RE: Хормонски таблети (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


Melanija RR -> RE: Хормонски таблети (29.7.2013 14:47:52)

Од кломифен неможе јајник да стане полицистилен.Може да се фоликули кои ако не настапи оплодување ќе прснат,па следен месец оди на ехо ќе видиш дали ги има уште тие топчиња.
Друго прочитај низ темата за полицистични јајници има различни облици , ништо страшно штом добиваш овулација.Јас имам лесен вид односно налик на полицистични јајници но немав проблем имав најредовен циклус но од друго немав природно овулација.
Не се секирај најважно е да се добива овулација [sm=smiley1.gif]




MademoiselleNina -> RE: Хормонски таблети (29.7.2013 15:01:48)

Меланија, Фала за одговорот,
некако ме утеши ...




Melanija RR -> RE: Хормонски таблети (9.10.2013 15:08:38)

ИЗВОРНА ПОРАКА: wanna be mum

Имам едно прашање ве молам за мислење [sm=zmeden2.gif] Дали вашите лекари ви кажале или ако сами сте се информирале ќе знаете да ми кажете за споредните ефекти од терапиите за стимулација кломифен, естрофен, прегнил, утрогестан......
Не мислам на оние моменталните подуеност и сл туку на подолготрајни патеки ако се земаат [sm=zmeden.gif] кои негативни последици ги имаат. Секогаш мислам неколку чекори пред време и неможам да очекувам лекрите да мислат на моето здравје некако мислам дека сама треба да се погрижам [sm=smiley36.gif] До кога може да тераме со терапииве???Знам дека е индивидуално ама еве вас што ви рекле? На инсеминација би одела ако треба секој 2 ден [sm=smiley36.gif] не се штедам од ништо се се поднесува ако е за добро ама ме плашат мноооогу хормониве што ги примам во текот на месецот [sm=smiley13.gif] извинете за долгиот пост [sm=smiley27.gif]


ИЗВОРНА ПОРАКА: Milicka 30


А каква хормонска терапија примаш? И мене да ти кажам ме замислуваат ,јас само кломифен пијам, а овој месец пиев пошто се спремав за 2 инсеминација а сега од фондот ми кажаа дека требало преку месец да се прават инсеминациите а јас за џабе си пиев кломифен. Познавам многу девојки кои што биле на хормонска терапија , како негативни ефекти знам дека може да се создаваат цисти на јајниците и зголемена влакнетост,зголемен апетит... и знам дека не трабло повеке од три месеци да се примаат. Јас баш прашав за кломифенот и докторот ми викаше демек не се толку страшни [sm=smiley1.gif]


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Еве кратко лично искуство [sm=smiley1.gif]
За 2,5 години испиено 8 пати (месеци) клофен,4 месец естрофен, 5-6 месеци утрогестан,2 месеци Гонал (инекции),Бромергон4-5 месеци

Се се хормони,кратко трајно се подуеност,нервоза, топлотни бранови,влакнетост.Доколку мислиш на подоцнежни низ годините допрва ќе видиме а мислам дека се одразува на организмот но на кој начин кај кого никогаш мислам нема да се знае ,ете баш од хормоните дека нешто е.

Патот е тој, да треба да мислиме на здравјето во иднина но во овој момент во кој сте сите вие што се борите ( и мене ибеше така) е тотално неважно.Важна е само целта.[sm=smiley1.gif]




wanna be mum -> RE: Хормонски таблети (9.10.2013 15:31:20)

Фала Меланија [sm=smiley1.gif] секако дека на овој пат најбитна е целта ама сепак треба да бидиме здрави мамички [sm=smiley36.gif]
Незнам зошто толку сум исплашена од хормониве. [sm=smiley13.gif]
Јас пиев кломифен, па 3 дена естрофен( за ендометриумот да го задебелиме) прегнил 12ти ден инсеминација и сега 2 недели утрогестан вагинално абе се ќе проголтам за [sm=duda.gif][sm=duda.gif] [sm=smiley36.gif]
Миличка не си пиела за џабе кломифен и да решиш преку еден месец да правиш инсеминација ќе си имате односи па и така ќе бидни [sm=bravo.gif]




lolla RR -> RE: Хормонски таблети (12.10.2013 11:52:02)

