|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Проверка на проодност на каналите
12.2.2010 0:07:42   
mira
Navistina neznam sto znaci ova? Najubavo e da si odi kaj maticniot ginikolog i toj ke i kaze. A ako toa ne e vo red odnosno e precka za zabremenuvanje toa se rasava so laparoskopija. Neka ne se panici. Pozdrav i izvini sto nemozam da ti pomognam okolu dijagnozata

(Одговор на членот bibabt)
Непосредна врска до пораките: 51
   RE: Проверка на проодност на каналите
12.2.2010 8:33:06   
arh_diz
trebalo vednas da pobaras objasnuvanje.A sega mozes da go prasas svojot ginekolog

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот mira)
Непосредна врска до пораките: 52
   RE: Проверка на проодност на каналите
12.2.2010 8:40:56   
bibabt
fala vi mnogu e sega dali nekoj znaj so e laparoskopija ,i trebalo da napraj operacija za proodnost na kanalite taka i rekla doktorkata

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 53
   RE: Проверка на проодност на каналите
12.2.2010 8:48:19   
vezilka RR
ШТО СЕ ЈАЈЦЕВОДИ

Јајцеводите се дел од репродуктивниот систем на жената. Тие ја поврзуваат матката со јајниците. Врската на јајцеводите со јајниците не е директна, туку јајцеводите завршуваат во близина на јајниците. user posted image

Градба на женскиот репродуктивен систем Улогата на јајцеводите е незаменлива. Во нив се одигрува средбата, односно оплодувањето на јајце клетката со сперматозоидот. Откатко ќе биде ослободена јајце клетката од јајникот, јајцеводите треба да ја прифатат и да почнат да ја транспортираат до матката. Во исто време сперматозоидот треба да навлезе преку матката во јајцеводите, за да ја оплоди јајце клетката. Потоа улогата на јајцеводите е да ја пренесат оплодената јајце клетка до матката. Транспортот на јајце клетката во јајцеводите, со своето треперење го овозможуваат нежните влакненца во нивната внатрешност.

НЕПРООДНИ ЈАЈЦЕВОДИ

Доколку јајцеводите се оштетени, односно непроодни, нема да може да дојде до средба на јајце клетката со сперматозоидот. Со самото тоа оплодувањето е невозможно. Исто така, во случај на оштетени, но нецелосно непроодни јајцеводи, зголемена е шансата за вонматерична бременост. Доколку јајцеводите не ја пренесат оплодената јајце клетка, до матката, ембрионот ќе продолжи да се развива во јајцеводот, односно ќе дојде до ектопична или вонматерична бременост. Причина за непроодност на јацеводите може да бидат прираслиците или лузни, кои настануваат најчесто заради некоја инфекција. Понекогаш блокадата во јајцеводите е предизвикана од хидросалпингс. Тоа е проширување на јајцеводите, исполнето со течност и исто така е последица на инфекција. ПРИЧИНИ КОИ ДОВЕДУВААТ ДО НЕПРООДНОСТ НА ЈАЦЕВОДИТЕ Причината често пати не се знае, но некои фактори можат да го зголемат ризикот:
  • Воспалителна болест на малата карлица. Ова е најчестата причина. Најчесто е предизвикана од сексуално преносливи болести како Хламидија или Гонореја. Особено голема е опасноста, ако не биде навреме лечена.
  • Абортус.
  • Ендометриоза.
  • Претходна операција на стомакот и сл.
ДИЈАГНОЗА НА НЕПРООДНИ ЈАЈЦЕВОДИ

Непроодните јајцеводи најчесто немаат никакви симптоми. Нивната дијагноза се поставуа со: ХСГ или хистеро-салпинго-графија. Тоа е рентгенско снимање на јацеводите. Со катетар се вбризгува контрастна течност низ грлото на матката. Конрастот ја исполнува матката и доколку се проодни јајцеводите се излева во малата карлица. Доколку јајцеводите се блокирани, течноста не може да пробие во нив. Снимањето наместо со рентген, може да биде и со ултразвук. Тоа е ХССГ или ултра-соно-хистеро-салпинго-графија. Позитивна страна на овој метод е што може да има терапевтско дејство, односно во случај на помало затнување (послаби прираслици во внатрешноста на јајцеводите) може да дојде до нивно отпушување. Често пати доаѓа до забременување во рок од неколку месеци после снимањето. Негативна страна е што понекогаш може да се добијат лажни резултати. Најчесто се работи за лажно позитивни резултати. Ова се случува затоа што под притисок течноста може да пробие низ јајцеводите, но потоа тие пак остануваат затворени. Дијагностичка лапароскопска операција. Се прави мал рез на стомакот на жената и преку вметнување на минијатурна камера во стомакот, на екран се гледа каква е состојбата на внатрешните органи. Оваа дијагносностичка метода е со 100% сигурност.

