vezilka RR -> RE: Проверка на проодност на каналите (24.6.2010 9:37:35)
|
Еве вака првенка.. Точно е дека со лапароскопија се третира отзатнување на каналите, но тоа не е единствената состојба која се третира со овој зафат. Лапароскопијата се употребува за повеќе интервенции во внатрешноста на стомакот, матката, каналите и јајниците..На пример, со лапароскопија може да се третираат и цисти. Сакам да кажам дека ако си правела лапароскопија, не значи дека автоматски ти ги отзатнале и каналите. Е сега точное и тоа дека за време на зафатот морале да ја видат и состојбата со каналите, но прашањето е дали воопшто гледале такво нешто и дали го запишале како дијагноза и дали го третирале, бидејќи мислам дека имаш споменато дека на лапароскопија си отишла со друга причина а не канали. Како и да е во отпусната листа треба да пишува се што третирале со зафатот па ќе видиш дали и тоа го опфатиле. Мое мислење е дека не можеш да бидеш зијан ако направиш ХСГ, туку само ќар..
|
|
|
|