Денес ми е последен 5ти ден од кломифенот. Првпат пиев пред 2-3 години ама онака во обичен циклуси тогаш немав никакви проблеми. Ама овојпат, после 3тото апче станав чудно поемотивна, раздразлива, едвај чекам вечер да го испијам последното апче. Естрофем не ми спомнала матичната... нема да примам изгледа. На ехо сум на 12 ден и се надевам дека ке има добри фоликули за инсеминација.




wanna be mum -> RE: Хормонски таблети (12.10.2013 11:58:15)


ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

Денес ми е последен 5ти ден од кломифенот. Првпат пиев пред 2-3 години ама онака во обичен циклуси тогаш немав никакви проблеми. Ама овојпат, после 3тото апче станав чудно поемотивна, раздразлива, едвај чекам вечер да го испијам последното апче. Естрофем не ми спомнала матичната... нема да примам изгледа. На ехо сум на 12 ден и се надевам дека ке има добри фоликули за инсеминација.

А и мене емоциите ми се до плафон кога пијам кломифен, без гајле и јас славам последното кога ќе го испијам [sm=smiley36.gif] А естрофен даваат на прво ехо јас правев на 9ти ден и ендометриумот си кажува треба или не [sm=smiley1.gif] ти посакувам убавки фоликули и успешна инсеминација [sm=bravo.gif]




wanna be mum -> RE: Хормонски таблети (17.10.2013 20:01:48)

да ве прашам Добростан за што се дава кога е тенок или задебелен ендометриумот???Или сеедно го регулира и го прави таман [sm=smiley36.gif]? фала [sm=smiley27.gif]




nataly86 -> RE: Хормонски таблети (17.10.2013 23:16:17)

Jas mislam deka Dobrastonot nema vrska so endometriumot, jas gi piev posle inseminacija sto znaci za podrska na plodot i znam deka gi davaat kaj krvarenja vo rana bremenost
Se nadevam deka pomognav[sm=smiley36.gif]




wanna be mum -> RE: Хормонски таблети (18.10.2013 0:16:11)

аха значи од групата на утрогестан е што се дава за поддршка на бременост доколку се случи!!! фала [sm=smiley27.gif]




Zoya -> RE: Хормонски таблети (21.11.2013 10:00:23)

Здраво на сите. Нова сум на форумов. Ве молам оние кои имаат искуство со достинекс дали чувствуваат поспаност, ама голема поспаност. Ги пијам навечер (по препорака на мојот доктор) и заспивам уште во текот на првиот саат и следниот ден едвај станувам. Ги пијам веќе неколку месеци и првите месеци немав вакви симптоми или барем не ги чувствував до таа мера како што ги чувствувам во последниов период. Доколку има некој искуство со достинекс ве молам споделете ги вашите искуства. Ви благодарам [sm=smiley1.gif]




Felly RR -> RE: Хормонски таблети (2.10.2014 17:55:18)


ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

jas nemozam veke da izdrzam so yasmin loso mi e od niv prviot pat ne mi bese tolku loso koga gi piev ama ajde do nedela ke izdrzam





Felly RR -> RE: Хормонски таблети (14.11.2014 14:26:38)

Прашањево не е баш за хормонски таблети, но сепак ќе го ставам тука, конкретно за капсулите Феминсесенс Мака Хармони - тоа е перуанска мака, и влијае за воспоставување на хормонална рамнотежа. Е сега, јас ги земам таблетиве веќе втор месец, и еве оваа прва недела од тој втор месец имам два пати мигрена (и тоа со здрвување на раката, со лошење/повраќање и јака главоболка) во рок од 4 дена. Истото ми се случуваше кога пиев микрогинон. И тогаш мигрените почнаа од вториот месец, и речиси секој втор ден имав мигрена, а еве и сега. Не се истите таблети, ама сепак и овие делуваат на хормоните, ама па би требало да ги стабилизираат/нормализираат, а мигрената се јавува кога има хормонален дисбаланс. Па стварно ме е нејасно дали би можело од нив да биде? Што мислите?




