|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  32 33 [34] 35 36   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Проверка на проодност на каналите
28.4.2014 10:44:53   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: nemo

Zdravo,
jas sum nova na forumov i me interesera dali nekoj imal vakvo iskustvo minatiot mesec pravev HSG sega mi kasni 7 dena dali e toa normalno?

Pozdrav..:)


nemo, добредојде на форумот се надевам ќе се дружиме. После ХСГ не би требало да ти доцни многу, консултирај се со докторот што ти правеше ХСГ. Се спремаш за ИВФ..?


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот nemo)
Непосредна врска до пораките: 826
   RE: Проверка на проодност на каналите
28.4.2014 14:54:57   
Kvisko
Nemo ако си имала незаштитени односи после ХСГ можеби си бремена. Направи прво тест па се друго.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 827
   RE: Проверка на проодност на каналите
15.5.2014 12:09:40   
princess_22
Здρаво. Саκам да напρавам пρовеρκа на κанали. Сум со полицистични јајници и имам доцнење и по 2 месеци. Добив во понеделниκот по доцнење од 1 месец. Саκам да пρашам κаκо идат тие пρоцедуρи за пρовеρκа на κанали? А κаκо паκ идат пρоцедуρи доκолκу се има непρооден κанал? Мислам κаκо иде леκувањто на κанали? Благодаρам :*

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 828
   RE: Проверка на проодност на каналите
15.5.2014 12:40:00   
Hopeful RR
Здраво princes_22 user posted image
Проверката за проодност на канали е HSG, и е кратка едноставна постапка во која вагинално се вбризгува контраст со цел рендгенски да се види целосно обликот на матката и дали каналите го пропуштаат контрастот. Доколку има мало затнување, можно е со самото HSG да се прочистат (јас бев таков случај, за едниот канал), а ако има поголеми пречки, се решаваат на други начини, мислам дека најчесто преку лапароскопија. HSG се закажува на одреден ден од циклус, се пие претходно терапија за подготовка и е без анестезија. Има некоја болка, кај секого различно, кај мене беше многу голема, но не е неиздржлива. Најдобро разговарај со гинеколог и договорете се, па пиши ни user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот princess_22)
Непосредна врска до пораките: 829
   RE: Проверка на проодност на каналите
15.5.2014 12:40:22   
Melanija RR
princess_22 проверка на канали се прави 3 дена по завршување на циклус ,одприлика 7 до 10 ден, во тој период треба да закажеш зависно каде сакаш и да испиташ седиментација преку крвна слика.
Ако сакаш на дршавно треба преку матилниот гинеколог, а ако сакаш на приватно јави се во некоја од болниците.
За лечење н а непроодност не ни размислувај.user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот princess_22)
Непосредна врска до пораките: 830
   RE: Проверка на проодност на каналите
16.5.2014 7:28:37   
princess_22
Ви благодарам и на двете. Се надевам дека нема да има причина за размислување за лекување :) од понеделник па натаму ке закажам па ќе видиме :) се надевам и јас на добри резултати :) позззз

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 831
   RE: Проверка на проодност на каналите
16.5.2014 9:04:46   
Kvisko
Princes_22 со среќа. Првиот разговор е консултативен па потоа со лекарот ќе договарате кога ќе се прави постапката. Ако си на ГАК првиот упат ти е за закаѓување термин па потоа ќе се договараш со лекарот каков упат ти треба. За самото ХСГ ти треба болнички упат. Ако одиш приватно првото закажување ти е за консултација и веројатно договарање и немаш упати и слично.

(Одговор на членот princess_22)
Непосредна врска до пораките: 832
   RE: Проверка на проодност на каналите
24.8.2014 22:11:43   
bubla
Помина и моето ХСГ минатата недела. Не дека е болно, повеќе е непријатно и стресно бидејќи не знаеш што те чека, а неизвесноста убива. Целата постапка трае 2мин (ако воопшто беше и толку)
Правев во Систина. Ме заболе само на почеток, додека д-рот ми ги ставаше инструментите. Ми вели ова е исто како на преглед, а мене на преглед никогаш не ме боли кога ми го ставаат спекулумот.
После ми најави дека ќе ме пецне и ќе ме заболи, ама тогаш не осетив ништо. Дур тече контрастот во принцип не осеќаш болка, туку некое непријатно чувство во стомакот. Јас немам болни менструации, ме болело 2-3 пати во животов, а веќе ги имам 33 години, значи биле доста циклуси. Болката ме потсети на на тоа чувство, болка 2-3 пати кога сум имала.
Ми даде вибрамицин 5 дена. Е сега јас имав како кафеави капки крв (спотинг) следните 5 дена. Не дека беше многу ама ме нервираше. Се сомневам дека е повреда на капилар од спекулумот.
Сакав да го споделам ова, во случај некој да се спрема сега за правење и го исчитува форумов. Јас целиот го прочитав и пред снимањето и после. Ми помогна да знам што да очекувам (колку толку) user posted image  Фала на сите девојки кои го споделиле своето искуство.

