Благоја Ристески- Платнар (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Во прегратка на тагата



Порака


mami -> Благоја Ристески- Платнар (20.10.2009 7:57:55)

Блиските, роднините, пријателите, почитувачите на неговото дело денес ја одбележуваат петгодишнината од смртта на Благоја Ристески - Платнар. А тоа што велат дека умрел, тоа не е ! Тоа само неговата птица склопила крилја.За Платнар знам, неговиот орел ги рашири крилјата за последен лет, да го однесе Платнар Горна Земја.




mami -> RE: Благоја Ристески- Платнар (20.10.2009 8:01:30)

Палешке драга

[image]http://images.paraorkut.com/img/pics/glitters/h/hug_for_you-4382.gif[/image]
немој денес да се нервираш, тој е со тебе во срцето..го знаеш тоа




Палешка РР -> RE: Благоја Ристески- Платнар (20.10.2009 8:09:19)

Летни Силјане



Пердувот од песја пена
во сонот ти сека
крилото разглобено
душата во горчлив залет
а трудна лапавица во домот
Ти го гледам лицето
белутрак во умот блеснат од старците
премрежено се присенува
Летни Силјане
летни
не чипчи се намќор по меѓите
гумното пуза прекриено
на трпезата сенка ѕвездена
Летни Силјане
летни
ти знаеш се за облаците
за модрата крв врз снегот
Во воздухот очите ти
два писоци од птиците Коњарски
две морни премисли
а само една смрт - летањето
Летни Силјане
летни ...


Благоја Ристески - Платнар
 
 
[image]http://img3.imageshack.us/img3/8909/388363b224ihlehlhi1.gif[/image]





Весна -> RE: Благоја Ристески- Платнар (20.10.2009 8:35:23)

„...Кога ќе умреш
- ако умреш -
два анѓели засмолени
со мирис смоквин
низ стапиците од душата препречени
ќе те вознесат горе
кај небото е нацртано со рака
и ќе бидат без здив
пред издивот твој последен
а ти не ќе знаеш
- ако не знаеш -
да заиграш со нивните одблесоци
во твоето око што не се умртвува веќе...“

 
(а тој знае!!! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/rozica.gif[/image])
 
Благоја Ристески - Платнар
 
 
[image]http://thumbs.dreamstime.com/thumb_227/1200789114G62gQt.jpg[/image]


Вечна му слава!




Еца -> RE: Благоја Ристески- Платнар (20.10.2009 11:52:43)

 На македонската јавност ќе и остане познат како поет, писател, драматург, колумнист. На Прилепчани како боем и човек кој не ги признава законите на животот туку оние на духот.

Сите сили на овој негов дух без граници ќе ја внесе и во контраверзната драма „Спиро Црне“, „Летни Силјане“, „Ибро Јаране“, „Лепа Ангелина“, „Венко“, преведувани на неколку јазици.

Во нив, а и во колумните објавени во весникот Дневник вика богатсвото на македонскиот архаичен јазик му е јазик кој произлегува од длабочините на самиот македонски бит. Книгата за Серафимите и Херувимите која ќе ги смести овие колумни и романот „Долна земја“ се сведоци за неговата љубов кон богатсвото на македонскиот јазик како и наградите добиени на фестивалот „Војдан Чернодрински“.
[image]http://i371.photobucket.com/albums/oo155/aguirres/wings.jpg[/image]





mother 29 -> RE: Благоја Ристески- Платнар (20.10.2009 11:53:28)

R.I.P.




vezilka RR -> RE: Благоја Ристески- Платнар (20.10.2009 12:07:50)

Македонија ќе го памети како драматург, писател, поет, колумнист..и ќе му биде вечно благодарна за неговите дела.
Мене лично, секогаш ќе ми остане во сеќавања по неговите колумни кои толку прекрасно ги пишуваше, на толку прекрасен јазик..и ќе му бидам вечно благодарна оти токму преку неговите колумни се потсетив колку е прекрасен нашиот македонски јазик..


Вечна му слава....




Палешка РР -> RE: Благоја Ристески- Платнар (5.3.2010 9:02:58)

Ете и тоа ми се здаде:
Видов анѓел!
Не еден, туку два анѓела, два серафима свидни, две суштества од сверите горни, етерични, две повесма твар нам непозната, опису недостапна, малуможна.Но сепак: Беа како што ништо дотогаш не било, окото не го населило,наполно провидни, ама јасно видни, во обличје човечко, а човеку неподобни. Кога се укажаа беше како отсекогаш тука да биле, кога исчезнаа со себе ја однесоа и претставата за нив...

(исечок од колумната "Љубовниците")




Страница: [1]