LoveableMe RR -> RE: Хормонски таблети (14.11.2014 14:50:47)

Мигрените се од хормонален дисбаланс, сите имаме мигрени од микрогинонг, јасмин и сл. Пиши ни ОВДЕ каков хормонален дисбаланс имаш, па да пребараме по темата некој совет.[sm=smiley1.gif]




nena lonley -> RE: Хормонски таблети (14.11.2014 14:51:32)

Ја видов темава па и јас да прашам нешто,од скоро сум верена па наскоро и јас ке ви се придружам овде но за жал не дирекно кај трудниците туку кај оние кои кои со повеке труд остануваат трудни [sm=smiley1.gif]

Имено, не добивам менструација без циклопрогинова,па сакам да прашам дали некоја од вас ги има пиено овие хормонски таблети и дали имате искуство со постигнување бременост со ваква дијагноза ко мојата-примарна аменореа.




Felly RR -> RE: Хормонски таблети (14.11.2014 14:59:11)


ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

Мигрените се од хормонален дисбаланс, сите имаме мигрени од микрогинонг, јасмин и сл. Пиши ни ОВДЕ каков хормонален дисбаланс имаш, па да пребараме по темата некој совет.[sm=smiley1.gif]

Loveable, знам и јас дека мигрените се од хормонален дисбаланс, тоа и пишав, само она што не ми е јасно е - таблетиве што ги пијам се за воспоставување на хормонален баланс во организмот, па малку ми е контрадикторно да предизвикуваат мигрена. За тоа скав да слушнам мислење. А инаку немам испитувано хормони, за да пишам во темата.




Bethany -> RE: Хормонски таблети (14.11.2014 15:03:30)

Фели, тоа прееска сакав да те прашам? Зошто ги пиеш капсулите ако немаш испитано хормони?
Јас би се под итно посоветувала со лекарот. И евентуално да испиташ хормони, па онда да ти препишува нешто за хормонален баланс (претпоставувам ги пиеш по препорака од лекар)




Kvisko -> RE: Хормонски таблети (14.11.2014 17:30:16)

nenalonely дали ја знаеш причината за аменорејата. Длаи имаш направено хормонски статус за да знаат лекарите каде треба да се интервенира. Ако имаш јајце клетки тогаш може да се поттикне овулација и да се дојде до бебе.
Јас сум пиела циклопрогинова за регулирање на циклус и запирање на предолго менстурално крварење и како подршка на циклусот после хистероскопија. Немам искуство како твоето.




nena lonley -> RE: Хормонски таблети (14.11.2014 18:26:50)

Аменореата ја имам како последица на многу ренгени и опивки во најраната возраст ( исчашени колкови,операции од 3 месеци до 5 год.) За срека органите ми се здрави,имам и јајце клетки,проблемот е кај естрогенот-мн е низок.Затоа пијам циклопрогинова- пола се естрадиол (белите) а кагените се прогестерон,одкако ке ги испијам добивам за 3/4 дена досега не кикснале,ги пијам од 16 год сега имам 28 Ч) Како и да е ме чека борба и на ова поле.




lolla RR -> RE: Хормонски таблети (15.11.2014 9:34:17)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Прашањево не е баш за хормонски таблети, но сепак ќе го ставам тука, конкретно за капсулите Феминсесенс Мака Хармони - тоа е перуанска мака, и влијае за воспоставување на хормонална рамнотежа. Е сега, јас ги земам таблетиве веќе втор месец, и еве оваа прва недела од тој втор месец имам два пати мигрена (и тоа со здрвување на раката, со лошење/повраќање и јака главоболка) во рок од 4 дена. Истото ми се случуваше кога пиев микрогинон. И тогаш мигрените почнаа од вториот месец, и речиси секој втор ден имав мигрена, а еве и сега. Не се истите таблети, ама сепак и овие делуваат на хормоните, ама па би требало да ги стабилизираат/нормализираат, а мигрената се јавува кога има хормонален дисбаланс. Па стварно ме е нејасно дали би можело од нив да биде? Што мислите?