ШАНСИТЕ ЗА БРЕМЕНОСТ КАЈ НЕПРООДНОСТ НА ЈАЈЦЕВОДИТЕ

Ако се работи за непроодност само на едниот од јајцеводите, не би требало да има проблем со забременувањето. Овулацијата се случува наизменично на двата јајника, па ако јајникот на страната на здравиот јајцевод функционира, ќе дојде до бременост при овулација од тој јајник. Можеби само ќе треба подолго време за зачнување. Сепак ако се работи за хидросалпингс, често пати бременоста е оневозможена иако другиот јајцевод е здрав. Течноста која истекува од хидросалпингсот може да го оневозможува имплантирањето на ембрионот во матката. Во случај на хидросапингс, препорачливо е отсранување на јацеводот на кој се наоѓа. Доколку се работа за блокираност на двата јајцеводи, бременоста по природен пат е невозможна. ТРЕТМАН КАЈ НЕПРООДНИ ЈАЈЦЕВОДИ Доколку јајцеводите се непроодни има 2 алтернативи: Лапароскопска операција за отстранување на лузните и прираслиците. Операцијата може да биде успешна ако јајцеводите не се многу оштетени и нема многу прираслици. Во случај на многу прираслици се препорачува директно одење со ин витро. Вонтелесно оплодување - ИВФ. Кај оваа метода јајце клетките се земаат од јајниците и се оплодуваат надвор од телото на жената. После неколку дена оплодената јајце клетка се враќа во матката. На тој начин се избегнувааат јајцеводите и нема никаква пречка за забременување. Доколку се работи за хидросалпингс, прво се отсранува јајцеводот, па се прави ИВФ.

< Поракaта ја уредил vezilka -- 12.2.2010 8:49:55 >

(Одговор на членот bibabt)
Непосредна врска до пораките: 54
   RE: Проверка на проодност на каналите
12.2.2010 8:52:40   
vezilka RR
Лапароскопија:

Хирургот прави мала инцизија (засек 0,3-20мм) на ниво на папокот и спроведува низ неа мал оптички инструмент со камера на него со кој може да се види присуство на абнормално ткиво или на лузни. Додатни мали инцизии се прават за внесување на инструментите потребни за изведување на операцијата. Лапароскопијата спаѓа во делот минимално инвазивна хирургија токму и затоа многу често се користи бидејќи има минимални ризици и за време на интервенцијата може да се земе биопсија од ткивото, и е не толку стресна за пациентот, лузните после интервенцијата не се познаваат итн.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 55
   RE: Проверка на проодност на каналите
12.2.2010 8:58:59   
Anushka
Имам правено лапароскопија. Навистина лузни нема, не е стресно како класична операција. Но, по интервенцијата има болки, замолете ги сестрите да ви дадат аналгетици. А и мешето е извесен период е надуено од вметнатиот воздух (лекарите полнат воздух за да создадат простор за работа). Непријатно е додека да си излезе воздухот по природен пат.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 56
   RE: Проверка на проодност на каналите
12.2.2010 9:04:18   
mother 29
штом ке оди на лапаро нема си побара и хистероскопија.......како и да е со оваа постапка се утврдува дали има некои проблеми во матката или јајоводите (  канали). И  кога има мали проблеми можат да се средат. Обично станува збор за мали нерамнини, јазли кои предизвикуваат запушување на каналите. Се внесува гас CO2, кој овозможува т.н продувување, или ако има потреба хируршки се отстрануваат аномалии.


(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 57
   RE: Проверка на проодност на каналите
12.2.2010 9:12:56   
bibabt
fala vi mnogu na site ke i kazam fala za ovie odgovori

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 58
   RE: Проверка на проодност на каналите
12.2.2010 14:24:03   
bik10
Pozz do site sto se obiduvaat da stanat majki. Samo sto ja procitav temata i se vkluciv na forumot za da kazam deka samo sto bev kaj Tolovski za HSG. Mnogu me bolese i ne mozese da se izvrsi pregledot. Doktorkata od Sistina se obide nekolku pati, no mi rece deka ne postoi ni najlam otvor za da se obide. Inace se obiduvam da dobijam bebe veke 2,5 god, no nisto. Ona rece ne e ni cudo zatoa sto spremata ne moze da vleze. Se dogovorivme sledniot mesec da otidam vo Sistina i tamu ke se obide so anastezija. No ako vo sistina nema rengen za HSG togas sto ke mi pravat? Mnogu sum uplasena i ispanicena, i od strav ne ni prasav koja e procedurata za ponatamu.
Ve molam dajte mi nekoj sovet, ili nekoe slicno iskustvo
Pozzuser posted image

