила во неповрат. Да им помогнеме да им се врати насмевката на нивните лица и лошото да го остават зад себе и да продолжат да живеат без страв, силни и јаки.

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Поддршка за жртви од сексуален напад
17.10.2009 18:04:14   
Еца
user posted image Браво за темата!
Секогаш за се тука ќе бидеме, ако не можеме поинаку барем со срце и душа да им дадеме љубов, подршка, вера дека тоа секому можело и може да се случи. Животот романи пишува, од судбината не се бега. Некои работи едноставно не зависат од нас, некои работи едноставно не можат да се променат, но да го потиснеме минатото и лошите моменти од него, да продолжат сите со мисла дека животот и покрај се е убав и вреди да се живее, а насмевката не смее да се изгуби попат.user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Поддршка за жртви од сексуален напад
17.10.2009 18:09:18   
niki
Рингераја знае да слуша и знае да утеши, тоа од лично искуство го знам.
Затоа драги мои, ако нешто ве мачи тука сме да ви помогнеме како знаеме и умееме, ако ништо друго да бидеме рамо за плачење.
user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Поддршка за жртви од сексуален напад
17.10.2009 21:19:42   
mami
user posted image user posted image user posted image user posted image на потполно право место си ја отворила темата Ники...и потпишувам целосно она што го кажавте со Елена..рр е тука сите, а најмногу за оние кои се нечии жртви...отворете си ја дуѓата, кажете што ве мачи а ните ние ке ја вратиме насмевката на вашето лице и ќе ја вратиме довербата кон луѓетоuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Поддршка за жртви од сексуален напад
17.10.2009 22:34:05   
Bogdancanka
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image за новата тема

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Поддршка за жртви од сексуален напад
18.10.2009 19:04:08   
niki
Вчера барав да најдам некој податок како тоа во нашата држава се справуваме со овој проблем и скоро ништо и да не најдов. Никој одговорен да има напишано нешто да им се помогне на жртвите како да се справат со ова. Којзнае каков ни е и законот, се прашувам? Бидејќи останав во мрак. Знам дека има некој СОС телефон за жртви од насилство каде може да се јават но ништо повеќе.
Најдов многу убави сајтови на англиски кои чекор по чекор ја водат жртвата низ процесот на опоравување и законско гонење на сторителот но ми се неприкладни да ставам линкови бидејки се правени врз основа на законите во државите од кои потекнуваат.
Она што насекаде го прочитав и сакам да го пренесам овде е следното. Никој не треба да поминува низ ова сам. Најдете некоја личност, немора да ви биде блиска важно е да сака да ви помогне, со која ќе можете да разговарате и на која ќе можете да сметате. И каде и да одите, на лекар, во полиција, кај адвокат, одете со неа. Нека таа личност ви биде подршка и вашиот глас кога ќе мора одново и одново да раскажувате што сте преживеале. Договарајте се со неа за се што сакате да разговарате и да прашате во институциите каде ќе се обратите и за да може да ве потсети додека сте таму да не заборавите нешто, бидејќи ќе бидете одново и одново емоционално растргнати. Ви претстои тешка борба и обезбедете си подршка и помош стручна или пријателска сеедно, но имајте некој покрај себе. Никогаш повеќе нема да бидете личноста што сте биле пред ова грозно искуство, но тоа незначи дека повторно неможете да бидете среќни, но дајте си шанса да се опоравите и дајте шанса некому да ви помогне тоа да го остварите.
Не сум баш многу од помош, но од се срце ви посакувам се најдобро, го заслужувате тоа и немојте тоа да го заборавате.user posted image

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Поддршка за жртви од сексуален напад
18.10.2009 19:45:58   
mami
Ники во право си, кај нас многу малку се прави за жртвите на насилство, освен сос центрите, незнам што друго се прави. Се повеќе читаме по весниците дека после некој инцидент насилникот е пуштена слобода и повторно живее во истата куќа со жртвата и продолжува со насилството, за жал...еве утре е прочепкам нешто по нашите мили закони па е ви пренесам што е должна државата да направи за жртвите

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Поддршка за жртви од сексуален напад
18.10.2009 20:20:13   
lidijas
Bravo za temata no mnogu malku znaeme za zastitata na zrtvite na semejno nasilstvo. Kolku znam jas drzavata moze ako saka zrtvata da ja smesti vo centar, a nasilnikot dokolku zrtvata ne mu podnese krivicna prijava go pusta na sloboda sto e apsurdno, pa nasilnikot prodolzuva so svoeto nasilnicko odnesuvanje.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Поддршка за жртви од сексуален напад
19.10.2009 16:07:26   
vezilka RR
Прво user posted image user posted image user posted image user posted image за темава.

Точно е дека државата многу малку прави за жртвите од насилство. Темава е специфицирана само на сексуално насилство, меѓутоа огромен е бројот и на оние жени кои трпат и физичко и економско и најмногу психичко насилство кое најмалку се третира а е најраширено..

Сексуалното насилство по кривичниот закон е казниво дело. Само што жртвите често пати не стигнуваат до таму. Многу често тие воопшто и не го пријавуваат насилството особено ако било извршено од некој познат или партнерот..

