busavka -> RE: Проверка на проодност на каналите (26.8.2011 21:40:04)
|
Здраво на сите! Откако 1 ипол година се обидувавме со мм, немаше резултат, матичниот доктор ни кажа дека сепак не е причина за паника, бидејќи сме сеуште млади (23 и 29) и 1 година не е голем период за паника, сепак со мм решивме повеќе да не чекаме и да видиме дали има некаков проблем. Претходно правевме спермограм и ПАП тест, се беше ок. Сега уште еднаш направивме спермограм во св.Лазар и беше во ред, па следно ни закажаа ХСГ. Само пред тоа да испитам седиментација. Ги читав сите постови, некаде пишува дека треба и микробиолошки преглед пред тоа да се направи и да се испита седиментација и леукоцити, но за микро мене ништо не ми спомнаа. Дали е тоа задолжително пред ХСГ? Јас сум преплашена од прегледов... се тешам читајќи постови и искуства, се надевам се ќе помине добро и резултатите ќе бидат во ред. Поздрав до сите
|
|
|
|