(Одговор на членот bibabt)
Непосредна врска до пораките: 59
   RE: Проверка на проодност на каналите
12.2.2010 14:26:34   
arh_diz
Kaj Tolovski nemozele da ti dadat anestezija ili voopsto ja nema. Jas znam dokolku te boli proodni ti se kanalite bar na mene taka mi rekoa. Jas isto pravev so Adamoska kaj Toloski mnogu me bolese no izdrzav ( posle polezav uste 5 min) i super mi bea kanalite

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот bik10)
Непосредна врска до пораките: 60
   RE: Проверка на проодност на каналите
12.2.2010 14:43:07   
bik10
Doktorkata se obide da vleze, no voopsto ne mozese. Imam praveno i konizacija pred 3 godini, i ona mi rece deka ne moze da vleze voopsto kaj matkata deka bilo zatvoreno. Se obide nekolku pati no ne uspea, i mi rece da odam vo Sistina kaj nea posle slednata menstruacija. Dali toa znaci deka ke mi pravat laparoskopija? Ima toa vo Sistina? Lele ocajna sum, ne znam sto ponatamu.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 61
   RE: Проверка на проодност на каналите
12.2.2010 14:46:07   
arh_diz
bik10 nemam takvo iskustvo. No nemas potreba da ocajuvas i da ti napravat laparoskopija moze ke bide podobro i ke si zabremenis. Vaka sto ke pravis so zatnati kanali mozessamo na vestacko da odis. zatoa uste ednas ke ti kazam nemoj da ocajuvas se ke izleze na dobro

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот bik10)
Непосредна врска до пораките: 62
   RE: Проверка на проодност на каналите
12.2.2010 20:32:40   
delfinka
jas pravev laproskopija za ispituvanje na proodnosta na kanalite so totalna anestezija,kako citam na site vas vi pravea na zivo???
inace imam dupce kaj pupakot,2gore od nego,2dole od nego i 2dole na dolniot del od stomahot
seuste imam luzni,mozebi deka e seuste rano,utre pravam 1mesec
posle operacijata ne me bolese voopsto t.e osekakaj so stoeja koncite pri dopir so obleka no po 1nedela koga mi gi izvadija nemase nikakov problem
mi rece doktorot deka na toj nacin e najsigurno da se proveri proodnosta
neznam dali e oiva isto so toa so go pisuvavte pogore hsg ili???
ne zameruvajte na mojata neinformiranost
kazete mi stanuva zbor za ista proverka??


_____________________________

sekoj e blagosloven ako veruva vo boga

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 63
   RE: Проверка на проодност на каналите
12.2.2010 20:53:12   
andrijana
jas veke 2 pati prave HSG.... prviot pat ne me bolese samo neprijatno cuvstvo... no togas mi otkrija deka kanalite ne mi se proodni i imam nesto kako mrezicka na matkata.... potoa 90 den primav terapija. Posle 90-tiot den povtorno pravev HSG so cel da vidime dali deluvala terapijata i dali ima podobruvanje... Za sreka imase vidlivi podobruvanja, no ovoj pat mnogu bolese. Doktorkata mi kaza deka me boli zatoa sto i vbrizguvanjeto na tecnosta e terapija i taa prodira po kanalite za da gi iscisti. Znaci i samiot HSG test deluva kako terapija.....

Na pocetokot mi bese mnogu tesko... stanav ponervozan, bez volja za ponatamu...No samata si najdov terapija... Citav literatura koja mi pomogna da si gi nadminam teskotiite i milite za toa... i eden den pred ogledalo si rekov: zivotot e eden...vredi da go zivees so nadez za ubavi nesta... uste togas pocnav da si velam deka nie ke go imame najubavoto bebe na svetot.... i navistina deluva... seuste nema user posted image no veruvam deka vo najbrza idnina nasata najgolema zelba ke stane stvarnost... zatoa setam deka mnogu od nas, clenovite na ovoj forum treba psihicki da si deluvame bidejki so otstranuvanje na taa precka se ke trgne kon podobra linija....
pozdrav do site vas.... i se nadevam deka vo bliska idnina site ke zboruvame za nasite najdragi bebinja user posted image

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 64
   RE: Проверка на проодност на каналите
14.2.2010 20:41:05   
mira
Big10. Neznam dali toa znaci laparoskopija no i da znaci ne se panici se e za podobro.Toa e so celosna anastezija taka da nema da te boli kako na Hsg. Jas pravev Hsg (izdrzav) i sega moram da odam na laparoskopija. Denes dobiv menzis, taka da za 10-ina dena treba da mi e operacijata. Jas imam drug problem jas pak edvaj cekam da dojde denot na operacija, znam deka moram, da go zavrsam toa i kraj. Vo Sistina pravat laparoskopija. Aj neka ti zavrsi se pa daj Boze da ne izraduvas so user posted image . Pozdrav

(Одговор на членот bik10)
Непосредна врска до пораките: 65
   RE: Проверка на проодност на каналите
19.2.2010 12:42:00   
none
kAZETE MI KOJA OD VAS PRAVELA OTPUSUVANJE NA KANALI ZA DVE ILJADI DENARI,I KAKOI IDE AKO TE SNIMAAT I SE E VO RED ZNACI NE TREBA DA TI PRAVAT NISTO DRUGO.POZDRAV NE MI E JASNO???