(Одговор на членот lidijas)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Поддршка за жртви од сексуален напад
19.10.2009 19:30:17   
lidijas
Tocno e deka najrasireno e psihickoto nasilstvo, a vo vrska so seksualnoto nasilstvo mislam deka najretko i se prijavuva. Noviot Krivicen zakon kako krivicno delo predviduva i siluvanje vo brak no ne veruvam deka nekoj e osuden za takvo krivicno delo kaj nas.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Поддршка за жртви од сексуален напад
19.10.2009 23:45:32   
niki
http://www.rvap.org/_docs/pdf_documents/voices_of_courage_ebook[1].pdf

Еве линк од една книга напишана врз основа на сведоштвата на 12 жртви на сексуален напад на англиски е и можеби некому ќе помогне. Не е воопшто лесно да ја читаш, а камоли пак да се наоѓаш во кожата на некој кој минал низ сето тоа.
Затоа и многу тешко се зборува за ова и многу злосторства никогаш не се обелоденуваат, а сторителите слободно шетаат и веројатно напаѓаат повторно.

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот lidijas)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Поддршка за жртви од сексуален напад
20.10.2009 9:52:20   
niki
Ох сега видов дека линкот не ми е добар. Извинете!

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Поддршка за жртви од сексуален напад
25.10.2009 17:16:51   
mami
Ова е статија која ја најдов а оди во прилог на поддршката на жртвите од сексуален напад, т.е. начин како секоја жена да се заштити воопшто да не дојде да стане жртва

Кондом што спречува силување


Стандарден изглед на женски кондомКако што се зголемуваше процентот на силуваните жени во Јужна Африка, така се зголемуваше и загриженоста кај жените. Една жена се обиде да стави крај на тоа и измисли кондом кој штити од силување.

Жената која одлучи да стави крај на силувачите е Јужноафриканката Сонет Елерс. Таа веќе неколку години се грижи за жените кои го поминале пеколот наречен силување. Така, само едно предавање за нејзиниот изум беше доволно за во еден јужноафрикански град бројот на силувачите за само неколку месеци да се намали на нула, вели Сонет: „Директорот на полицијата ми рече: Сонет, по твоето предавање, три месеци не сме имале ниту едно силување.“

Боцките ги штитат жените




Стравот од т.н. кондом „Rape-aXe“, што во слободен превод би требало да значи „секира за силувачите“ е сосем оправдан. Имено, кога мажот ќе сака да ја силува жената, која претходно го ставила тој кондом, при обидот за силување ќе му се забијат мали боцки во половиот орган.

„Rape-aXe е кондом за жени, кој при силувањето се претвора во кондом за мажи. Тој кондом е од латекс и пластика, а боцките од внатрешната страна се така конструирани, што мажот не може да ги извади, па мора итно да отиде во болница и да ги отстрани“, објаснува Сонет Елерс.

Но тука исто така се поставува прашањето: нели е ова намерно нанесување телесни повреди? - Не!, одговараат членките на организацијата за женски права „Terre de Femmes“. Тие аргументираат дека мажот е тој кој и‘ нанесува болка на жената, односно дека боцките на кондомот им служи на жените како одбрана. Поради тоа,

го поддржува проектот „Rape-aXe“, бидејќи со тоа жените ќе можат конечно да се заштитат себе си.

Бесплатен за жените на кои им се заканува најголема опасност од силување

Поради својата практичност и затоа што воедно ги присилува силувачите со доаѓањето во болница да го признаат силувањето, кондомот би требало да се најде во продавниците ширум светот. Кога точно тоа ќе се случи – се‘ уште не се знае. Во Малезија веќе се произведува. Меѓутоа целта е Rape-aXe да им се понуди бесплатно на жените кои не можат да го купат, а на кои најмногу им се заканува опасност од силување.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Поддршка за жртви од сексуален напад
25.10.2009 17:42:04   
niki
Интересноuser posted image иновативно

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Поддршка за жртви од сексуален напад
25.10.2009 17:44:05   
ripce
мами скоро ја читав таа статија, позната ми е user posted image

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Поддршка за жртви од сексуален напад
25.10.2009 22:08:32   
Bogdancanka
хм интересноuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Поддршка за жртви од сексуален напад
25.10.2009 22:30:35   
bojanka
zanimlivo


(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Поддршка за жртви од сексуален напад
25.10.2009 23:43:55   
mami
да Анице, ја позајмив од Идивиди, прекрасно нешто, мислам дека би требало побрзо да го дистрибуираат низ целиот свет

(Одговор на членот bojanka)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Поддршка за жртви од сексуален напад
11.11.2009 10:59:27   
mami
30.000 деца жртви на сексуално насилство 9 ноември, (Нетпрес) - Околу 30.000 деца во Зимбабве биле жртви на сексуално малтретирање, во последните четири години. Вакви запрепаствивачки податоци објавила една клиника во Хараре, која им дава бесплатна помош на децата.




Според лекарите бројка може да бие и поголема. Експертите велат дека високата стапка на сексуално насилство врз најмладите е резултат на тешките услови за живот во земјата. Нивните родители во потрага по егзистенција ги оставале своите деца на роднини и пријатели.

Во Хараре, главниот град на Зимбабве последните десет години биле нотирани околу 70.000 деца, над кои биле извршено вакво насилство, пренесува “Индекс хр“.


извор- Точка

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 19
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?