Џесика
|
Палче, колку што памтам, вие имавте проблем со јадењето? За ова што го пиша ти, е фаза со која се соочува секоја од нас... поготово тргнувањето во градинка... син ми беше многу мирно дете, ама откога тргна во градинка стана неподнослив, негира се, контрира, беснее, писка, треска врати, аздисува со лудило... јас кога сум сама некако излегувам на крај, некогаш го игнорирам таквото негово однесување, некогаш успевам да го пренасочам на друго, а кога нит се тера, нит се води, во последно време ми успева да го смирам само со гушкање, и ми има многу добар ефект... да спомнам дека зборувањето има голем удел, значи, зборување, зборување до бескрај, повторување по 5-6 пати, дур не ми фати устава пена од зборење.... сега кога не можам да се справам, само ќе клекнам пред него, и ќе му речам „ајде дојди да се гушнеме ти и јас“ и одма се омекнува и почнува од бесно плачење, да плаче жално, што многу полесно можам да го смирам, галење, гушкање, па после скокоткање и завршена работа... ова го кажувам примеров во моменти на голем бес... значи да не можам ЈАС да се смирам од нервоза... ете така последно така се справуваме, па ќе видиме до кога... се надевам ќе има и кај тебе ефект...
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
(Одговор на членот Palce)
|