(Одговор на членот mira)
Непосредна врска до пораките: 66
   RE: Проверка на проодност на каналите
19.2.2010 13:01:35   
vezilka RR
none, јас правев..значи кога ме снимаа на ХСГ ми утврдија дека се затнати..а за отзатнување не се снима туку се прави лапароскопија. Тоа е хируршки зафат, ама не е ништо страшно..еве погоре имам опишано како тоа изгледа. И платив 2000 оти го правев на клиника, иначе на приватно кошта повеќе..

(Одговор на членот none)
Непосредна врска до пораките: 67
   RE: Проверка на проодност на каналите
19.2.2010 13:38:12   
mamasane
Јас во 2002 година правев лапароскопија во Систина кај др.Панчевски и платив 48.000 денари. На Клиника не сакав поради тоа што ми рекоа дека ќе треба да чекам подолго време додека да дојдам на ред а и Панчевски ми го препорачаа како еден од најдобрите доктори за вакви зафати.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 68
   RE: Проверка на проодност на каналите
19.2.2010 15:16:12   
none
VESILKE AMA KADE SI PRAVELA DRZAVNO NA KOE MESTO ZATOA STO SEGA ZAKASNIV NO SLEDNIOT MESEC ODAM ,MEGJU VREME MM PIE APCINJA NEKOJ SPIN I E VITAMIN MU PREPISA DOKTOROT ZATOA STO IMAL NE PODVIZNI SPERMATOZOIDI,TE CEKAM KAZI MI NAJVEROVATNO TREBA DA ZAKAZAM

(Одговор на членот mamasane)
Непосредна врска до пораките: 69
   RE: Проверка на проодност на каналите
19.2.2010 15:38:42   
vezilka RR
На гинекологија во државна болница...

(Одговор на членот none)
Непосредна врска до пораките: 70
   RE: Проверка на проодност на каналите
21.2.2010 8:36:42   
none
vezilke se zakazuva li so kartoncinja li e taa cena izvini vaka sto ti dosagjam ,vikaat tamu bilo mnogu guzva duri i mozno aparatot da ne im raboti .ti blagodaram mnoguuser posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 71
   RE: Проверка на проодност на каналите
22.2.2010 11:06:47   
vezilka RR
Па мене не ми закажуваа..јас бев во септември, првата тура после летото, оти летно време не правават такви зафати..и имаше многу гужва сите што чекале цело лето..ама и покрај тоа не ми закажуваа нешто посебно. Прво бев на консултации со снимката од HSG, и другите резултати и ми рекоа нареден пат кога ќе имам циклус да отидам на дестиот ден да ме спремат. На десетиот ден ме прегледуваа нешто ми зимаа некои податоци и ми рекоа по два дена да дојдам за да ја направат лапароскопијата. Бев три дена во болница..толку трае целата процедура.. Битно е за да скратиш од периодот на чекање кога ќе отидеш таму веќе да имаш HSG снимка и пап тест не постар од 6 месеци, ти треба и картонче за крвна група. Тоа се три работи кои може да ти одземат време ако ги немаш..

(Одговор на членот none)
Непосредна врска до пораките: 72
   RE: Проверка на проодност на каналите
3.5.2010 19:55:11   
none
dobro e sega svativ laparaskopija e proces ako ti se zatnati kanalite inaKu bev i mi rekoa da se napravi segmentacija i ako e niska odma proverka na kanalite a toa kostalo okolu 900 denari,a nedaj boze ako se zatnati togas e taa cena nekoja od 2000 denari pozdrav i odam so nadez deka se e vo red ,zatoa sto mm pie spimen slaba podviznost ak oe do nego  ke cekame kaj mene ostana uste proodnosta i ako ne odime insemenciauser posted image user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 73
   RE: Проверка на проодност на каналите
3.5.2010 20:00:16   
Bogdancanka
none proverka na prodnost na kanali kosta 4000 iljadi denari i kaj mene  segmentacijata beve super ali pak proveruvav kanali......daj boze da e se vo red i bas mi e milo sto si bas pozitivna taka treba i samo napred ke bide se kako sto reba pozzzzzzz

_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот none)
Непосредна врска до пораките: 74
   RE: Проверка на проодност на каналите
3.5.2010 20:24:11   
iki82
девојки извинете, а како се проверува сегментација? она најобично преку крв што проверуваат или некоја посебна процедура е?

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 75
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?