Фели, јас би ти препорачала да не ги пиеш во таблети туку да си земеш мака во прав. На тој начин можеш многу благо постепено дозата да си ја зголемиш до 1 кафена лажичка дневно. Знаеш сигурно дека на 1 месец се прави 1 недела пауза. И на почетокот можеш да почувствуваш јако детоксикациско дејство со гадења, главоболки, пролив итн... но тоа е/ треба да е само привремено додека организмот не се растеретети до совршен баланс. А ефектите од маката се на ептен завидно ниво, од редовна овулација, редовно добивање, листа кожа, енергија, иитн итн итн.
Уште ова само, маката не е хормонска замена, таа само го потпомогнување чистењето на организмот од токсини кои неповолно влијаат на хормоните и жлездите и на индиректен начин го потикнува лачењето на соодветните хормони.
Јас ја пиев редовно па скоро 2 години, ефектите за мене беа со уау фактор од повеќе аспекти, но не и за бебе. Ама па ние и онака никогаш не дознавме што е проблемот, а го баравме цели 5 години.
И да, треба трпение со ваквите природни препарати, не се постигнува ефект брзо како со лекови.
Ова е само мое искуство, постојан луѓе на кои едноставно маката не им прија.




Felly RR -> RE: Хормонски таблети (15.11.2014 9:56:12)

Лола, фала ти за информациите. Јас не направив пауза, бидејќи на капсуливе пишува дури по 4 месец да се прави пауза. А и гинекологот ми рече 2 месеци да ги пијам без пауза. А некои посебни ефекти како овие што ги набројуваш не осетив.
Бетани, ги пијам (т.е. ги пиев до вчера) бидејќи се на природна база, и како што пиша и Лола не се хормони, туку нивното дејство е врз хипофизата и хипоталамусот на тој начин што го поддржуваат и стимулираат создавањето на хормони. И гинекологот не сакаше да ме прати на било какво испитување бидејќи периодот во кој се обидуваме за бебе е многу мал, само 3 месеци.




Kvisko -> RE: Хормонски таблети (15.11.2014 11:16:21)

FelyrRR иако се на природан база може да ти направиле проблеми.

Јас имам пробано со милион природни препарати и некои од нив навистина ми ги разреметија хормоните страшно многу. На пример мене ми прави проблем ан циклусот матичен млеч иако е многу фален. Сега чепкајќи видов дека уствари има естогенско дејство а тоа кај полицистични јајници не одговара премногу или на примерк ај ендометриоза. Ништо не е играчка.

Затоа сега не се осмелувам ни да пробам да пијам мака. По интернет прочепкав дека и таа може или да ги смири хормоните или да ги наруши едноставно не им одговара на сите. Дејството на природните препарати не е сеуште испитано како што треба па затоа со нив внимателно. Ако ти прават проблем одма прекни ги и заборави ги.




Felly RR -> RE: Хормонски таблети (15.11.2014 14:55:46)

Фала ти Квиско, ги прекинав уште вчера, сабајлето се напив, ама откако пак добив мигрена, не го испив второто зошто и јас стварно мислам дека може па ми ги пореметуваат хормоните. Ќе ги прекинам сега за сега, па да видам како ќе биде со мигрените - дали ќе се смират.




medulko -> RE: Хормонски таблети (1.12.2014 22:04:09)

Здраво,ме интересира дали некој има користено таблети дабростон.кога имав убави фоликули матичната ми стави прегнил потоа ми доцнеше 4дена па ми дојде и никако да замине веќе 13дена па ми препиша дабростон и метилетгометрин.дали некој ги има користено за било што па и за бременост?поздрав




scared RR -> RE: Хормонски таблети (1.12.2014 22:11:34)

Јас ги имам користено многу одамна за провоцирање на мензис, ама знам дека може и да се користат и за поддршка на плодот. Овие другиве прв пат ги слушам.




LoveableMe RR -> RE: Хормонски таблети (25.3.2015 9:32:01)


ИЗВОРНА ПОРАКА: P.S. I Love You

......Se obiduvame podolgo vreme, skoro dve godini, nekako tesko ide :) ....., mi prepisaa Dabroston, treba cela doza da ja ispijam, kolku sto razbrav treba da go odlozi ciklusot, mozam da kazam deka go odlozi 4 dena i pak si dobiv [sm=hudicek1.gif][sm=hudicek1.gif]..... ima nekoj iskustva so ova ... ( a da mi gi prepishaa za prodolzuvanje na lutealna faza, pocnav da dobivam na 24 dena pa kao da ne e toa pricina [sm=smiley13.gif]


Јас ги пиев за задржување на плод при ИВФ, но сигурно некоја рингерајка ќе пише што и биле дадено за одложување на циклус. Други испитувања имате направено, се е во ред?




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>