Melanija RR -> RE: PRISCA= Prenatal risc calculation software (23.5.2015 22:29:49)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Jeni80 Go dobiv rezultatot od Priscata, pisuva zgolemen rizik za Daunov sindrom ( 1:50). Mnogu se rastrevoziv,vejke dva dena se mislam sto da se pravi, se plasham deka ke mu nastetam na bebushot, no nemozam da prestanam da se grizam. Dr mi sovetuva ponatamosho ispituvanje ( neinvazivna metoda ) toa preku krv sto se ispituva, se prajkaat krv vo stranstvo I za dve nedeli se ceka rezultati ( 50 000 den e mi e mnogu skapo ). Utrovo dobiv vest za nesreken slucaj na mnogu blizok clen na familijata, neznam kako da ostanam prisebna. ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue Jeni80, резултатот од ПРИСКА покажува статистичка веројатност може и да е точен а може и не. Правење на натаможни тестови има смисла само ако сметаш дека би ја прекинала бременоста доколку со сигурност се потврди дека плодот е со хромозомски нарушувања. NIFTY тестот кој го спомнуваш е нова метода и не знам колку е точен, знам дека е скап. Имаше и тема на РР за него па прочитај и информирај се. Амниоцинтеза е таа „инвазивната“ метода што ја спомнуваш, мада според мене не е таа инвазивна, само што се прави од 17 до 19 недела. Не знам која недела си, може да те изеде јанѕа до тогаш. Од секирации аир нема...знам дека е лесно тоа да се каже некогаш а тешко реално да го напраиш ама во даденава ситуација секако е поважно да се фокусираш на следен чекор кој и да избереш тој да биде....јас имам пишувано дека правев амнио и тоа на мое инсистирање. Сметав дека ризиците се далеку помали од можноста да родам дете (или деца во мојот случај пошто носев близнаци) со хромзомски нарушувања...секако знаев дека ако се докажеше било какво нарушување ќе имав прекин на бременоста.... ИЗВОРНА ПОРАКА: Jeni80 Da, gi procitav site temi od ovaa problematika na forumov, I za aminocinteza I za Nifty...nemozam da se odlucam. Maz mi e ubeden deka e se vo red, I me ubeduva da ne se zamaram, no ne e vozmozno. Inaku sum 13 nedela. Go imam vikendov pred mene da odlucam sto da pravime. Guski do site. ИЗВОРНА ПОРАКА: Azzura Jeni80, ако можете некако да се снајдете за пари за неинванзивниот метод, тогаш супер. Јас многу читав за овие тестови, до сега не се покажале како негативни. На Запад се дури и стандардна процедура во текот на бременоста. Но, кај нас се уште е скапо кој може да си го дозволи -супер. Моја роднина го направи и сега е мирна. Точноста му е 99%. Доколку се одлучите за амниоцитеза, во Систина е 17.000 денари (мислам) и се прави со најнови тенки игли, а добивате точност од 99,9% и испитување на сите хромозоми. Појдете до Систина и закажете кај д-р Петровска или д-р Димчев, двајцата се едни од најдобрите доктори во делот на фетални аномалии. Апаратурата во Систина е од пред неколку месеци, па така можат да се видат многу маркери кои укажуваат на Даунов синдром. Скринингот кај нив е 3900. Јас бев на втор скрининг кај д-р Петровска и комуникацијата со неа е навистина смирувачка. Можеби е скапо -да, но знаеш и сама дека мирот нема цена. Од Ремедика би ти ја препорачала д-р Адамова, која е во пензија, но таму работи хонорарно. Д-р Адамова е експерт за фетални аномалии и еден од најдобрите доктори во регионот. Викаат, Адамова што ќе каже - кажано е. Не одолговлекувајте со испитувањето, сепак можноста од 1:50 не е мала...слушај го срцето и докторите...ти посакувам се најдобро и со лесно. :) ИЗВОРНА ПОРАКА: Jeni80 Ti blagodaram mnogu Azzura, I jas se mislam da odam slednata nedela na uste 1-2 mislenja, I kaj Dimcev I kaj Adamova, pa vo zavisnost od toa sto ke kazat, ke zavisi sto ponataka. Aminocintezata ne mi e bas opcija, bidejki mojot problem za zabremenuvanje bese oblikot na matkata, sto e dopolnitelen rizik za spontan I plus imam nekolku operacii I rezovi na stomakot sto bi pravele dopolnitelno problemi. Ovie denovi mnogu citav na stranski sajtovi, I vsusnost ima I mnogu drugi anomalii sto nemozat da se detektiraat rano, taka da ako ne e daunov sindrom, moze da e nesto drugo I nemoze da se zastiti covek. Se molam na Boga da bide se vo red. Na kraj se ke bide kako sto saka Gospod, I si vetiv deka nema vejke da citam, ova nema kraj.
|
|
|
|