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 833
   RE: Проверка на проодност на каналите
21.10.2014 12:30:09   
katerina stankoska
zdravo jas na praviv hsg i kanalite se prodni ama mi najdija cikluarno stesnuvajne na cervix uteri

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 834
   RE: Проверка на проодност на каналите
22.10.2014 9:16:24   
LoveableMe RR
Кaтеринa здрaвo, кaј мене беше oк нaoдoт, се нaдевaм рингерaјки сo сличнo искуствo ќе ти oдгoвoрaт.

Пoзз

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот katerina stankoska)
Непосредна врска до пораките: 835
   RE: Проверка на проодност на каналите
13.12.2014 10:18:15   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: pepapa

Devojki mi treba vase mislenje i iskustva...pred polovina godina koga odev kaj dr.tofoski vednas mi zakazuvase insemenacija, no bidejki retko go naogav se otkazav i denes imav zakaano kaj dr.trajkovski on ne mi ni spomna vednas za insemenacija tuku bara hcg da pravam, kazete sto e pravilno dali mora hcg i kade e najdobro da se pravi, bolno li e ili moze direkno insemnacija, navistina neznam sto e najdobro.pozz



ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

pepapa, веројатно се мисли на HSG, проверка на проодност на каналите. Тоа е една од основните процедури што се прават пред да се започне со инсеминации, бидејќи ако има проблем со каналите, нема поента инсеминација додека не се реши тоа. Ме чуди што претходно си правела инсеминација без HSG, но добро што сега Трајковски ти укажал на тоа.

Инаку постапката е брза и едноставна, болката е релативна и поднослива, ништо страшно. Јас правев во Систина, но не е нешто толку специфично па да не може и на Гак, башка и нема да се трошиш. Мој совет е обавезно да направиш. Со среќа user posted image


Пепапа, др. Трајковски е добар доктор, послушај го, само не знам дали прават ХСГ на ГАК, мислам само на приватно се прави, немаат сеуште апаратура за ХСГ, или грешка сум? Ај пиши дали има на ГАК и колку чини, ако има?

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 836
   RE: Проверка на проодност на каналите
13.12.2014 10:27:19   
scared RR
Прават и на Гак, 700 денари е, ама јас не би препорачала на никој да иде таму, специјализанти го прават и не знаат ни спекулум асално да ставатuser posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 837
   RE: Проверка на проодност на каналите
14.12.2014 19:47:38   
Kvisko
Pepapa мислам дека стварно ти е подобро да си провериш проодност на канали пред инсеминација. Ако се запушени каналите џабе ти е инсеминација само губење нерви и време.

Јас ХСГ не сум правела на ГАК ама еднаш кога ќекав за друго дојде сестрата и кажа дека измрзнале со Трајковски чекајќи го рендгенологот. Значи не се прави на ГАК туку на рендгенологија ама мора да го прави гинеколог обучен за тоа зашто се пушта течност под притисок.

Дали ќе биде болно или не зависи од тоа дали ти си стегната во текот на интервенцијата дали има запушен канал и слично. Јас на пример трпам болка и јас не го доживеав тоа како многу страшно иако многу ме болеше кога пробаа да ми го отпушат и успешно ми го отпушија едниот канал.

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 838
   RE: Проверка на проодност на каналите
14.12.2014 21:27:52   
kapina
Mene uzasno me bolese najiskreno placev no desnata strana celata bese neproodna i morav na operacija na hosteroilaparoskopija

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 839
   RE: Проверка на проодност на каналите
14.12.2014 21:55:42   
Hopeful RR
Зависи од каналот, да. И мене едниот ми беше како подзатнат и исто многу ме болеше, но за среќа кратко трае. И мој совет е да направиш на приватно - не е многу скапо, околу 4000 ден, а барем ќе биде се како што треба - закажано, без чекање, без малтретирање...

Инаку самата постапка се состои од спроведување радиоактивен контраст низ каналите кој се гледа на рендген, со цел да се исцрта убаво анатомијата и да се покажат можни дефекти, затнувања и слично, и доколку се мали затнувањата, самото протекување на контрастот ги отзатнува. Прва и основна постапка е при лечење стерилитет, и стварно не би требало да се прави инсеминација без тоа.

Со среќа, пиши ни што ќе одлучиш user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 840
   RE: Проверка на проодност на каналите
14.12.2014 23:41:17   
scared RR
Постапката е сега поскапена 4950 е ама сепак вреди по мое мислење user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 841
   RE: Проверка на проодност на каналите
15.12.2014 8:34:59   
Bea
Дефинитивно прво HSG па инсеминација. Јас правев минатата година во Систина кај Нина Кузевска, 4000 ден беше, ама ете сега поскапело.
Од подготовка, бараат само седиментација со вредност пониска од 10, а мене гинекологот ме советуваше да се напијам еден апаурин пред интервенцијата за опуштање на мускулатурата.
Мене двете туби ми беа проодни, но ми открија субсептум кој минатиот месец го отстранив. Кај HSG, освен нелагодност од инструментариумот "таму доле", не почуствував болка. Постапката кај мене траеше 5 минути, после тоа имав незначително крварење и добив една доза антибиотик превентивно.
Оваа постапка е неопходна во процес на лечење на инфертилитет и една од првите дијагностики што би требало секој да ја направи.

