deluxe -> RE: Воспитување на детето (25.4.2014 21:16:24)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom RR Мамички, ај ве молам малку хелп, 1000глави сигурно се попаметни од една. И да ве замолам на старт без осудувања, остри критики итн, оти сум емотивно ептен слаба, на раб на нервен слом, така да многу ќе ми штети , ќе ме докрајчи. Доволно ми е што сама се јадам одвнатре...ми треба некој предлог, начин на постапување...нешто било што што би ми помогнало. Знаете дека кога ми се роди малата, Мартин го смени однесувањето и по разни перипетии, посета на психолози, дрн врн, состојбата ни е уште полоша. Детево не може да седи ниту секунда во едно место, не може да се концентрира, по цел ден демолира низ дома, се одвикна да зборува, само вика , писка и плаче, а најголемиот кошмар ми е тоа што некогаш заинает ми се моча во гаки. Ќе земе некој предмет, последно на пример беше вазната и дури да одам до него -тој ја акнува и ја крши...истото ми го направи и со наочарите , телефонот, значи единствена задача му е да уништува. Не го интересираат веќе ни цртани, ни игри, не знае да се заигра со ништо. Дури и да седнеш да играш со него, нема шанса, не те ни слуша, туку одма се глупира. Пробавме да не правиме биг дил околу сето тоа, да го игнорираме, да не придаваме важност, ама не е возможно, не ни е сеедно да ни ги скрши сите прозори и огледала низ дома. За него повеќе никој не е авторитет, ништо не го прави ни среќен.Пробав и со построго, џабе е.Од тоа што се дере нон стоп доби воспаление на средното уво ,па сме на антибиотик, абре се уништува детево со сила, а јас со него. Заради неговото однесување никој не сака ни да го почува на 5 мин, а со тоа мене ми е уште потешко[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif] Уништена сум[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif] МартинсМам,те разбирам потполно како се чувствуваш.И кај нас до некаде е слична ситуацијата со ќерката која иако е 7 години постара од бебето,ги разбира работите како стојат,сепак појави голема доза на љубомора.На почетокот беше рамнодушна кон бебето,но како тоа растеше,растеше и нејзината љубомора.На секој можен начин пробуваше да ни го привлече вниманието(измислуваше болести,плачеше,се лутеше за се и сл.)До ден денес таа е љубоморна на братчето,но за разлика од порано сега пробува и физички да се пресметува со него,а тоа е мало(20месеци).Цело време сум на штрек со неа кога е во негова близина знае да го клооцне,турне искуби за коса.Сум разговарала смирено,сум ја казнувала и ниту едното,ниту другото не даде резултат.Единствено ми помогна тоа што пред неа пробувам да ја пофалувам за се што прави,да ја дигам до облаци за некои т.н добри дела што ќе ги направи.Едноставно ја правам дека таа е мојот центар на универзумот.Кога се галиме двете и нагласувам дека таа е моето прво и големо бебе,а бате е малото бебе кое ништо не разбира,а таа е мноу послушна а тој не[sm=smiley13.gif]И се некои такви политики и водам демек ти си супер(се разбира бебето сеуште не знае што го критикуваме[sm=jezicek.gif]) Пробајте да го пофалувате за се што прави,пр. натерај го нешто да однесе-донесе,и при тоа речи му гласно браво,аплаудирај му,па кога тато ќе се врати за тоа пофали го,па и тој да го пофали и така на тој начин да му се врати самодовербата на детето.Тој е сега збунет ,пробај без да викаш во ниту еден момент да го вратиш в колосек.Секој ден одвојувај барем 1 час за вас двајца(само ти и тој)ќерката нека ја причува маж ти,или свекрвата,вие двајца одете во најблискиот парк,јадете сладолед,лулајте се прави се што обожавал тој ,пред да се случи оваа промена кај него.Пробај вака барем 1 месец посвеувај му се само него(ама без присуство на бебето) мислам дека ќе се среди.И при тоа гледај да бидеш максимално смирена и нежна со него,без викање и карање[sm=smiley1.gif]
|
|
|
|