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 842
   RE: Проверка на проодност на каналите
15.12.2014 13:30:35   
blue_blue
како што кажале веќе останатите - ОБАВЕЗНО да направиш. Никаква поента нема да се оди на инсеминации или да примаш хормонална терапија - Кломифен или што да е друго ако се востанови дека каналите се непроодни. Исто така може да се проодни ама да имаш септум во матката (преграда од ткиво) па да дојде до бременост и спонтан. И јас би одела на приватно. Мене др. Лазаревски тоа прво ми го препорача од испитувања и секако спермограм. Мислам тоа основни испитувања се и никој нормален совесен доктор не би идел понатаму без нив. Јас правев кај рендгенологот Толовски (ова додусе беше во 2005) и Др. Лазаревски дојде таму. Значи мора да има гинеколог и рентгенолог со тебе во просторијата. Гинекологот става вагинално контрастна течност, а рентгенологот прави рентггенска снимка за да се види како и каде протекува течноста. Мене ми беше болно, зошто имав запушени канали поради септум - ткивото толку се расегнало што го блокираше влезот во каналите. Но после тоа останав бремена природно - тоа додуше заврши со биохемиска, но не е тоа поентата. После ова испитување и биохемиската Др. Лазаревски ми правеше хистероскопија со лапароскопија заедно за отстранување на септумот и после тоа правевме контролно ХСГ и се си беше супер (иако тој и после лапарото рече дека сега се е супер и дека можам без проблем да останам бремена природно). Тоа од непознати причини не се деси де, ама се деси од моето прво ИВФ. Пред било што да правиш НАПРАВИ ГИ ПРВО СИТЕ ИСПИТУВАЊА

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 843
   RE: Проверка на проодност на каналите
15.12.2014 13:45:53   
pepapa
Pravat i na gak mi kaza doktorot megutoa apartot ime rasipan, kako i da e nemase ni da go pravam tamu se mislam za kaj rengen Toloski ili Remedika samo neznam koj doktor toa go pravi vo remedika,... Inaku Trajkovski kako za prvo viduvanje mi ostavi mnogu dobar vpecatok i se ubavo mi objasni pa ke vidime onatamu ...

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 844
   RE: Проверка на проодност на каналите
15.12.2014 14:06:28   
pepapa
Ke go napravam obavezno,samo malku me zacudi sto tofoski vednas sakase da mi zakaze insemenacija a na drugarka mi veke i napdavi dve bez da pravi hsg

(Одговор на членот pepapa)
Непосредна врска до пораките: 845
   RE: Проверка на проодност на каналите
16.12.2014 15:52:21   
lilika9
Peppa обавезно проодноста на канали па потоа следен чекор доколку има потреба. А некој велат дека и после ХСГто може полесно да се остане бремена, првите 3 месеци заради проширување на каналите од течноста и одстранување на некој мали препреки доколку постоеле. Јас ркајот на ноември оваа година правев на ГАК и сум многу задоволна. Немаше ни многу чекање, стручен кадар, одлично искуство имав. Кошта само 700денари.


(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 846
   RE: Проверка на проодност на каналите
16.12.2014 17:58:21   
pepapa
Ke go napravam definitivno, samo neznam kade bidejki vo gak aparatot e rasipan, a neznaat koga bi prorabotel

(Одговор на членот lilika9)
Непосредна врска до пораките: 847
   RE: Проверка на проодност на каналите
17.12.2014 11:14:20   
Hopeful RR
Во тој случај, не чекај на Гак, и направи го во Ремедика или Систина, и тоа кај доктор што е специјалист за неплодност, не кој било.

Исто така, мој совет ти е да си го смениш докторот, бидејќи е крајно непрофесионално и нехумано да се прави инсеминација без направено ХСГ. Тоа ми личи на реда ради постапки само за да се наведе пациентот на ивф. Размисли, но мене ова ми е сомнително. Мојот доктор дури ме предупреди дека мора ХСГ пред што било, и дека има доктори што дури и ивф прават без ХСГ, а не па ХСЦ, така што размисли си и ти, и другарка ти.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот pepapa)
Непосредна врска до пораките: 848
   RE: Проверка на проодност на каналите
17.12.2014 12:23:58   
scared RR
Pepapa само мислам во Ремедика не правеа ХСГ туку ХСС, разликата е што нема снимка, ти пуштаат контраст и те следат на ехо, така беше порано сега може прават хсг, не знам, најубаво јави се прашај user posted image

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 849
   RE: Проверка на проодност на каналите
17.12.2014 13:23:53   
pepapa
Veke i go smeniv doktorot sega sum kaj Trajkovski i mi izgleda kako dobar i strucen, pa ke vidime, a za hsg ke moram da pocekam bidejki imam bakterii vo urina do vcera piev pancef i Trajkovski rece da pocekam dve nedeli pa pak da ispitam pa duri posle hsg

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 850
Страница:   <<   < Претходна страница  32 33 [34] 35 36   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  32 33 [34] 35 36   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?